Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СЕ ОДВРЗА КЕСЕТО ЗА ФИЛМАЏИИТЕ

January 6, 2026 Filed Under: Ревија

Трикратно повеќе пари за филмови: Агенцијата за филм ги објави резултатите од вториот рок

ОБЈАВЕНИ РЕЗУЛТАТИ Финансиерите ги почитуваат и филмовите што треба да настанат низ меѓународни копродукции

Со овој конкурс, Агенцијата за филм продолжува со поддршка на млади и перспективни автори, како и на нови режисерски и продукциски гласови, кои го развиваат својот авторски израз и придонесуваат кон динамичен и современ развој на националната кинематографија. Посебен фокус е ставен на проекти кои носат свежи теми, нови естетики и современи авторски пристапи.

Истовремено, во вториот рок се воспоставува јасен баланс меѓу поддршката на младата генерација и континуитетот на етаблирани филмски работници и режисери со значаен професионален и авторски опус.

Оваа година, преку вториот рок на Конкурсот, поддржани се етаблирани филмски работници и режисери со значаен авторски и професионален опус, како и звучни имиња од домашната и регионалната филмска сцена, меѓу кои се Радован Петровиќ, Изер Алиу, Марија Апчевска, Кумјана Новакова, Саша Станишиќ, Лидија Мојсовска, Ана Јакимска и Ивица Димитријевиќ.

На овој начин се овозможува стабилност во развојот на македонскиот филм, но и отворање простор за нови автори како Тина Величковиќ и Ханис Багашов, кои се дел од новата генерација филмски творци. Во рамки на конкурсот се поддржани и четири долгометражни играни филмови во меѓународна копродукција, со партнери од Албанија, Србија, Словенија и Црна Гора, што претставува продолжување на воспоставената меѓународна соработка и размена на креативни и продукциски искуства и големување на меѓународната видливост на македонските филмски проекти.

Поддржаните проекти се одликуваат со висок уметнички потенцијал и се очекува во наредните години да бидат реализирани и прикажувани на домашни и релевантни меѓународни фестивали, со што ќе придонесат кон афирмација на македонската кинематографија и нејзиното позиционирање во поширокиот европски и регионален културен контекст.

Вкупниот износ на доделени средства во вториот круг за 2025 година изнесува 97,300,000 денари.

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија останува посветена на стратешка поддршка на авторски, иновативни и копродукциски филмски проекти, со фокус на одржлив развој, генерациска рамнотежа и јакнење на меѓународната соработка.

Засега нема реакција на филмаџиите.

Filed Under: Ревија

И ОФИЦИЈАЛНО: ДРЖАВАТА ЛАНИ СОБРАЛА ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ПОМАЛКУ ПРИХОДИ
РЕК БИТОЛА Е ВО ПРЕДСМРТНА АГОНИЈА
ТРАМП, МАДУРО И ПРАШАЊЕТО НА ВЛАСТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА
ГОСПОД ЈА СОЗДАДЕ НОВАТА ЖЕНА НА ПЛАЖАТА НА СЕН ТРОПЕ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (160) ЗЕМЈАТА НА АГРЕСОРОТ Е ПОЛНА СО НЕПОКРИЕНИ ПАРИ

Најново

  • И ОФИЦИЈАЛНО: ДРЖАВАТА ЛАНИ СОБРАЛА ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ПОМАЛКУ ПРИХОДИ
  • РЕК БИТОЛА Е ВО ПРЕДСМРТНА АГОНИЈА
  • ТРАМП, МАДУРО И ПРАШАЊЕТО НА ВЛАСТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet