Барањата за оставки по повод пожарот во молекуларната болница стануваат главен адут на опозицијата во пресрет на локалните избори!
ВЛАДИМИР МИРЧЕВСКИ
Во трката по гласови се користи секоја можност за пласирање на партиски платформи и политики, или оцрнување на противникот. Резултатот е дека работата на законодавниот дом, која стана жртва на надмудрувањата меѓу власта и опозицијата, е блокирана. Денеска беше одложена една пленарна и неколку седници на собраниски комисии.
Наспроти закажаните активности во парламентот, ВМРО-ДПМНЕ излезе со нови барања за расветлување на пожарот во тетовската модуларна болница.
„Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денес до претседателот на Собранието на Република Македонија ќе поднесеме Предлог на одлука за формирање на Анкетна комисија која ќе има за цел утврдување на фактите и политичката одговорност на надлежните и одговорните лица и институции.“, изјави Рашела Мизрахи, од ВМРО – ДПМНЕ.
Додека опозицијата бара оставки од надлежните, мнозинството обвинува дека се злоупотребува голема трагедија и се покажува неодговорност кон граѓаните.
„ВМРО-ДПМНЕ секој ден го пробива сопственото дно на неодговорното и нехумано однесување. Наместо да работат за она што се платени, да им служат на граѓаните и државата, пратениците на опозициската партија на најподмолен начин тераат политиканство и лични интереси.“, оцени Бисера Костадиновска – Стојчевска од СДСМ.
Оваа седмица е последната работна недела на парламентот пред стартот на кампањата за локалните избори. Но, дел од невладините кои ги мониторираат активностите на партиите, сметаат дека кампањата почнала предвреме.
„Во принцип, учесниците во изборната кампања главно ја почитуваат законската забрана за промовирање на програмите на кампањите, но од друга страна се гледа една извонредна динамична кампања на моменти и многу агресивна.“, изјави Џабир Дерала, од Цивил.
Локалните избори, 7-ми од независноста, се закажани за 17 октомври.
Увидите завршија а сега се вештачат собраните материјални докази како и обемната документација за модуларната болница. Истраги водат и Јавното обвинителство и Обвинителството за гонење на организиран криминал кое се фокусира на тендерската документација.
Дванаесет дена по трагедијата во модуларната болница во Тетово во која животот го загубија 14 лица нема официјални информации за причините и евентуалната одговорност. Увидите завршија а сега се вештачат собраните материјални докази како и обемната документација за модуларната болница. Истраги водат и Јавното обвинителство и Обвинителството за гонење на организиран криминал кое се фокусира на тендерската документација.
Премиерот Зоран Заев најави дека очекува до крајот на оваа недела македонските истражни органи да го објават прелиминарниот извештај додека на извештајот на германските форензичари ќе се чека 10 до 15 дена.
„Не само заради тоа што јас ги чекам одговорите за да дадам свој став по повод поднесените четири оставки, поважно е тоа што граѓаните бараат одговор, што всушност се случило, кои се причините или слично, така што јас лично ако прашате како премиер кога очекувам – очекувам до крајот на оваа недела да излезат извештаите. А, дали ќе биде така или не најверојатно за тоа ќе каже републичкиот обвинител и надлежниот обвинител“, изјави Заев.
Тој повтори дека во зависност од резултатите од истрагата ќе одлучи дали ќе ги прифати оставките на министерот Венко Филипче, заменик министерот Илир Хасани и раководниот кадар во тетовската болница.
„Го разбирам гневот и болката која е голема кај сите, но не може едноставно да се разрешуваат министри, Влада, Парламент, па дури и цел народ заради оваа болка. Мораме да водиме грижа прво, за суштината и причините на тоа што се случило. Второ, мора да знаете што после тоа. Ќе учите, некој уште шест месеци да навлезе, да менаџира со короната, со болницата во Тетово, со секој соодветно? Мора да ги дадете соодветно одговорите. Кога ги давате соодветно одговорите мора да ги имате влезните информации до крај за да можете како премиер да го кажете својот став. Ако ги вратиме животите на овие 14 луѓе, не само што ќе си дадеме оставки сите, ќе заминеме и нема да се вратиме во политиката само да се вратат овие луѓе, а тоа е невозможно“, рече Заев.
Вo меѓувреме со огласија од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) од каде соопштија дека извршиле надзор во сите модуларни болници ни здржавата во кој не биле утврдени никакви недостацои и пропусти во работата или поставеноста.
„Во сите модуларни болници е истакнато на видно место дека е забранета посета и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица. Секаде има истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал ; лекари (специјалисти и специјализанти)и медицински сестри чија бројка е различна согласно капацитетот и бројот на хоспитализирани пациенти“, стои во официјалната информација на инспекторатот.
Анализите на надлежните покажуваат дека бројките за заболени се намелени за речиси 40 отсто споредено со подлените две недели во август а кога стнува збор за образовниот процес, засега состојбата е под контрола и физичката настава продолжува.
Заклучно со вчера 767 илјади граѓани примиле барем една доза на вакцина, а целосно со две дози се ревакцинирани речиси 668 илјади граѓани. Генерално намален е интересот за вакцинирање.
Последниот извештај за 554 нови случаи од направени 4072 тестирања, починти 17 а оздравени 901 – бројот на заболени стагнира а се намалува и бројот на починатите, иако бројките се загрижувачки.
(VOA – опремата е на Глобус)