Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СЕ СЛУЧУВА ЛИ ДРАМА ВО ТАБОРОТ НА ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ

October 17, 2023 Filed Under: Македонија

Драстичен пад на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, внатрешните поделби ја ослабнаа партијата

НЕ Е НАИВНО Кусото заострено комуницирање на Груевски (на фотографијата) со Мицковски покажа дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ со интервјуто за ФАЗ си стрелал во нога

Согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење што го објави „Фокус“, внатрешните поделби во опозициската ВМРО-ДПМНЕ се прелеваат и кај расположението на гласачкото тело односно директно влијаат на перцепцијата на граѓаните.

Заклучок е дека Судирот Мицкоски – Груевски ја ослабна партијата и видливо го намали рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку внатрешниот раскол се преслика и на претстојните избори и се случи нов политички субјект или поддржувачи на Никола Груевски да истапат на парламентарните избори со сопствени листи, како што се шпекулира во политичките кругови како веројатност,поделената ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее пораз.

На прашањето „Кога изборите би биле денеска, за која партија е најверојатно да гласате“ за ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски се изјасниле 10.1% од испитаните граѓаните додека пак за нова партија од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски се изјасниле 9.2% од граѓаните. За СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се изјасниле 15.8% од испитаниците и во вакви околности владејачката партија избива на прво место.

Ова значи дека од кулминација на поделбите во ВМРО-ДПМНЕ најголема корист има СДСМ. Гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ е поделено и речиси кај половина има расположение да поддржат нова партија предводена од Никола Груевски.

Кај албанските политички партии ДУИ е стабилна и води со 6.2% од испитаниците. За Коалицијата на Алтернатива, БЕСА и Демократското движење се изјасниле 4.2% а за Алијанса на Албанците 2.7% од граѓаните.

КОЈ АПЛАУДИРАШЕ ТОГАШ Сите аплаудираа кога Груевски го одбра својот наследник. Прашање е сега кој аплаудира а кој не!

Според резултатите од анкетата, поделеноста на гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ и дистрибуцијата на табори на Мицкоски и Груевски доведува до политички ќар за Ковачевски при што тој со својот рејтинг избива над вмровските лидери кои се во конфликт.

На прашањето „За кого би рекле дека е Ваш омилен политичар“ најмногу испитаници одговориле „ниту еден“ односно 25.1%.

За Димитар Ковачевски се изјасниле 12.8% од граѓаните и води пред Никола Груевски за кого се изјасниле 11.1% од испитаниците, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле 10.5% кој моментално е на третото место.

После анкетата на ИРИ ова е второ истражување на кое Никола Груевски има повисок рејтинг од Христијан Мицкоски.

На прашањето „Дали би ги поддржале уставните измени потребни за одблокирање на преговорите со ЕУ“ половина, односно 50% од испитаниците се изјасниле неутрално, 35% ги поддржуваат а 19% се противат, покажува последната анкета на „Фокус“.

Ова е прв пат во едно истражување се забележува поголем процент на граѓаните да се неутрални по однос на потребата од внесување на Бугарите и други етнички заедници во Уставот со цел земјата да продолжи со поглавјата низ преговорите со ЕУ.

Анкетата на „Фокус“ била спроведена телефонски со големина на примерок од 1.200 испитаници.Репрезентативен примерок по региони, место на живеење и националност, квотиран по пол и возраст.

Граѓаните на Република Северна Македонија продолжуваат да го поддржуваат членството на земјава во Европската Унија. Според анкетата на „Фокус“, дури 68 отсто од граѓаните се изјасниле дека го поддржуваат членството.

Како неутрални за членството се изјасниле 22,4 отсто, додека само 9,25 отсто од граѓаните се против членството во ЕУ.

Силна поддршка има од граѓаните и за ченството на земјава во НАТО алијансата од 72.1% од испитаните граѓани. Членството на Македонија во иницијативата “Отворен Балкан” го поддржуваат 76% од граѓаните.

 

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet