Може слободно да се каже дека Владата им овозможува противправна имотна корист на други лица (банките и компаниите), што е кривично дело според член 247 од КЗ
Околу унгарскиот кредит се огласи професорот Дејан Трајковски.
Во средата беше објавено дека Владата ќе им ја плаќала каматата на приватните компании кои ќе земеле кредит од унгарскиот кредит на Владата. Иако целата постапка е нефер кон граѓаните, да видиме поточно за што се работи.
Владата позајмува пари од Унгарија со каматна стапка од 3,25%. Тие пари Владата не им ги позајмува директно на компаниите, туку преку комерцијалните банки. Комерцијалните банки, сосема разбирливо, сакаат да наплатат каматна маржа, која нема да биде помала од 3%.
За да не достигне каматната стапка најмалку 6,25% за крајните корисници, Владата од буџетот сака на комерцијалните банки да им ја плати каматната маржа (се работи за 100-120 милиони евра), со што компаниите би добиле евтин кредит со каматна стапка од само 3,25%, наместо најмалку 6,25%.
Да биде појасно, граѓаните преку буџетот нема да им ја платат целата камата на компаниите (компаниите сепак ќе плаќаат 3,25%), туку ќе им плаќаат на банките.
Кој профитира, а кој губи од ваквата „трипер комбинација“? Профитираат банките, профитираат и компаниите, а губат граѓаните. Банките и компаниите се приватни, работаат за сопствен профит, а сé посиромашните граѓани ќе ги полнат со пари БЕЗ МОЖНОСТ ДА СЕ СПРОТИВСТАВАТ, бидејќи никој не ги прашува. Може слободно да се каже дека Владата им овозможува противправна имотна корист на други лица (банките и компаниите), што е кривично дело според член 247 од КЗ, слично како за ПАХЕ „Чебрен“ и гасната централа на „Митилиниеос“.
Доколку оваа власт ова го изнела во предизборната програма, граѓаните ќе можеле да реагираат и да не гласаат за оваа власт, а вака се изиграни и следниот поправен испит ќе го имаат дури на избори после 3,5 години.
(текстот е опбјавен на неговиот портал а преземен е преку фактор.мк)