Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СИМОНА ЗАФИРОВСКА ОД БРИЗБЕЈН ГИ ПОЛНИ ЦРНИТЕ ХРОНИКИ НА ВЕСНИЦИТЕ

March 11, 2019 Filed Under: Свет

Млада Македонка (22) негира дека со паркет и ја скршила главата на мајка си: Ја уби провалникот! – вели таа.

УАПСЕНАТА И НЕЈЗИНАТА МАЈКА Радица во горниот агол и Симона која ја приведува локален полицаец

Македонката Симона Зафировска (22), која е обвинета дека ја убила својата мајка, Радица Зафировска (57) кршејќи и ја главата со парче паркет во октомври 2016 година во Бризбејн, тврди дека не е виновна, јавуваат австралиските медиуми. Овој слулчај се реактивира сега бидејќи судењето започнува деновиве (да не се мисли дека само нашите судови доцнат).

Судењето на Симона стартуваше пред две недели во судот во Бризбејн. Медиумите шпекулираат дека мотивите за убиството било несогласувањето меѓу ќерката и мајката Радица, која инистирала на традиционалното воспитување наќерката и не ѝ дозволувала да се  однесува како локалните девојки.

Според обвинението, Симона со парче паркет 20 пати ја удрила мајка си по главата додека таа спиела, а потоа повикала полиција тврдејќи дека тоа го направил натрапник што им влегол во куќата. Таа се разбудила од лаењето на кучињата, па повикала полиција.

– Симона се покрила со чаршафот преку главата на креветот бидејќи била премногу исплашена од звуците на движење пред вратата од нејзината соба. Мојата клиентка била премногу потресена и преплашена, а полицијата и покрај обвинувањето за убиство, не пронашла траги од крв од неа кога дошле во куќата. Не смее да се заборави и фактот дека неидентификуван автомобил бил забележан како заминува од улицата критичното утро, изјави нејзиниот адвокат Дејвид Џејмс.

Сепак, на судењето обвинителството обелодени дека мотив за убиството било противењето на Радица ќерка ѝ да замине во Македонија кај нејзиното момче. За таа цел таа резервирала авионска карта за Македонија и чекирала голем багаж за да, како што им рекла во агенцијата, да се пресели во Македонија.

Симона пред судот изјави дека не ја убила мајка си, и дека убиецот е провалник кој влегол во нивниот дом. Истото го тврдела и по нејзиното приведување. Сепак, обвинителството инсистира дека Симона е убиецот и дека парчето паркет, пронајдено во нејзината соба е клучен доказ за нејзината вина. За време на судењето била презентирана аудио- снимката од нејзиниот повик на полицијата кој траел 20 минути. Иако обвинителството за парчето паркет долго 87 сантиметри и тешко 1,2 килограми тврди дека тоа е предметот со кој била убиена Радица, на него немало траги од крв или ДНK од жртвата, што, пак, според обвинителството, може да се објасни со временската рамка на настаните бидејчи истото било пронајдено неколку дена по убиството, па обвинетата можела да ги исчисти трагите.

ЕКИПА НА ФОРЕНЗИЧАРИ ЗА ВРЕМЕ ПО УБИСТВОТО Наводниот предмет о кој е убиена Радица е пронајден без било какви траги, ама три дена после настанот

Судењето продолжува со сведочење на околу 60 лица и треба да заврши за еден месец.

Симона била добар студент на еден од локалните универзитети, но во слободно врме работела и како хигиеничарка. Сепак таа населедила иод мајка си куќа, два автомобила и пари на сметка во банка во Австралија, како и автомобил и куќа во Македонија. Според тамошните медиуми, тестаментот на Радица бил отворен по нејзината смрт, а во кој Симона била единствениот наследник. За да го добие целиот имот, ќерката морала да се грижи за својата мајка до нејзината смрт.

Симона, која израснала во Македонија, има двоен пасош. Нејзиниот македонски пасош е моментално одзмен.. „Таа може да аплицира во македонската амбасада за друг пасош и да добие нов ако амбасадата не е предупредена за фактот дека не треба да му биде дозволено да добие”, рече Хинс.

Според Судијата Даубни, доказите што биле објавени откриле дека, седум дена пред смртта на нејзината мајка, 20-годишнaта обвинета  разговарал со одредена банка за тоа дека сакал да добие “значителен” заем во износ од 275.000 долари. Беше кажано дека таа ќе ги искористи парите за да отиде во Македонија затоа што ѝ треба “да се грижи за некој”.

НАСЛОВНА Слика од домот на Македонките на насловна страница на весниците – Симона била добар студент

Настрана од разговорот со банката, се чинело дека Симона, „исто така, прашувала за лет”, па дури и направила пробен резервации за летови. Како чудна случајност, ама датумите на заминување на нејзините привремени резервации биле за точниот ден на насилна смрт на нејзината мајка.

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet