Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СЕ ВРАЌАМЕ НА СТАРИТЕ РАЗВОЈНИ СТАПКИ, ОНИЕ ОД ПРЕД КРИЗАТА

November 23, 2021 Filed Under: Колумни

ФАТМИР БЕСИМИ

Позитивни се оценките во однос на структурата на буџетот, се успеало при намалување на буџетскиот дефицит од 6,5 % годинава на 4,3 % следната година да се зголеми учеството на капиталните расходи.

Од втората половина на 2022 година очекувањата се да се вратиме на нивото пред кризата, во 2019 година. Преку зајакнување и зголемување на бруто инвестициите ќе се зголеми и продуктивноста, ќе се подобри трговскиот биланс, односно конкурентноста на економијата и тоа ќе го повлече растот

Вкупните инвестиции од сегашните 30 % од БДП ќе стигнат во 2026 година до 38 % од БДП. Значи од една потрошувачка економија ќе се преструктуираме кон економија што ќе се базира на инвестиции, рече министерот за финансии.

Позитивни се оценките во однос на структурата на буџетот, се успеало при намалување на буџетскиот дефицит од 6,5 % годинава на 4,3 % следната година да се зголеми учеството на капиталните расходи.

Учеството на капиталните расходи во вкупните расходи е 14 % и тие се на ниво од 615 милиони евра, што значи дека има кратење од 7 % кај расходите за стоки и услуги, со ставен фокус при кратењето на несуштинските трошоци. Така што ова е позитивен сигнал во однос на структурата на буџетот, рече министерот.

Клучно е дека задолжувањето за дефицитот ќе биде само за капитални расходи и дека е обезбедено финансирањето.

Во однос на реализацијата на капиталните расходи е важно да се подобри сликата и дека за тоа се усвоени повеќе планови, но дека и реализацијата на капиталните расходи историски гледано е подобра, односно таа лани изнесуваше 81 % на крајот на годината, сега од почетокот на годината реализацијата е 56 %, а имало години кога таа била под 60 %, па и до 40 %.

Ќе има надолно ревидирање на нивото на јавниот долг и фискалната стратегија согласно процедурите и тој наместо 65,9 % би изнесувал околу 63,5 %.

Зголемувањето на јавниот долг е директен резултат на пандемијата и тоа не е случај само со нашата земја, туку и на глобално ниво. Во 2020 година, нашиот долг се зголеми за 10,6 процентни поени, а имаме земји во регионот кои имаа зголемување на долгот на пример како кај Црна Гора за 28 %, Хрватска и Словенија над 15 %, потоа земји во рамки на ЕУ со зголемен долг до 20 %. Значи, тоа е период на криза и ако гледаме наназад и во 2011 година, исто така во период на криза јавниот долг се зголеми за 11 процентни поени..

 

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet