Факт е и дека програмата беше интересна и за „старите“ и секогаш нови и нови „мотовци“. Како и да е, уште еднаш да нагласам дека програмата беше квалитетна и низ сите сегменти интересна. Беа прикажани 16 претстави, плус работилница, концерти, предавање, дискусија…
ЛИЛЈАНА МАЗОВА
Младиот отворен театар кој е најверојатно една од најомилените манифестации на публиката во Скопје и пошироко (заедно со Интернационалниот џез фестивал) иако со намалени средства имаше уште едно успешно издание. Се одржа во период од 13 до 21 септември оваа 2019 година. Оваа констација е тверојатно на штета на манифестацијата во смисла дека „ете и со помалку пари се прави добар фестивал“, но факт е и дека со намалените пари се намали и програмата.
Факт е и дека програмата беше интересна и за „старите“ и секогаш нови и нови „мотовци“. Како и да е, уште еднаш да нагласам дека програмата беше квалитетна и низ сите сегменти интересна. Беа прикажани 16 претстави, плус работилница, концерти, предавање, дискусија…
- МОТ започна со продукцијата „Оваа зграда зборува (на)вистина“ (Македонија) на авторот Филип Јовановски. Следуваа „Девојчето со жиците“ копродукција на Словенечкиот национален театар Драма во режиија на нашиот Марјан Неќак (продукција од Словенија), „Сè уште без наслов“ продукција на Словенско младинско гледалишче во режија на Томи Јанежич, „Дримстејт“ во кореографија на Валентино Апостоловски и продукција на Локомотива од Скопје, „Мунлајт“ кореографија на Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас на Локомотива од Скопје, „Три сестри“ од А.П. Чехов во режија на Васил Христов и продукција на Турскиот театар во Скопје, „Човековиот срам“ конструкција на Силвиа Грибауди и Матео Мафесанти а продукција од Италија, „Младина без бог“ на авторот и режисер Борут Шепровиќ и продунција на ЗКМ Театар и Монтажа строј од Хрватска, „Бакхи“ на Еврипид во режија на Игор Вук Торбица на Народниот театар во Битола, „Сè е во парите“ на „Бацачи сјенки“ во режија на Борис Бакал од Хрватска.
Следуваа „Момчињата на Медеја“ во режија на Андреи Мајери а продукција од Романија, „Арапска ноќ“ на Роланд Шимелфениг во режија на Зоја Бузалковска и продукција на Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, „Злосторство на 21 век“ на Едвард Бонд во режија на Владимир Милчин и продукција на Народниот театар „Ј. Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, „Привремени фигури“ чиј автор на концептот, драматургијата и режијата е Марко Мартинс и е продукција од Португалија, „Несоодветно за на работа“ на Луси Кирквуд во режија на Доналд Варен Мофет а продукција на Драмски театар – Скопје и „Чист град“ на Анестис Азас и Продромос Тсиникорис од Грција.
На МОТ + се одржа и „Оди и види“ работилница за специфична локација; предавање со дискусија на Мајк ван Гран на тема „Театарот и постпархејдот/постколонијална состојба: улогата на театарот во социјалната трансформација – искуство од Јужна Африка“, концерт на групата „Шумски“.од Хрватска и концерт на бендот TheTiger Lilies.
Ова набројување на настаните во рамките на 44. МОТ беше битно за да се види разноликоста на програмата се одржи на неколку локации во градов и најмногу во Младинскиот културен центар во Скопје.
Како и секогаш, откако постои МОТ, иако понекогаш и со мали падови, е секогаш интересен. Привлекува, информира.
Како одбир/приказ на актуелниот театарски (па и музички) миг во светот, и годинава Младиот отворен театар беше место кое ги собираше и „старите мотовци“ но создаде/привлече и нови. Оние кои и во иднина ќе го очекуваат, ќе го посетуваат и ќе му се радуваат.
Мотовската програма и мотовската публика секогаш се радувале едни на други. Така беше и годинава. Верувам и следната година… И оние по неа. Затоа што едни со други си веруваат/веруваме, се радуваат/радуваме, се почитуваат/почитувцаме. Одамна, ин оние од шрвите изданија и оние кои нараснале и станале негова нова публика, се употребува популарниот израз „се гледаме на идниот МОТ“. И ова 44.то издание на МОТ го потврди тоа.
Затоа, да повторам: се гледаме/читаме на 45 МОТ.