Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СЕ РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ НА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИТЕ

March 24, 2020 Filed Under: Македонија

Банките да обезбедат исплата на пензите до 28 март, им препорача Владата на надлежните институции

ШТО ПИШУВА Проблем е исплата на пензиите за оние корисници кои инсистираат на исплата во кеш

„Владата ја разгледа и усвои информација за исплата на пензии за март 2020 година на предлог на Кабинетот на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори“, се вели во соопштенето.од Илинденска број 2.
Вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска се обратила до Македонската банкарска асоцијација, со барање поради вонредната состојба со коронавирусот, банките да овозможат исплата на пензиите во пет групи на пензионери според износот на пензија по работни денови од 25 март до 31 март 2020 година.

„По добиеното известување од Македонската банкарска асоцијација, Кабинетот на вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори, предложи, а Владата прифати да им се препорача на деловните банки да обезбедат исплата на пензии од 28-ми март“, се вели во владиното соопштение. Се овозможува поголема флексибилност за банките и штедилниците заради олеснување на финансискиот товар на корисниците на кредити.

ТАМАН СЕ ОПРАВАШЕ Во ПИОМ бележеа благо подобрување на сосотјбите заради падот на невработеноста и скок на платите

Македонскиот пензиски систем е далеку од стабилен но за прв пат по повеќегодишен надолен тренд бележи сигнали за какво такво опоравување. Минимално, но охрабрувачки за еден од клучните столбови на економијата кој со години јаде сериозен дел од  државниот буџет.  По подолг период, годинава за прв пат дупката во фондот за ПИОМ која се полни со дотации од буџетот бележи намалување. Податоците од буџетот за годинава покажуваат дека за оваа намена од државната каса се потребни 28,1 милијарда денари што е намалување во споредба со лани, кога овие средства изнесуваа 29,4 милијарди денари.

Во моментов, според статистиката, во државата има активно 794283 вработени, а бројот на пензионери изнесува 324.382 лица.

 

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet