Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СИВАТА ЕКОНОМИЈА НАМАЛЕНА, ДАНОЧНИЦИТЕ ДА ОСТАНАТ НА ШТРЕК

May 17, 2022 Filed Under: Македонија

Зголемувањето на минималецот, епидемијата и другите неповолнифактори не ја зголемиле сивата економија во земјава. Најголема стагнација во борбата со неформалната економија имало во времето на владеењето на Груевски!

НАДВОР ОД ОПТЕК Во време на Груевски една третина од парите во оптек не биле евидентирани, сега тоа се однесува на помалку од четвртина

Сивата економија во 2020 година е намалена во однос на 2006 година, а најголемите намалувања се случиле за време на финансиската криза во 2009 година и по воведувањето на минималната плата во 2012 година, покажува најновото истражување направено од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“, пренесува МИА.

Според наодите од истражувањето, во 2020 година уделот на сивата економија во БДП бил  23,2 проценти за разлика од 2006 година кога изнесуваше 31,6 проценти.

Забележливо е дека од 2013 година, уделот на сивата економија во БДП стагнира, а во пандемиската 2020 благо се влошува, што според „Finance Think“, е поради тоа што формалниот БДП доживел поголем пад во однос на неформалниот БДП.

Анализата вклучува две групи фактори со потенцијално значење за сивата економија и тоа даночните политики и политиката на минимална плата.

Во делот на даноците, констатацијата е дека каква и да било потенцијална реформа на директните даноци, првенствено на даноците на трудот, негативно ќе се одрази врз сивата економија доколку не е придружувана со зајакнати капацитети на даночните власти за прибирање на даноците и јакнење на даночниот морал кај населението.

АПЧИЊА ЗА ОВА, АПЧИЊА ЗА ОНА На зелените пазари можете да најдете лекови и „совети“ за користење

Во делот за минималната плата, оценката е дека нејзиното воведување во 2012 година придонело за намалување на сивата економија, но анализата покажува дека зголемувањето на уделот на минималната плата во просечната ја стимулира неформалната економија. Препораката е дека неопходно е минималната плата да расте во согласност со продуктивноста на трудот, со паралелно јакнење на капацитетите за спроведување на регулативата во сферата на работните односи.

– Генерално, наодите укажуваат дека е неопходно дизајнирање политики за зголемување на продуктивноста на долг рок, и тоа преку создавање и стимулирање домашен конкурентен пазар преку релаксирање на регулативата и либерализација на трговијата, преку зголемување на квалификуваноста на работната сила преку реформирање на образовниот систем, преку насочување на средства кон истражување и развој, и преку зголемување на ефикасноста на јавната администрација за да се намали товарот врз приватниот сектор, велат од „Finance Think“.

ПОДМИТУВАЊЕ Една до формите која ги прави парите невуидливи е подмитувањето

 

Filed Under: Македонија

KАРАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ВМРО-ДПМНЕ НЕ ИСПОРАЧА НИКАКВИ РЕЗУЛТАТИ, ЖИВОТНИОТ СТАНДАРДОТ ПАДНА ЗА 20 ОТСТО
КОЈ ЈА ПРИЗНАВА ДРЖАВАТА ПАЛЕСТИНА И ЗОШТО НИЕ НЕ ЈА ПРИЗНАВАМЕ
СВЕДОШТВА : КОЈ ЈА ИСПРАТИ ПРВАТА ВЕСТ ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ?
МАЛА РЕЧИЦА: ЛОКАЛЦИТЕ СЕ ПРЕТСОБЈЕ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НАПРОЛЕТ
ОСТАВЕНИ СМЕ НА СВОЈАТА СУДБИНА

Најново

  • KАРАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ВМРО-ДПМНЕ НЕ ИСПОРАЧА НИКАКВИ РЕЗУЛТАТИ, ЖИВОТНИОТ СТАНДАРДОТ ПАДНА ЗА 20 ОТСТО
  • КОЈ ЈА ПРИЗНАВА ДРЖАВАТА ПАЛЕСТИНА И ЗОШТО НИЕ НЕ ЈА ПРИЗНАВАМЕ
  • СВЕДОШТВА : КОЈ ЈА ИСПРАТИ ПРВАТА ВЕСТ ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet