Факт е дека изборите на оваа партија во Куманово не се мирољубиви и дека постои антагонизам меѓу најмалку две групи.
Веќе одамна заборавените пресметки на членови на ДУИ во Куманово деновиве добија нови муабетџиски фитили. Да, таму интегративците одмана имаа проблем да изберат раководство а таа дилема се потврдуваше и со чести опасни, вооружени пресметки од типот „кој ќе го задржи штабот“. Куманово впрочем долго важеше за град каде Али Ахмти не смее да дојде и да внсе евенуално ред меѓу локалните делии, само облечени во партиски наметки.
Како во четвртокот навечер во доцните попладневни часови во непосредна близина на партискиот центар на ДУИ во Мала Речица се нашле две ривалски групи од еден град? Дали едната дошла да изрази верност кон лидерот а на втората тоа не и било по кеиф? Или пак втората дошла а го одбрани загрозениот Ахмети?
Ова се само дел од рзногласијата по пукотниците кои ги исплашија ќжителките на тетовското предрадие. Од партијата веднаш се оградија од укотницие, нарекувајќи ја случајност „картата“ на настанот. Факт е дека, според албанскит емдиуми некои инволвираните се членови на ДУИ!
Официјално полицискиот билтен вели дека во вооружен инцидент што се случил на 5 април во тетовското село Мала Речица е убиен Неип Реџепи од огранокот на ДУИ во Куманово, а досега се приведени четири лица кои учествувале во престрелката. Меѓу повредените лица, според очевидци, е и братот на Неип, Сабри Реџепи, кој, наводно, се здобил со лесна повреда на ногата. Основното јавно обвинителство од Тетово тој ден соопшти дека во Мала Речица, во меѓусебна престрелка меѓу две групи животот го загубило едно лице, а неколкумина се повредени. Причините за настанатата престрелка во моментов се непознати и претстои нивно расветлување.
Потоа се продолжува со констатацијата дека во организирана акција на Обвинителството и Министерството за внатрешни работи, две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје се лишени од слобода. Од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово синоќа е извршен увид на самото место заедно со екипа на Министерството за внатрешни работи. Јавниот обвинител издал наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место кои ќе бидат вештачени. Издадена е и наредба за анализа на ДНК профили, за обдукција на починатото лице, како и за земање на парафински ракавици. Основното јавно обвинителство Тетово продолжува во континуитет се до целосно расветлување на настанот, се наведува во соопштението на тетовското Основно јавно обвинителство.
Од СВР Тетово за МИА изјавија дека во текот на ноќта приведени се уште две лица кои се сомничат дека биле дел од групата која учествувала во претстрелката. Од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало. МВР се очекува денеска на прес-конференција да соопшти повеќе детали во врска со инцидентот во Мала Реќица, Тетовско. Инцидентот, како што јави дописникот на МИА од Тетово, се случил во близина на „Шпар маркет“. Престрелката почнала во 18:20 часот кога возило Ауди со кумановски таблички му го препречило патот на друго возило при по што две лица од првото возило почнале вербална расправија и дошло до престрелка.
На лидерот на ДУИ, Али Ахмети за три години му се случија две убиства во кумановскиот огранок на партијата. Неофицијално, според партиски извори, и вечерашната престрелка помеѓу две раскарани групи од кумановската филијала на ДУИ е поарди несогласувања за изборот на претседател на кумановскиот огранок.
Ахмети за претседател на огранокот го назначил Фатмир Идризи, советник на ДУИ од Куманово, со што не се согласила групата на тешко повредениот во престрелката Флорин Мисими. Наводно, починатиот во престрелката Наип Реџепи бил на страната на новиот претседател Идризи.
Мисими е во критична состојба, бидејќи му било покано во градите, во близина на срцето и се наоѓа на скопските клиники. Во престрелката повредено е уште едно лице кое е згрижено во тетовската болница.
Пред три години, исто поради одлуката на Ахмети за претесдател на разагранокот да го назначи Бајрам Лимани, во престрелка беше убиен Џемаил Реџепи познат како Командант Шќипоња. И тогаш ранети беа две лица, Шефки Реџепи и Гани Демири.
И тогаш две раскарани крила на кумановскиот огранок изборот на претседател го решија со убиство.
Според пишувањата на Утрински убиениот Командант Шчипоња (Џемаил Реџепи), бил најсериозниот кандидат за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ., но не ја добил трката. Тој со автомобил дошол во една продавница каде бил новиот, но вршител должност на кумановскиот огранок на ДУИ, Бајрам Лимани, кој бил именуван од страна на Али Ахмети. Командант Шчипоња со двајца придружници дошол во локалот, па покуса расправија го нокаутирал Лимани. Пнатиот од земја извадил пиштол и го застрелал напаѓачот.
Според новинарот Зоран Боќиновски Лимани и Шчипоња се бореле и за локалното „тефтерче“ каде има дтали околу групата вооруќени лица кои дошле во Куманиовои од Косово и со кои полицијата имаше крваво расчистување во населбата Диво насеље на 9 мај 2015 година. Наводно Командант Шќипоња бил во врски со дојденците од Косово.
Еден од последните Фејсбук статуси најновата жртва на тие пресметки – Наим Реџепи најверојатно укажува на фактот дека меѓу членови на политичката партија ДУИ или пак меѓу други лица постоела можност за конфликт и ваков за жал трагичен развој на настаните.
Наим Реџепи неодамна напишал дека „Сите се раѓаат машки, но не секој умира како маж“, говорејќи за смелоста, можносто предавство и притисоците од надворешноста. (Р.Г.)