По речиси десет месеци од откривањето на злосторите врз малолетната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, се одржа првото рочиште во Кривичниот суд. Иако првобитно го признаа злосторот членовите на бандата на Палевски сега се сметаат за невини а истото важи и за човекот кој ги водеше, седнат во судницата со иронична насмевка на лицето
Обвинетите во овој случај се произнесоа дека се невини. Ова е најважниопт дел од првото рочиште кое се одржа во скопскиот Кривичен суд. Вториот момент е тој дека судијката го прифати барањето на обвинетите судењето да биде јавно.
Обвинителката која го застапува предметот, Жаклина Крстевска-Јосифовска пред да ги даде воведните зборови предложи исклучување на јавноста во текот на целата главна расправа. Ова, како што рече обвинителката било на барање на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска доставено до Обвинителството
Владимир Туфегџиќ, адвокатот на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е обвинет за помагање рече дека остава на судот да одлучи за предлогот на обвинителството, додавајќи дека треба да се води пред се од интересот на таткото кој, како што рече е оштетен и жртва во случајот. Против исклучување на јавноста се изјаснија и дел од адвокатите на останатите обвинети. По ова судот одлучи да не го прифати прдлогот за исклучување на јавноста
Ова саудење започна по две одложени рочишта на удењето на обвинетите за убиствата и грабнувањата на малолетната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски. На обвинителната клупа за прв пат заедно седнаа Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишов, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски Палчо.
„Од страна на полномошникот на Зорица Ѓорчевска и сестрата на Вања поднесено е барање до Обвинителството за исклучување на јавноста од целата јавна расправа имајќи ги сериозните последици на интензивното медиумско известување за настанот. За тоа е поднесена медицинско известување за продлабочување на болката кај Зорица и сестрата на Вања и на нивната здравствена состојба појава на сериозно пострауматско растројство“, наведе обвинителката. На стартот на судењето.
Рочиштето продолжи со воведните збориви на обвинителката која во детали ги опиша дејствијата за која се товарат обвинетите, додавајќи дека во текот на постапката ќе ги докаже наводите од обвинителниот акт.
Првообвинетиот Љупчо Палевски, за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, денеска, во Основниот кривичен суд се произнесе дека не се чувствува виновен и дека Основното јавно обвинителство извршува политичка наредба.
Палевски пред Судот истакна дека во постапката како докази се ставени повеќе од 100 ДНК траги, а дури деведесет проценти од неговите приложени докази се користат против него, посочувајќи дека тоа се докази кои МВР Форензика ги има изготвено по наредба на Обвинителството.
– На 1 декември имам јавна објава на мојот Фејсбук профил, каде сум, што правам и така натаму. Во хотелот се пријавив и одјавив регуларно со моја патна исправа и тргнав на пат за да направам магнетна резонанца на мојата кичма, бидејќи 70 проценти од мојата кичма не е во функција. После 10 месеци, од моите приложени докази, обвинителството ги злоупотребува и МВР Форензика по наредба на обвинителството изготвува материјални докази. Не може да ме убеди обвинителството дека нема наредба за политичко монтирано судење, затоа што многу добро знае обвинителството. Како тоа не можеле да ја видат целосната слика за овој кривичен настан, па дури на 20 мај мојата ДНК е ставена во систем, рече Палевски.
– Целата оваа содржина на обвинение е заснована на лажен исказ на еден од обвинетите, кој сака да избегне доживотен затвор за вакво злосторство кое е направено. Сите материјални докази ги побиваат овие приказни кои се содржина на ова обвинение. Одбраната не барала вештачење на биолошки траги. Ова е лицемерие. По се’ што објавија, нечувствувајќи ништо за мајката на Вања, сите видеа и слики што беа објавени по порталите беа во просториите на Обвинителството и од таму излегоа сите слики од „Смарт сити“, и токму обвинителството погрешно ги брифираше медиумите. Тогаш обвинителството не се секираше за душевната состојба на мајката на Вања, па после 10 месеци кога треба да ги соочиме сите докази тогаш сака да биде исклучена јавноста, рече Палевски.
Според Палевски, таткото на малолетното девојче, Александар Ѓорчевски е наместен од полицијата за да се изготви некаков лажен мотив и врска помеѓу нив двајца. Палевски пред Судот рече дека не го познава Александар, а ниту пак, Обвинителството докажало некаква врска помеѓу нив двајца.
– Овој родител, наместо да плаче по своето дете, од полицијата е наместен за да се изготви лажен мотив и врска меѓу мене и него. Јас не го познавам Александар. Јас бев киднапиран првите 7 дена. Ме донесоа на 15 мај во затворот во Скопје, но 7 дена не добив никаков акт. После ме донесоа со медиуми, со „калашникови“, 6 дена ме држеа, судијата на претходна постапка Душан Јосифов изврши кривично дело. Ова е политичко монтирано судење, рече Палевски.
Обвинетите, пред Судот се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни за што дополнително нивната одбрана ќе достави докази до Судот.
На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.
Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.
Со пиштол калибар од 9 милиметри и преку перниче обвинетиот Љупчо Палевски Палчо пукал во главата на Вања Ѓорчевска, се наведува во обвинението за убиството на 14-годишната девојка пренесе Фокус
Обдукцијата покажала дека Вања во десната хемисфера од мозокот имала рана и огнострелен канал од 34 сантиметри кој минувал низ вратот до четвртиот пршлен.
Таткото на Вања кажа дека на располагање се става на судот да се открие вистината за овој случај.
Тој тврди дека докази нема против него, туку цело обвинение е врз основа на лажен исказ на еден обвинет.
На следното рочиште се очекува сведочењето на мајката на убиената Вања.