Во светот, за разлика од Европа, има повеќе случаи на заразени со ковид последниве трие недели отколку во првите шест месеци на пандемијата
Случаите со ковид ширум светот се зголемуваат веќе деветта недела по ред, а смртните случаи се зголемуваат веќе шеста недела, изјави д-р Тедрос Аданом Гебреизус, генералниот директор на Светската здравствена организација, на информативната сесија на земјите-членки.
„Повеќе случаи на ковид се пријавени на глобално ниво во последните три недели отколку во првите шест месеци од пандемијата. Во текот на последните неколку недели, земјите во секој регион на СЗО покажаа постојан нагорен тренд на заразени и смртни случаи. Сега не е време да се опуштиме, дури и за земјите што сега забележуваат пад“, рече тој.
Епидемијата на ковид продолжува да ја опустошува Индија, ставајќи го премиерот Нарендра Моди под притисок да ја затвори земјата за да се стави пандемијата под контрола.
Потребна е „координирана стратегија низ целата земја“, изјави за Асошиејтед Прес, Сринат Реди, претседател на Фондацијата за јавно здравје на Индија. Тој рече дека затворањата што ги наметнаа некои индиски држави не се доволни во битката да се победи пандемијата во Индија.
Министерството за здравство на Индија во петокот објави рекордна статистика за претходниот 24-часовен период – 414.188 нови случаи со ковид и 3.915 смртни случаи.
На Австралијците на кои им е забранет влез во нивната земја, доколку патувале во Индија, ќе им биде дозволено да се вратат дома почнувајќи од 15-ти мај, изјави австралискиот премиер Скот Морисон.
Пандемијата однесе повеќе од 3,2 милиони животи ширум светот, објави центарот Џонс Хопкинс. Според Хопкинс, САД имале најмногу смртни случаи, со над 580 илјади лица. Бразил е на втората позиција со скоро 417 илјади, а по неа следи Индија со 230 илјади смртни случаи.
Во болница на југот од Индија, 11 лица заразени со Ковид 19 починаа во средата навечер по ненадејниот пад на притисокот во снабдувањето со кислород, објави весникот „Тајмс оф Индија“. Болничките служби рекоа дека ја санирале цевката минатата недела, но оттогаш употребата на кислород е двојно поголема.
Побарувачката за болнички кислород се зголеми за седум пати минатиот месец, изјави владин претставник додека Индија се обидуваше да ги префрли залихите што пристигнаа од Бахреин и Кувајт. К. Вијај Рагван, главен научен советник на владата, рече дека оваа фаза на пандемијата е „клучно време за земјата“.
Соединетите Држави, Велика Британија, Германија и неколку други земји испраќаат помош во Индија, вклучувајќи лекови, тестови за кислород, заедно со материјали потребни за зголемување на домашното производство на вакцините Ковид 19
Помошта што пристигна во Индија од Америка ќе овозможи производство на 20 милиони дози вакцина Астра Зенека, изјави Даниел Смит, дипломат во американската амбасада во Delу Делхи.