Разговорот со потпретседателот на Макдонско-бугарската историска комисија Геогиев, кој се пренесува во софиски „Фактор“ е извклечен од дебатна емисија, во која практично нема автор, туку тоа е емисија во живо со разни учесници и со различна квалификација за темата. Во емисијата улествува со 20-минутно излагање проф. Владо Поповски ама тој е невидлив за весникот (тогаш нема интервју, нели). Меѓу другото наводното интервју со практично креирани елементи во определување на редакциските „принадлежности“ се случило пред осум месеци…
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Во соседна Бугарија на 21 март годинава во весникот „Фактор“ е објавен текст кој е означен како интервју со професор Драги Георгиев, човекот кој е копретседаавач со мешовитата бугарско-македонска комисија а која ги решава проблематичните сегменти од историјата и учебниците по историја на двете земји. Ова тело има многу проблеми во својата работа околу темите за кои се обидува да најде заедники јазик, како што е прашањето на припадноста на царот Самоил, етничкото потекло на Гоце Делчев, кој го организирал Илинденското востание и слично. Напати работата на Комисијата е заглавена до точка кога се поставува пршањто на нејзиното натамошно егзистирање а со тоа се поставува под прашање Договорот со Бугарија, (Договор за пријателство, добрососедство, и соработка), што секако е значаен за натамошниот тек на преговорите со Европската унија.
Јасно е дека интервјуто (https://faktor.bg/bg/articles/mneniya-intervyu-prof-dragi-georgiev-da-priznaem-che-e-imalo-i-falshifitsirane-vmesto-balgarin-sa-pisali-makedonets-tova-e-istinata) предизвика големо внимание во Бугарија токму од тие причини, кога и тамошната јавност е заинтересирана за ставовите на овој соговорник, особено кога наводното интервју се пласира до насловот „Проф.Драги Георгиев: Да признаеме, дека имало и фалсификување – место „бугарин“ се пишувало „македонец“ – тоа е вистина“. Поднасловот е секако за читателите на „Фактор“ исто така предизвикувачки – „Долги години историографијата беше во функција на изградување на нацијата“.
Има и други фусноти кои се извоени, како онаа „Османлиската држава не го определила Гоце Делчев како Бугарин – тој самиот себе си се определил како Бугарин…
Несомнено дека таквото, ударно поставување на размислувањето на човек кој ја има веќе споменатата функција, од просечниот бугарски читател, може да се свати дека генералната линија на бугарската страна во преговорите во толкување на регионалната историја, особено во третирањето на – како што велат тие – „најромантичниот дел“ од наводно нивната историја, била генерално исправена и тоа во најчувствителните сегменти
Но, овој текст е само уште еден доказ повеќе за начинот на кој е третира оваа тема кај најголем ел од медиумнскиот свет кај истониот сосед, со тоа што во „Фактор“ навистина ја претерале, газејќи ги основните журналистички норми.
Она што е проблматично во објавениот материјал е пред се времето на објавувањето, потоа начинот на кој е селектиран материјалот, уредувањето на насловот, поднсловот и другите редакциски елементи и конечно изоставување на цело едно големо парче од она што постои како видео од тој материјал (https://www.youtube.com/watch?v=JUlfb8hAamM&app=desktop) кај авторот на интервјуто.го има како недвојбен документ за средбата со професорот Георгиев. Има тука многу елементи кои ја девалвираат објавата и ја прават скврнавечка во однос на она пто е како новински материјал било достапно до редакцијата на софиски „Фактор“. Може да се рече – по сите елементи.
Имено, потпишаниот текст (демек се работи за пренесен разговор) е направен од настан одржан на 22 јуни 2019 година, значи пред осум месеци, од кога многу работи можат да бидат расчистени или да се предмет на други а допирни спорови за темите за кој се водел разговор. Значи разликата во времето е сериозен прашалник за целта на овој „потфат“ на бугарскиот издавач, особено кога тој „врмеплов“ не е назначен во интервјуто.
Понатаму, тоа и не е интервју. Се работи за контактна емисија, која трае два часа и десет минути (!) наречена Стадион, што воопшто не е означено како карактер на изворот.. Дел од прашањата се од слушателите, ретки се со чисти реченици, и кај прашањата и одговорите, има викања и надвикувања, дообјаснувања, учесниците се со сосема различна едукација и мотивација, од неуки до академски учесници, ама ниту трага од тоа како е воден тој разговор, во каков тип на емисија (жанр), што секако „Факор“ и не сакал да го нагласи, бидејќи, тој тип на емисија едноставно може само да се слуша или гледа (ако има видео запис а има) ама никако да се претвоира во авторско „сочинение“. Тоа е просто механичко сквернавење на суштината на средбата Наумов – Георгиевски! И интервјуто дури и не смее да го напише како автор оној кој е само – водител на емисија!
Впрочем, во оваа радио емисија гостува со својот глас и со осветлувања на одредени прашања од македонско-бугарските односи и друг научник! Тоа е Владо Поповски, професор кој својот докторат го има стекнато со темата: „Национално-политичкиот профил на македонското-ослободително движење до ТМОРО“. И без тој докторат Поповски е пресериозен за да го „истребите“ од емисијата, уште повеќе што тој има парче од 20-тина минути. Дури, професорот се чини е доста скептичен и кон Договорот за пријателство со Бугарија а има и порадикален поглед кон она што се дискутира на оваа тема во Комисијата, што значи дека е фактор кој влијае на можното финале на разговорите во неа, барем со својата „опозициска“ позиција која има свои следбеници и во академските кругови во земјава, сакале тоа да го признаеме или не.
Сигурно дека во „Фактор“ калкулирале околу времето на објавување и биле свесни околу методот што би го примениле. Секако, како претпоставка во таа насока, може да се истакне дека текстот е објавен во време кога работата на Комисијата е во мирување а епидемијата на корона вирусот го привлекува општото внимание и од едната и од другата страна на границата. Веројатно објавувањето на проблематично уреден текст чекал „подобен час“ и тој момент се најде неодамна, без храброст да излезе на светлинаа на денот порано, бидејќи, би бил оспоруван по многу основи.
Да речеме, може да се стави под огромен прашалник констатацијата дека „Гоце Делчев самиот себе се опрелелил како Бугарин“ ама тоа е само една полуреченица во контекст на најмалку полулчасовно објаснување како дошло до тоа и како за тоа прашање се разговара (дебатира) во Комисијата. Од прегледот на начинот на кој Отоманската империја дозволува да се евинтираат поданиците, претставници на одредени милети, потоа како припадници на одредени цркви, кога македонските христијански верници можеле да бидат или припоадници на цариграската патријаршија или на бугарската егзархија и да не набројуваме понтаму нам познати факти.
Да не го заборавиме истанкнувањето на професорот Георгиев на сегменти од Гоцевите писма каде тој вели дека „Македонија треба да се ослободи со внатрешнов влијание, дека Макеоднија се лаже ако мисли дека некој однадвор ќе ја ослободи. Таа политичка борба на Гоце Делчев за слободата на Македонија е на многу високо ниво. Тој политички идентититет на Гоце Делчев како Македонец, кој се бори за политичка држава Македонија е многу, многу значаен“. Во оваа насока би моќеле да цитираме вакви мисли на многу страници и тоа да си најде просор во уредување на наслови, поднаслов, фичрси… Слично е и со другите теми (Климент Охридски, солунските браќа Кирил и Методи и друго), кон кои и новинар почетник би се насочил, бидејќи наводното интервју треба да се отсликува на „излогот“ а тоа се споменатите елементи кои ги прави редакцијата што треба да го објавува прилогот.
Она пак што го прави редакцијата на „Фактор“ во случајов само покажува дека и при многу толерантен став на нашиот дел од Комисијата (и нашата држава кон бугарските ставови) никогаш немаме соодветен фит-бек. Макар и во некаква минимална варијанта.