Случаи на антисемитски говор на социјалните медиуми, вандализам во цркви и грабеж во џамија, се дел од забелешките на Стејт департментот во најновиот извештај за верските слободи и права во Македонија
„Постојат примери кога лица фрлале антисемитистички флаери во дворот на канцелариите на Еврејската заедница. Има неколку инциденти на вандализам и кражби во православни цркви, еден случај на вандализам на православни гробишта, како и еден инцидент на кражба во џамија“, се наведува во извештајот за 2017-та година.
Исламската верска заедница (ИВЗ) забележала дека Владата ја фаворизирала Македонската православна црква – Охридска архиепископија, додека помали верски групи пријавиле нееднаков владин третман во споредба со петте верски заедници признаени со Уставот.
Во ноември, Европскиот суд за човекови права утврди дека Владата ги нарушила правата на Охридската архиепископија, одбивајќи да се регистрира, и и` нареди на Владата да и` плати казна.
Според извештајот, Владата не ги вратила сите претходно конфискувани имоти на верските заедници во текот на годината.
„Американскиот амбасадор и други претставници од aмериканската амбасада се сретнале со владини и парламентарни претставници за да разговараат за верските слободи. Амбасадата ги поддржа напорите за едукација за холохаустот, и спонзорираше владини лица и претставници на граѓанскиот сектор да учествуваат во програми во САД, кои се фокусираат на промовирање на верските слободи и права“, пишува во најновиот извештај.
Извештајот се поднесува до американскиот Конгрес, во поддршка на верските слободи и права на граѓаните во светот, за кои САД се голем поборник.
„Целта е да се фрли светло врз природата, обемот и сериозноста на активностите, кои влијаат врз врските слободи“, потенцира извештајот.
Извештајот на Стејт департментот треба да се гледа објктивно и реално , очигледно, светот снима се што се случува и кај нас, за жал, поединци и гтупи го расипуваат впечатокот за жал, она што е највредно во државата, нејзиниот мултиетнички и мултиконфесионален карактер. Но, факт е дека дека во Македонија ниту имало, ниту ќе го има антисемитизмот – во една прилика рече Виктор Мизрахи, координатор на Еврејската заедница во Македонија
Тоа што во извештајот е наведена и Република Македонија, причината е истакнување кукаст крст (нацистичкиот симбол) на ракометниот натпревар меѓу Пелистер и Вардар В. за Купот на Македонија, одигран во Кавадарци, во март, минатата година. Мизрахи е дециден дека за ваквите појави одговорноста паѓа на институциите на системот поради нивното недоволно превентивно дејствување, пред се, во едукативниот дел. „Македонија мора да изготви национална програма и спектар предавања за најцрниот период на човештвото, темелени врз декларациите и документите на меѓународните конференции посветени на холокаустот, посебно на Стокхолмската”, вели Мизрахи. Најдобар пример за светот дека во Македонија нема антисемитизам е изградбата на Меморијалниот центар посветен на холокаустот. „Државата бавно реагира со постапките околу Законот за денационализација и функционирањето на Фондот на холокаустот, формиран врз паритетна основа меѓу Владата на Македонија и Еврејската заедница што ќе бидат и основа за изградба на меморијалниот центар. Мораме да изградиме институционален систем за борба против антисемитизмот и верската нетрпеливост. Државата не може да дозволи да се крши тоа што со векови функционира на овие простори, меѓуетничката и меѓуконфесионалната толерантност. Ваквите појави мора во корен да се сечат”, дециден е Мизрахи.
Чудно е како и Мизрахи, ако може да се искоментира, како и Стејт департментот не го забележаа говорот на најрелевантната службеничка за меѓуконфесионален дијалог во земјава – Валентина Божиновска. Да се потсетиме таа се закануваше со „ноќ на долгите ножеви“ користејќи една класична нацистичка реторика.на преминот од 2016 во 2017 година.