Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СЕ ПОМАЛКУ РАБОТОСПОСОБНО НАСЕЛЕНИЕ ВО РЕГИОНОТ

July 22, 2019 Filed Under: Македонија

Ангеловска-Бежоска на тркалезна маса за предизвиците на пазарот на труд и влијанието на демографските трендови. По глобалната криза има забавување на економскиот раст на земјите од регионот коешто е одраз не само на циклични, туку и на структурни фактори

РАБОТНА СИЛА И вработените имаат своја улога во падот на продуктивноста на една економија

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на тркалезна маса со Тао Жанг, заменикот на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, што се одржа во Дубровник. Настанот беше организиран во рамки на втората заедничка конференција на Хрватската народна банка и ММФ, насловена „Демографијата, вработувањето и растот: управување со иднината во Централна, Источна и Југоисточна Европа”, на која учествуваа гувернери на централни банки и министри за финансии од регионот, претставници на Светската банка, Европската комисија, Банката за меѓународни порамнувања и на други меѓународни институции, како и угледни експерти од универзитетите во Оксфорд, Лондон и Тарту. Дводневното конференциско издание беше посветено на пазарот на трудот и демографските предизвици, иднината на работната сила и политиките коишто се потребни за одржлив економски раст и достигнување на нивоата на доход во развиените земји од Западна Европа.

ДЕМОГРАФСКА СТРУКТУРА Гувернерката воДубровник говореше и за неповолната демографска структура на населението

Во овој контекст, и на тркалезната средба со високиот претставник на ММФ, Жанг, на која учествуваа петнаесетина гувернери на централни банки и министри за финансии од земји од Централна, Источна и Југоисточна Европа, акцентот беше ставен на предизвиците на пазарот на трудот. Притоа беше нагласено дека по глобалната криза има забавување на економскиот раст на земјите од регионот коешто е одраз не само на циклични, туку и на структурни фактори. Тоа се согледува преку понискиот потенцијален раст како резултат на понискиот придонес на сите долгорочни фактори на растот, вклучително и на трудот, во услови на неповолни демографски и емиграциски трендови.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна и на состојбите на пазарот на труд во нашата економија, истакнувајќи дека тековно се забележува континуиран раст на работоспособното население и раст на вработеноста, но дека според проценките на меѓународните институции, на среден рок се очекува забавување на тој раст. Тоа наметнува потреба од особена внимателност и од таргетирано делување на пазарот на труд и кај нас, преку натамошно спроведување активни политики и мерки насочени кон пазарот на труд, подобрување на квалификуваноста на работната сила, но и поопшто, спроведување структурни реформи и јакнење на институциите, со што ќе се забрза процесот на конвергенција кон повисоки нивоа на доход.

ТАО ЖАНГ Тој е заменик на директорјката на ММФ – Кристин Лагард

Високиот претставник на ММФ, Жанг и учесниците на тркалезната маса заеднички заклучија дека намалувањето или бавниот раст на  работоспособното население во услови на неповолни демографски движења и емиграција претставува предизвик за сите земји во регионот на ЦИЈЕ. Тоа упатува на потребата од преземање повеќе мерки за зголемување на стапката на активното население, особено на жените, продолжување на животниот век на населението, зголемување на квалификуваноста на работната сила, како и поттикнување иновации и автоматизација.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска го искористи своето учество на значајната конференција на Хрватската народна банка и ММФ, којашто заврши вчера, и за билатерални средби со своите колеги од регионот, како и со претставници на меѓународните институции.

 

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet