Многумина се прашуваат зошто јапонските деца се послушни и никогаш не хистеризираат: имаат методи на воспитување на кои цел свет им се восхитува!
Младите Јапонци не ги сметаат старите луѓе здодевни, туку во нив гледаат извор на мудрост. За возврат старите луѓе не викаат на младите и не ги критикуваат, туку им ја пренесуваат таа своја мудрост. Јапонија е земја е земја која предизвикува восхит заради многу работи, но еден од најприсутните мотиви е токму воспитувањето на децата.
Карактерот на луѓето од Јапонија не престанува да го воодушевува целиот свет. Ите сме имале прилика да слушнеме колку се упорни и доследни, ека ниту под било какви околности не губат прибраност и чувство за комуникација. Исто така се познати по своето почитување кон другите и исклучително трпеливата работа.
Тие се такви бидејќи од деца се воспитувани на таков однос кон нештата.
Децата од Јапонија многу се разликуваат од децата од Западот. Умерени се и убаво се однесуваат, ги слушаат родителите и никогаш немаат хистерични напади. Во што е тајната?
Најнапред, Јапонците многу ги ценат семејните врски. Блискиот однос меѓу членовите на на семејтвото од рзлични генерации е нешто што меѓу останатото ги чини Јапонците посебни. Таа врска меѓу старите и младите е заснована на длабоко сочувство и меѓусебна грижа. Таа не може да се види, за жал, на други места во светот. Старците се сметаат за извор на мудрост изаслужуваат посебно внимание и почит.
Од друга страна старите имаат рпение за младите и покажуваат љубов кон нив. Старите Јапонци се однесуваат како ментори, како критичари и спроведувачи на правдата. Во тоа е клучот на хармонијата меѓу генерациите.
Јапонците ги ценат и ги почитуваат сите нивни роднини. Во исто време, тие имаат многу строги граници. На пример, се смета за неприфатливо бабите и дедовците да го понесат товарот на грижата за бебињата и најмладите бидејќи неговите родители немаат доволно време. Семејните врски во Јапонија не се засноваат на „размена на услуги“, туку врз верувањето дека сè на овој свет има свое место.
Повеќето семејства во Јапонија веруваат дека родителството треба да се заснова на чувствителност и разбирање. Подигањето на вашиот глас на дете во Јапонија е исто како и секоја друга, остра казна. Родителите во земјата на изгрејсонцето веруваат дека со избегнување на казна, тие всушност ги учат децата како да се поврзат со светот и да ги почитуваат чувствата на другите.
Ако детето не е добро, мама и тато го казнуваат со изглед на лицето и или со гест на неодобрување. Притоа, тие покажуваат дека таквото однесување е неприфатливо. Фразите како што се „ќе го повредиш“ или „ќе се повредиш“ се користат за укажување на недолично однесување и последиците од тоа однесување.
Истото правило се однесува и на предметите. На пример, ако дете скрши играчка, родителите ќе речат „погреши“ а нема да речат „ја скрши играчката“. Јапонците ја нагласуваат важноста на делото а не функционалноста на предметот. Затоа децата од рано детство се учат да бидат свесни за се и во секоја ситуација и да водат сметка за се околу себе.
Најголема тајна е слободното време – Јапонците своето слободно време го минуваат со своите деца. Учењето не го сметаат посебна активност, туку се работат заедно. Ним им е најважно да изработат силна врска со децата.
Во Јапонија е многу ретко мајките да го зашпишат децата во градинка ако тоа нема барем три години. Јапонките ги сакаат своите деца и ги носат со себе секаде, сметаат дека тоа ги јакне врските и ги прават силни. Исто така се верува дека блискоста со мајката ги смирува децата, нивната душа. Мајките водат сметка долго го разговараат со децата.
Односот со бабата и дедото во Јапонија е исто така значајно. Вооваа земја ручеците и вечерите кои се одвивата заедно се често и секој раскажува а другите слушаат со внимание што се случило тој ден. Тоа ја засилува припадноста и идентитетот, како и важноста на вербалната комуникација. Тоа е причината што младите Јапонци не прават сцени. Растат во опкружување каде има можност на непријатно изненадување сведена на минимум, а љубовта никогаш не недостасува. Растат свесни дека постои ред што треба да се почитува. Тоа им го смирува умот, ги чини приемчиви и водат сметка да не се агресивни во било која ситуација.