Масовно враќање на работниците останати без работа во екот на пандемијата на коронавирус за државите од Балкан значи и помалку дознаки во иднина. Колкав ќе биде тој удар, зависи од тоа колку ќе потрае кризата.
ХЕЛЕНА ПУЉИЗ
Стотици илјади граѓани на Србија, БиХ и Хрватска во последните недели се вратија во своите земји. Иако уште нема прецизни податоци, според лични сведочења може да се заклучи дека голем број од нив останале без работа во западна Европа, зашто работеле со несигурни договори за работа или на црно. Кризата со коронавирусот ги остави без работа и прашање е колку таа ќе трае.
Властите во регионот се занимаваат со итни мерки кои би требало да ги ублажат економските последици од пандемијата и како уште да не се размислува што значи масовно враќање на невработените од странство. Не е проблем само фактот што ќе се зголеми бројот на невработени, туку би се намалила и сумата на дознаки од странство, парите кои гастарбајтерите им ги праќаат на роднините или пријателите, би можеле значително да се намалат.
Српските граѓани во последните години во татковината испраќаат меѓу три и четири милијарди евра годишно, што е околу десет проценти од вкупниот бруто домашен производ. Во соседството процентите се исто така забележителни, во Хрватска – околу 6,6, а во Бих – меѓу 11 и 13 проценти.
„Најголем дел нема да падне на товар на државата“ – сметаа некои аналитичари. Професорот на белградскиот Економски факултет Љубодраг Савиќ за Дојче веле истакнува дека не очекува повратниците да бидат на товар на државата, зашто воглавно се враќаат со свои заштеди. Тој смета дека западните економии, кога ќе спласне кризата поради пандемијата на коронавирус, повторно масовно ќе бараат работници кои ги извршуваат работите кои домашното население не сака да ги врши, па и дознаките од странство повторно ќе потечат кон Србија.
„Сите тие се добредојдени и имаат право да се вратат дома. Уверен сум дека мнозинството од нив сигурно неколку месеци нема да биде на товар на државата, зашто имаат заштеди, а и очекуваат проблемите да се од привремен карактер, па ќе можат да се вратат во државите каде работеле“, вели Савиќ.
Шефицата на хрватскиот Економски институт, Марушка Визек, која деновиве предизвика внимание во јавноста со претставувањето 16 антикризни мерки кои би требало да ги донесе владата на Андреј Пленковиќ, во оваа фаза не очекува позабележително враќање на хрватски работници. Меѓутоа, колку подолго трае кризата, смета дека поголем број луѓе би бил склон да се врати во земјата.
Иако дознаките имаат значаен удел во хрватскиот БДП, Визек нагласува дека тие не се „варијабла која е под контрола на носителите на економска политика.“ Со други зборови, какви мерки и да преземе на пример Хрватска, таа не може да влијае на тоа дали и колку луѓе ќе работат во странство и ќе праќаат пари дома.
Ќе има ли ова долгорочни последици? Професорот од сараевскиот Економски факултет Фикрет Чаушевиќ смета дека помасовно враќање на работници од БиХ е извесно. „Застојот на животните текови неминовно подразбира голем пад на производството и последичен голем пад на побарувачката за работа“, вели тој за ДВ. „За жал, многу веројатно е дека драстичното социјално дистанцирање, дури и ако трае само два до три месеци, ќе има за последица не само рецесија, туку и депресија. Последиците од враќањето на работници во БиХ, како и во сите земји од Западен Балкан, подразбираат нагла промена во ‘приоритетот на проблемите’“, истакнува Чаушевиќ за ДВ.
Тој додава дека во новите околности може да се очекува позначаен раст на невработеноста и нагол раст на социјални проблеми кои, како последица, ќе ги вклучат и повратниците.
Оние кои се враќаат дома обично тоа го прават со радост, сметајќи дека сега „дома си е дома“, иако кога змаинувале секако имале поинакво мислење. Со текстот објавуваме фоторафија од една група на хуманитарен конвој која од Швајцарија донела гастарбајтери во Србија со музика на Шабан Шаулиќ, прегрнувања, алхохол и се што иде во една „весела колона“. Снимката е од преминот Батровци.
До МНР се обратиле 5.000 граѓани кои побарале помош да се вратат во земјава, но, 2.100 од нив се согласиле со поставените услови и ќе се вратат организирано со чартер летови. Тие ќе треба да си ги платат авиобилетите и да прифатат да поминат во карантин 14 дена што го покрива државата.
На сите пријавени, од МНР ги инфорираа дека заради кризата ќе треба да имаат извесен надомест за трошоците за чартер летот и дека ќе треба да прифатат да поминат двонеделен карантин.
Најмногу ќе бидат вратени од Европа, односно од Германија. Се чека уште само да се избере авиокомапнија која ќе ги организира чартер летовите, а основен критериум за јавната набавка е најниската цена. Лицата ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.