Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СЕРИЈА КОМПРОМИТИРАЧКИ НАСТАНИ ЗА ВЛАСТА

May 6, 2026 Filed Under: Македонија

Почна судењето за ИПАРД фондовите, со признание на вина соработничката во Министерството за земјоделие дека земала поткуп. Пратеничката Петровска понуди сомнуенија дека главниот осомничен бил само курир кој е фатен во гаражата на зградата каде живее министерот за земјодлие. Кој стои зад криењето на малтретирањето на малолетничка во Ѓорче Петров?

ПРИЗНАЛА Јасмина Костадинова, кадарот на ВМРО ДПМНЕ признала дека зела поткуп, се лчекаат и другите актери во аферата

Неколку афери кои ги откри опозициониот СДСМ или кои постојано ги апострофираше како матни зделки на власта минатата недела добија свое предолжение, било како процесуирање на судска постапка или како нови, дополнителни сознанија што откриваат низа недозволени активности.

Так, помладата соработничка во министерството за земјоделство призна вина и дека земала мито од 2 000 евра. Но си бара назад 6 илјади бидејќи при претресот полицијата и запленила вкупно 8 илјади евра. Јасмина Костадинова слушајќи ги зборовите на обвинителката плачеше и рече дека се кае, а признанието го дава без да е под притисок од друг, објави телевизија Телма.

Костадинова е една од 9 темина обвинети кои требало да помогнат фирма која не била меѓу рангираните да земе пари од европските ИПАРД фондови.

„Секако дека само врз основа на едно признание на вина и обвинителството се согласува дека не може да се занова една пресуда. Меѓутоа едно признание на вина дадено од обвинетиот во корелација со сите други докази кои обвинителстовто ќе ги изведува во текот на наредните главни расправи ќе биде само една коцка во мозаикот“, рече обвинителката Наташа Поп Трајкова.

Уште покрупен настан откри пратеничктата Славјанка Петровска, која од говорницата во Собрание, на седница за пратенички прашања откри дека во врска со поткупот кој е откриен од страна на полицијата всушност е спречено да се достави истиот (во вредност од 50 илјади евра) до министерот за земјоделство, највисокиот функционер во министерството! Практично, алузијата е дека е спречено парите да дојдат до министерот а уапсениот е курирот во таа трансакција. Полицијата спречила министерот да биде обвинет или ја пресекла операцијата на лоцирање на сите виновници во поткупот! Настанот се случил во гаражата на кулите Џевахир каде веројатно министерот живее а пратеничката посочи на направени фотографии.

ДОКАЗИ Пратеничката Петровска понуди докази за местото каде е фатен уапсениот функционер а можеби тој бил само – курир

Ова откритие Славјанка Петровска го постави во вид на прашање до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, пред се како сомнеж за селективно постапување и евентуално прикривање на детали во полициска акција за поткуп, во која беше уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделие. Таа посочи на нецелосни информации од институциите и индиции дека локацијата на апсењето е поврзана со министерот за земјоделие.

Тоа е настан од 19 март оваа година а никогаш не е објавена локацијата бидејќи ќе станело јасно дека се работи подземни простории, гаражи, кои водат до домот на министерот за земјоделие. „Каква случајност. Доказ за тоа е овој имотен лист кој потврдува дека на оваа локација, на улица Матеја Матевски во Скопје, на истата адреса стан има и министерот за земјоделие. Тоа никогаш не беше кажано ниту во прес-конференциите ниту во соопштението“ – посочи пратеничката.

Иако министерот говореше тој ниту малку не се допре до суштината на овој случај, туку говореше дека апселе и сегашни и поранешни фунционери!

Во меѓувреме порталот infogjorce објави дека се одмотува клопчето по насилството во ОУ „Мирче Ацев“. Од она што го нуди портаслот најнапред се дознава дека овој настан е замолчуван цел месец и тоа од

општинските власти. Тие се обидуваат да ја сокријат или минимизираат случката со врсничкото насилство, тв рди порталот.

Бурните реакции на родителите и загрижените жители на Ѓорче Петров, сепак беа посилни од обидот на одговорните во Општина Ѓорче Петров да се ,забошоти уште еден скандал во ова основно училиште.

Веднаш по обелоденувањето на скандалот – се вели во текстот во порталот – „вечната раководителка во секторот образование С.П. во договор со градоначалникот Александар Стојкоски решаваат да ја сокријат од јавноста вработената Е.С., родител на едно од децата учесник во тепачката на малолетните лица. За таа цел, партиски вработената колешка од почетокот на првиот мандат на Стојкоски, е прераспределена од работната позиција, а во меѓувреме се избришани сите нејзини фотографии и профили на социјалните мрежи“.

Портаот обвинува дека заради заштита на партиските интереси и ставањето на партијата пред се, веќе извесен период Е.С не се појавува на работното место, секако со одобрување од матичниот сектор и градоначалникот Стојкоски. При тоа зачудува фактот за индиферентниот однос на надлежните органи кој исто така цел месец случајот го третираат како обичен инцидент кој треба да влезе во службената белешка и толку!

Директорката на училиштето Гордана Насковска деновиве е мета на бројни реакции од страна на родители и сведоци на немили настани поврзани со нејзината работа како прв човек во Мирче Ацев.

Доколку овој скандал не се затвори, со разрешување од функции и преземање одговорност, пропаѓаат сите ефтини приказни на владејачката гарнитура за реформи и ,,ресетирање” на системот, се вели во оваа статија.

Filed Under: Македонија

СУДБИНАТА НА ГРУЕВСКИ ВО ОЧИТЕ НА БИ-БИ-СИ
КОЈ ГИ ДЕГРАДИРА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА?
УНГАРСКИ НОВИНАР: ВЕРОЈАТНО Е ОЛИГАРСКИТЕ БЛИСКИ ДО ОРБАН ДА ГОСЕЛАТ КАПИТАЛОТ
ЕДНОСТАВНОСТА НА УБАВИНАТА: НОВИОТ БРАН Е ВИНОВЕН ЗА СЕ”
ПРЕСВРТЕН МОМЕНТ ПРЕД ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО САД

Најново

  • СУДБИНАТА НА ГРУЕВСКИ ВО ОЧИТЕ НА БИ-БИ-СИ
  • КОЈ ГИ ДЕГРАДИРА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА?
  • УНГАРСКИ НОВИНАР: ВЕРОЈАТНО Е ОЛИГАРСКИТЕ БЛИСКИ ДО ОРБАН ДА ГОСЕЛАТ КАПИТАЛОТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet