Бизнисменот Венко Глигоров открива како една анонимус-бизнисменка стана претседатњел на втората по големина стопанска комора во земјава
Данела Арсовска од апсолутен анонимус во бизнисот стана претседател на втората најголема бизнис комора во земјава, ССК, во 2014-та година кога на избори во комората го победи искусниот Митре Чекреџи.
Но, дека има нешто сомнително околу изорот на Данела сведочи екс претседателот на комората, бизнисменот Венко Глигоров кој бил член на верификационата комисија при изорот на нов претседател на ССК, и тој за Мактел вели:
– Многу беше чудно што имаше несразмерно голем број на гласачи со полномошно, значи 10 пати повеќе од поранешните избори, над 100, обични работници кои во рацете држеа полномошно од своите газди кои им дале право да гласаат во нивно име за тоа кој да биде лидер на комората, што на сите ни беше многу чудно, тоа се немаше случено порано на над 10 изори за нов лидер на комората. – сведочи сопственикот на ИТ компанијата Логин
Системи, Глигоров.
На прашањето дали тоа навестувало дека се работи за некаква местенка на тогашниот режим кој ги притиснал бизнисмените да ги дадат тие над 100 полномошна, Глигоров не сакаше да коментира.
Но, не треба да си политички аналфабет да не ти стане јасно дека се одиграла уште една режимска местенка во режија на Грујо и агендата, кои со својата режимска семоќ на заробена држава им наредиле на фирмите да дадат полномоштва на нивни партиски членови кои потоа по инструкции гласале за Данела Арсовска која денеска призна дека нема ниту еден ден изнис искуство односно никогаш не водела фирма во својот живот, па се поставува
прашањето како она станала шефица на комората за мали и средни изниси?!?!
Инаку овој систем на гласање со полномошно е варијација на старата изборна измама која се вика БУГАРСКИ ВОЗ, имено на сите тие обични раотници им се дава веќе заокружено ливче и за тоа им се плаќа и хонорар па така организаторот на измамата може со сигурност да знае кој ќе победи.
Газдите на фирмите не сакале да учествуваат директно во оваа измама затоа што сепак тоа би било тотално деградирање на успешни бизнисмени некој да им дава веќе заокружено ливче, па вака тој срам го избегнале со делегирање на обични работници во фирмите.
Сличен ваков случај сега се води пред СЈО, за незаконско финансирање на кампања на ВМРО ДПМНЕ каде на обични членови им биле давани пари во кеш и уплатници и тие оделе и уплаќале на сметката на ВМРО ДПМНЕ и глумеле донатори, но парите им ги давале од партиската каса на ВМРО ДПМНЕ, практично ги переле парите собрани од мито и корупција и местени тендери.
Извор: Мактел