Спасовски во „Трилинг”: Важно е на граѓаните да им дадеме понуда што ќе значи остварување на националните и стратешки интереси
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Трилинг”на ТВ 24, одговарајќи на прашањето дали е договорена коалиција СДСМ-ДУИ или окрупнување на европскиот фронт за претстојните избори, потенцираше дека тоа се концепти за кои се разговара и се’ уште се прават анализи.
„Ова е период во кој се прават сите тие анализи и сигурно дека ќе се донесе одлука. За мене е многу важно да имаме во тој дел навистина добра понуда за граѓаните која ќе понуди извесност, просперитет и која што ќе понуди остварување на нашите стратешки и национални интереси”, рече Спасовски.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, одговарајќи на прашањето дали е реално руски инсталации да се директно инволвирани во обидите да го попречат македонскиот пат кон Европската унија, потенцираше дека постоењето на руско влијание и влијание кое не и посакува добро на Република Северна Македонија е факт.
„Секогаш кога сме доведени во ситуација да остваруваме некој стратешки национален интерес има обиди да биде попречена Македонија на тој пат. Се сеќавате на многу постапки на ширење на лажни вести, протерување на дипломати од Северна Македонија итн., сето тоа е благодарение на активностите и работата на разузнавачката заедница на Република Северна Македонија. Така што во тој правец ќе се продолжи и понатаму и мора да се продолжи се со цел да не дозволиме некој друг да одлучува или да попречува остварување на нашите стратешки национални интереси кои што ги имаме. Секако дека европскиот пат за Северна Македонија нема алтернатива и колку повеќе е засилено влијанието на Европската унија, колку повеќе работиме на градењето на перцепцијата за тоа што значи Европска унија онака баш пластично кажано пред граѓаните, толку повеќе ќе расте и бројот на граѓани кои што ја поддржуваат оваа идеја. Така што секое влијание од било кого од надвор мора да се спречи и одлуките мора да бидат оставени на граѓаните и на институциите на државата“, појасни Спасовски.
За тоа дали е реално руски инсталации да се директно инволвирани во обидите да го попречат македонскиот пат кон Европската унија, Спасовски рече дека „е факт постоењето на руско влијание и влијание кое не ѝпосакува добро на Република Северна Македонија“.
СДСМ формираше влада по изборите одржани во 2016 година, а потоа и по предвремените парламентарни избори летото 2020 година. И по двата циклуси избори беше во коалиција со ДУИ. Али Ахмети, претседател на ДУИ и Зоран Заев, тогашен претседател на СДСМ, во 2020 година го објавија коалицискиот договор меѓу двете партии и принципите на кои договорот се темелеше.
СДСМ беше во коалиција со ДУИ и во периодот 2002-2006 година.
Осми мај е датумот кога во Северна Македонија ќе се гласа на парламентарни и втор круг претседателски избори. Претходно, на 24 април ќе се одржи првиот круг од претседателските избори.