Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СЗО: СO 6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ПОМОШ МОЖЕ РАПИДНО ДА СЕ ЕЛИМИНИРА ХЕПАТИТОТ Б И Ц

July 30, 2019 Filed Under: Македонија

Пациентите со хепатитис Ц (вирусно заболување кое го напаѓа црниот дроб и има многу брза прогресија) во земјава ќе примаат нов тип терапија со што ќе се овозможи нивно целосно излекување. Станува збор за донација од американска фондација, беше истакнато на прес-конференција на Клиниката за инфективни болести.

ЦИРОЗА Најопасен ефект на нападот на хепатитисот е цирозата на црниот дроб

Светската здравствена организација објави дека од хепатитот Б и Ц глобално заболуваат 325 милиони луѓе, а умираат 1,4 лица годишно.

Хепатитот Б и Ц се вирусни инфекции кои се пренесуваат преку контакт и крв. Овие два вируса предизвикуваат цироза и рак на црниот дроб и се причина за смрт во 90 отсто од заболувања поврзани со хепатит.

Светската здравствена организација објави дека од хепатитот Б и Ц глобално заболуваат 325 милиони луѓе, а умираат 1,4 лица годишно.

Пациентите со хепатитис Ц (вирусно заболување кое го напаѓа црниот дроб и има многу брза прогресија) ќе примаат нов тип терапија со што ќе се овозможи нивно целосно излекување. Станува збор за донација од американска фондација, беше истакнато на денешната прес-конференција на Клиниката за инфективни болести.

– Имаме терапија за околу 150 пациенти, ќе се спречи напредувањето на нивната болест и појава на цироза, рак и трансплантација. Досегашната терапија не овозможуваше целосно излекување, многу често болеста напредуваше до тој степен што на пациентите им беше потребна трансплантација и постоеше ризик од развој на различни степени на цироза или хепатоцелуларен карцином, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Клиниката.

Посочи дека таа терапија во развиените земји постои години наназад и изрази надеж дека соработката со Фондацијата ќе продолжи и во други сфери, а во корист на пациентите.

ПРЕС НА ИНФЕКТИВНА Значајна помош на американска фондација

Директорката на Клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ рече дека во таа јавна здравствена установа и на Клиниката за гастроентерохепатологија, се спроведува третманот и веќе во тек е регрутирањето пациенти кои ги исполнуваат условите за отпочнување со третманот со новата терапија.

– Тестирањата се во тек. Има пациенти кај кои таа процедура е завршена. Работиме на развивање комплетна стратегија, што значи превенирање и третирање на хроничен хепатитис Ц, кој е од огромно значење за искоренување на инфекцијата, додаде Стевановиќ.

Директорката на Клиниката за гастроентерохепатологија, Калина Гривчева Старделова рече дека има голем број млади кои имаат цироза и хепатоцелуларен карцином. Посочи дека веќе почнале да ја даваат терапијата на пациентите.

На Клиниката за гастроентерохепатологија се регистрирани 30 пациенти кои имаат потреба од антивирусна терапија.

ЛЕКУВАЊЕ Нова терапија на Инфективна има за околу 150 пациенти

– Еден дел од нив се од генотип 1 и генотип 4, за кои е оваа терапија. За да можат да ја добијат терапијата пациентите не треба да им биде оштетен црниот дроб. Ќе бидат излекувани сите пациенти на Клиниката кои биле издетектирани дека се позитивни на хепатитис Ц, генотип 1 и 4. Имавме комуникација со Нефрологија, каде има ризична група пациенти кои одат на дијализа или се трансплантирани, за да се препратат во гастро, да поминат детекција, за да можат тие што ќе ја поминат селекцијата да добиваат терапија. Има доволно терапија не само за пациентите на гастро, инфективна, туку и за пациентите од друга патологија, додаде Гривчева Старделова.

„Бројката на смртни случаи од хепатит е зголемена во последните две децении. Најстрашно е што хепатитот е тивок убиец. Од 275 милиони луѓе коишто живеат со хепатит Б, само еден на 10 се дијагностицирани и само околу 4, 5 милиони добиваат соодветен лекарски третман“, вели Марк Балтерс од СЗО.

Истражувањето на СЗО покажа дека хепатитот може да се елиминира како здравствена закана во 67 држави со ниски и средни примања до 2013-та, за 6 милијарди долари годишно.

Најсиромашните земји во светот може да купат лекови за 89 долари преку програмата за развој на ОН и Гави – глобална алијанса за вакцини.

„Лекувањето во САД пред две годнини чинеше 84.000 долари, а лекарства со 1.000 таблети сега чини 89 долари во сиромашните и земји со среден стандард“ вели Балтерс.

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet