Старите Латини рекле „simillis simili gaudet“.- пошироко преведено и како: споредби можат да приват меѓу себе сличните личности. Кога се ставаат забелешки за постдокторските усовршувања на Харвард на новиот лидер на СДСМ Ковачевски, споредби и асоцијации можат да прават само оние кои барем биле во дворот на оваа култна високошколска установа!
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Култниот писдател на соц-реализмот Максим Горки во своите сеќавања насловени како „Мои универзитети“ со голема горчина го опишува своето образовно издигнување во животот. Поседувајќи само љубопитност кон книгата и менувајќи многу занаети за кои не му била неопходна диплома Алексеј Пешков (неговото вистинско име) тврдел дека како личност се изградил преку отпорот кон средината а „никогаш не очекував помош од никого, како што не очекував ниту дека некогаш ќе имам среќна пауза“.
Дали лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски не очекувал дека нема да има помош од некаде во текот на своето формално образование? Ова ни доаѓа во мислите откако го повторивме сознанието што тој му ги предочи на сега експремиерот на Бугарија Борисов при нивната средба надвор од границите за „неговите универзитети“
(https://www.youtube.com/watch?v=B_-2C5Xei14).
Запрашан од бугарскиот премиер како ги гледа тој како опозиционер на идните македонско –бугарсјки „одношенија“ , Христијан Мицковски го одбегнува директниот одговор, небаре е во некое од македонските тв студија (било кое, да се разбереме) и почнува да говори за своето европејство, додавајќи го како доказ фактот дека магистрирал како стипендист на италијанската влада во Италија а докторирал како стипендист на германската влада во Германија.
Оваа негова – да ја наречеме биографска арабеска – не остави впечаток на Борисов, но покажа дека едноставно и надвор од границите шефот на опозицијата, сега новоизбран – благо речено не ја говори вистината. Не знаејќи дека средбата е снимана, во мизансцен на студентска менза, на валкана маса полна со ииспиени шишенца, кои бугарскиот шеф на владата со еден потег ги тргна од пред окото на камерата, за се’ да биде појасно во визирот на сведоштвото за тој миг, практично Мицковски прескокна прилично голем период од својот живот, како и фактот дека неговите дипломи се апсолутен производ на сенката на неговиот татко -професор на факултетот каде студирал: Машинскиот во Скопје.
Во неговите официјални податоци од факултетот (https://www.mf.ukim.edu.mk/content/мицкоски-христијан) стои дека студирал на оваа високошколска македонска установа *од 1996 – 2001 година), потоа дека тука магистрирал (2001-2003) а дека тука и докторирал (во периодот 2005 – 2009). При тоа во периодот 2001-2002 бил главен проктант и изведувач во фирмата Фото клима. Добро, Мицковски завршил факултет но оние кои се проектанти, макар и обични знаат дека треба многу време и бара многу проекти зад себе за да се добие звањето проектант а да не говориме за она „главен проектант“. Правното лице е според регирстрација фирма за монтажа на клима уреди.
Во периодот 2002 – 2004 година станал помлад асистент а во 2004 година станува асистент на овој факултет.
Клуот за овие негови „универзитети“ секако е татко му Ицван Мицковски, долгогодишен професор и тогаш актуелен продекан за финансии на истиот. Впрочем, многу е пишувано на тема – потенцијален непотизам кој е видлив од овој дел на биографијата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ!.
Патем и кај одделот научни трудови, кога ќе кликнете нема ништо, кај трудови стојат само неколку интерни скрипти како учебни помагала! А помлад асистент, па потоа дури и асистент. Нели, очекувате тој напредок да биде верификуван со нешто .. А згора и проектант па уште и главен проектант и изведувач за што на вистинските носители на овие титули секако им се бурбати кога ќе се прават споредби. Ако на сајтот на Машинскиот кликнете на она „проекти“ не добивате – ништо. Зеро!
Толку за овие споредби, бидејќи делумно читателите и се упатени во оваа тематика. Но, поводот секако си го дава самиот Мицковски – нападот врз новоизбраниот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски непосредно после неговиот избор по основ на прашањето на образование стана точка каде ќе се оспорува неговиот квалитет.
Всушност, Мицковски само си го брише путерот кој му се лизга од главата кога е неговата образовна биографија во прашање и се обидува да ги избрише трагите од лизгавата материја на лицето токму на подрачјето каде нема никакво крпче: образованието на сега неговиот клучен политички конкурент„!
Факт е на пример дека завршниот дел од средното образование го завршува во Вотервил Елизиан Мористаун гимназијата во Минесота, САД. И во мое време одредени добри ученици со соодветно познавање на англискиот можеа до матура да стигнат во САД – Васил Тупурковски беше еден од таквите, на пример.
Ковачевски јасно кажува дека дипломирал и магистрирал на УКИМ.
Докторските студии по економија ги завршува на Економскиот факултет на Универзитетот Црна Гора во 2008 година каде се стекнува со титулата доктор на економски науки. И ова е чест пример кога се настојува да се докторира надвор од матичната земја чисто заради засилување на уверливоста на квалитетот одбрана на дисертација на „туѓ терен“. Односно, со ова се настојувало да се убеди јавноста дека во докторирањето најмалку постои она „тате“ како во случајот со Мицковски! Што споредуваме сега?! Зарем и ова не е доволно кога се работи за штабот од Белата палат?!.
Секако дека постои и практиката на постдокторски усовршување (човек се учи додека е жив, освен ако не се смета за „најумен“). Ковачевски имал такви искуства со стручно усовршување на Школата за Бизнис при Харвард Универзитетот во 2011 година, Продолжува и на Европскиот претприeмнички колоквиум на Техничкиот Универзитет во Минхен каде станал ЕФЕР ЕЕЦ алумни во 2015 година. Тука сее, дас споменеме, Ротердам Школото за Менаџмент при Еразмус Универзитетот во Холандија во 2016 година и ЕАДА Бизнис Школото во Барселона, Шпанија во 2017 година, што и не било можно без совршено знаење на англискиот и добро познавање на германскиот. Ако некој има во Белата пшалата „да го испита“, нека повели!
Колку за портпаорлот Наум Стоилковски кој го обвинува Ковачевски дека направил „фотошоп“ со дипломата на Харвард, знаеме дека е вешт мајстор да прави конструкции, па и тоа дека некој дипломирал на Харвард – пишувањето на вистината не се ули ниту со минат стаж во „Република“ а најмалку во пропадната телевизија „Нова“. За да говори за постдокторски усовршување може само некој што е барем приближно достоен за тоа ниво. Знаете по oнаа латинската „simillis simili gaudet“. Ова секако важи и за „синот на тате“.