Срамежливо се споменува одложување на локалните иабори. Се закануваат ли тоа – празните каси во некои партии и неочекуваните ставања во перитвор на финансиерите? Или тоа некој од надвор ветува помош преку интернационаклизација на „македонскиот случај“
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Американската амбасада во понеделникот го поздрави усвојувањето на Националната страгија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025 година. Од таму е и процената дека борбата против корупцијата и организираниот криминал и јакнење на владеење на правото се критични за Македонија и клучен фокус на нашето стратешко партнерство, објави Амбасадата на САД на својата страница на Фејсбук. Ова е јасно посочување дека интересот на некои партии и најголем дел од медиумите се еднонасочен сообраќај кој постои во информирањето во земјава – по инерција од некои претходни години или уште заради нешто друго, но не беше поздравен фактот што Собранието барем на еден ден се „откочи“ од својата хронична пасивизација. Напротив, целата енергија и барања на „стручни мислења“ за начинот на кој се обезбедил кворум беше единствена вест и цел на информаторите. Беше комлетно премостен т.н лидерски договор кој Христијан Мицковски го прегази (а кој се однесуваше на комплетно ослободување на Парламентот од прангиите на амандманите), откако тој оствари две свои цели (одложување на пописот и на локалните избори). Никаков бројач за фактот дека петтиот пакет на мерки не може да се донесе веќе трет месец и дека повеќе десеттици илјади работници не можат да добнјат плата (СДСМ говори за 60 илјади).. Но, се прескака и фактот, потенциран од Американцте дека опозицијата – македонската и албанската – не усвојува со месеци и други акти, многу битни за нашите реформи. Но што ќе ни се реформи бидејќи некој не сака да се оди напред. Каков НАТО, какво ЕУ … најдобрите пријатели на оваа опозиција се Јанша, Орбан, Каракачанов и други ликови од политичката орбита на деструктивноста. Дајте да видиме кои се нивните единствени пријатели. Кога тие тргнуваат на меѓународна турнеја како да се симнале од возот во Зелениково. Всушност, ќе отидат во Будимпешта, ќе фрлат носталгичен поглед кон Виена и ќе слетаат во Љубљана. Како опскурен круг!
Она што веројатно требало да научат на о вие посети е како ќе владеат ако дојдат на власт. Ама ако не можат да дојдат до таа точка со сите нивни трикови тие мора да се раководат од девизата – што полошо, тоа подобро!
Еве сега се ободуваат среде епедемија да блокираат улици околу Владата со минимален број на „пешадија“. Со постоечки и измислени структури – божем синдијкати, па угостители кои молат за помош (а таа опозицијата им ја блокира помошта во Парламентот!), но се паркирани на Илинденска и кој што може да донесе макар три-четворица на протест среде пладне (до бројот од минимум 12 пропишани незадоволници за да се затвори соиобраќајна артерија партијата ќе се погрижи). Во исто време во Палачинката ќе се држат монолози кои медиумите ќе ги пренесуваат во целина, до запирка, како некој на шефовите да им ставил пиштол на слепоочница и да нема прашања, со што ќе се полни до даска програмата (евентуално може да одат турски серии). А Парламентот? Пратениците на ВМРО ДПМНЕ, во коалиција со оние двајца од Левица и албанската опозиција ќе одат само на потпис, за да земат дневница и патарина и нема ништо да работат. Значи, државата ќе биде блокирана на секое квадратно метро корисна површина и власта така ќе падне – што се вели – како крушка.
Се разбира, она со крушката е метафора од бајките. А промената треба да се случи на избори. И ќе тргнат да го бараат гласањето да има репетиција веднаш штом ќе изгубат на едни такви изјаснувања. Најпрвион тоа се бараше за зимата 2019 година. И се закажаа избоите за март 2020 година. Кога започна пандемијата нивните мерачи на рејтинзи (оние за интерни потреби, овие вторите, за јавноаст, секогаш се „позитивни“) им велат дека не е добар моментот, популарноста им опаѓа. Потоа доаѓаат барањата за одложување кое се случи за три месеци. И среде лето дојде поразот.
Сега се одложија локалните избори. Анкетите дојдоа до точка на срамежливо молење за ново одложување, во името на пандемијата, ама веќе се немаше каде и вистината покажа дека опозицијата треба да влезе во нова агонија. Затоа лако одново да се нема доволно артилериска поддршка… срамежливо се говори за некакви одложувања на гласањето.
Една од причините е сосема јасна – апсењето на Мијалков и Камчев, ги исцрпува фондовите, ја обесмислува структурата на опстојување на опоазицијата до посакуваната точка.
Добро, тоа јасно, новото одложување нема да биде примено со очекувана поддршка ниту кај нивните најголеми поддржувачи. Оттука сега ја имаме опцијата на правење на некаква кризна, „шарена“ влада, повторување на нови пржински преговори сега заради блокада на политичкиот систем (преку Парламентот), со можна помош од оние надворешни пријатели кои веќе ги споменавме (за таа цел многу се и прстите на една рака).
На неодамнешниот форум на Фондацијата Аденауер (покровител на ВМРО ДПМНЕ) пратеникот Александар Николоски речиси целосно ја откри таа стратегија на интернационализација на „македонскиот случај“ а доби поддршка и од една висока гостинка, барем кога е парламентот во прашање. Системот е – направете вие пожар а ние ќе го гасиме!
Таа и таква подршка се гледа и од настојувањето на Виена да биде помош во расчистувањето на проблемите со Софија. Општиот опис на стратегијата е – ако не можат да си ги решат проблемите, дајте ние да ви ги решаваме. На тој начин ВМРО ДПМНЕ ќе добие некаква министерска фотелја, ќе м оже да направи ршум во документацијата на ВМРО ли, Министерство за правда ли или во Обвинителството, свои судии се уште има диоволно а за почеток празната каса и долговите на партијата нема да бидат важни. За миг ќе стивне и хистеријата на онаа буклмента од нивни новинари, кои се веќе во 19-ти нервен слом и тие ќе треба во рамки на некаква посмирена стратегија да ја освојуваат власта.
Случајот „Скафандер“ покажа дека како и претходните афери, измилесни од двоецот Камчев- Мијалков, како и веќе јасно опструираната вежба од нацртна геометрија на Јанша, веќе не е лесно изведлив.
Работите од типот Пржинска средба 3 или Поделба на Балканот не се можни да се повторуваат ниту како фарса.