Христина Трајковска, магистар по медицински науки. Долги години живеам и работам во Швајцарија како негувател и медицинска сестра. Идеата и мотивот за отварање на Здружение за домашна нега на стари и болни лица доаѓа од фактот дека нашите родители и роднини кои останаа овде сами – без своите најблиски, им е потребна помош
Да се помине староста или боледувањето во својот дом значи висок квалитет на живот. „Шпитекст“ се грижи за луѓе од сите возрасти на кои им е потребна грижа, професионална во нивните четири ѕида – домовите, и на тој начин овозможуваат независност и самостојност во познатата околина. На наше задоволство, интервју со сопственичката на компанијата за домашна нега „Шпитекс“ Христина Трајковска.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што Ве натера од Швајцарија да се вратите во родната Струмица и да започнете со команија за домашна нега на стари лица? Кои се вашите основни мотиви и идеи?
ХРИСТИНА ТРАЈКОВСКА: Прво сакам да се заблагодарам на тимот на Струмица Денес што покажуват интерес за луѓето како мене кои од странство сакаат да инвестираат во родниот крај и да го подобрат квалитетот на живеење на нашите сограѓани.
Јас сум Христина Трајковска, магистар по медицински науки. Долги години живеам и работам во Швајцарија како негувател и медицинска сестра. Идеата и мотивот за отварање на Здружение за домашна нега на стари и болни лица доаѓа од фактот дека нашите родители и роднини кои останаа овде сами – без своите најблиски, им е потребна помош како во секојдневните работи така и околу нивното здравје, а сите сме свесни дека топлината на домот не може да се замени со други институции.
Зошто според Вас сте различни од останатите? Што е она шо е поразлично?
– Нашето здружение „Шпитекс“ домашна нега нуди целосна нега, помош и поддршка на лицата на кои им е потребна, во своите домови чувствувајки се сигурно и безбедно. Исто така најпрво се грижиме за здравјето, хигиената, исхраната и навремено земање на препишаната терапија од лекар на пациентот.Мојот тим од високо стручен кадар секогаш пристапува со голема емпатија према секој пациент. Свесни сме дека со исселувањето на луѓето од нашата татковина се изгуби топлината во домовите. Искреноста и љубовта се одлика на мојот тим кој безусловно се грижи за враќање на тоа чувство на топол дом и верба кај пациентите дека не се сами во своите домови.
Кои се најголемите предизвици со кои сте се соочиле при започнувањето на овој бизнис во Струмица?
– Најголем предизвик ми претставува тоа што овде ме гледаат како конкуренција, а јас не сакам да ме доживуваат како конкуренција. Мојата цел е 25 годишното искуство стекнато во Швајцарија да го пренесам во Струмица. Под тоа се подразбира дека треба да соработуваме со болници, старечки домови и доктори, а тоа може да се постигне само со заедничка соработка. Нашата работа е многу осетлива што значи дека довербата и односот спрема старите и болни лица треба да биде на прво место.
Како планирате да го подобрите секојдневието на старите лица преку Шпитекс?
– Шпитекс домашна нега е здружение со професионални соработници и кадри. Нудиме професионална медицинска нега во топлината на домот на пациентите, а со тоа што негата и грижата се во домот на пациентот, тој се чувствува порелаксирано и има подобар успех во брзо закрепнување, осамостојување и враќање во нормално секојдневие. Топлината на домот и нашата грижа даваат резултати.
Какви се вашите планови за во иднина?
– За мене најголема сатисфакција е задоволството кај самите пациенти. Имам голема желба моето работно искуство кое како што споменав го стекнував цели 25 години во Швајцарија да го пренесам во мојот роден крај со тимот со кој соработувам со цел да обезбедиме колку што е можно поголем квалитет на живот на нашите пациенти. Исто така се надевам дека ќе може да соработуваме сите чинители во оваа сфера, а не да се гледаме како конкуренција, и така да го зголемиме севкупниот квалитет на работа со стари и болни лица.