Острата реторика на претседателот за време на кампањата мотивирала гласачи на двете страни, сметаат аналитичарите. Преставничлкиот дом, односно Долниоот дом сега го држат демократите а Горниот дом, Сенатот, посилно го држи Трамп
Во средата наутро по средноевропско време ранобудниците можеа да ја чијат лидерката на демократите Ненси Пелоси како прогласи нов ден во главниот град на САД.
„Ќе имаме одговорност да најдеме заедничко решение каде ќе можеме, и да отстапиме каде нема да можеме. Но, мора да се обидеме. Демократскиот Конгрес ќе работи на решенија да не` обедини, бидејќи на сите ни е доста од поделби“, изјави Пелоси.
Таа сега е на пат да биде следен спикер на Претставничкиот дом, благодарение на демократите како Џенифер Векстон, која успее да го земе републиканското место во Претставничкиот дом од Вирџинија.
„Уште на почетокот на кампањата реков дека доаѓаат промени во Америка, и оти промени ќе дојдат во десетиот конгресен дистрикт во Вирџинија. Тоа се случи“, рече Векстон.
Републиканците, пак, го зголемија нивното мнозинство во Сенатот, со поразот на демократските сенатори во Северна Дакота, Мисури и Индијана, каде победи републиканецот Мајк Браун.
„Ние сме конзервативци, предводени од претседателот Доналд Трамп. Ќе треба да докажеме, зошто она што функционира во Индијана ќе биде добро за целата држава“, најави Браун.
Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс изјави дека претседателот Трамп е здоволен оти републиканците ја задржале контролата во Сенатот.
„Повеќето од кандидатите кои ги поддржа претседателот поминаа многу добро. На крајот од денот, претседателот ќе работи со кој било што ќе дојде на функција“, истакна Сандерс.
Острата реторика на Трамп за време на кампањата мотивираше гласачи на двете страни, вели аналитичарката Ребека Гил.
„На некој начин ги подели граѓаните, и доби повеќе ангажирани луѓе на двете страни“, смета Гил.
Тоа е очигледно со овој поддржувач на Трамп во Калифорнија.
„Се согласувам со многу работи што тој ги направи, иако не со сите. Мислам дека работи во најдобар интерес за државата, дома и надвор од нејзините граници“, вели Томас Весли, поддржувач на Трамп.
А еве што вели критичар на Трамп од Њујорк.
„Се надеваме дека тој е само лош сон, од кој почнавме да се будиме. Сега со преземање контрола во Претставничкиот дом, а за две години со преземање на Сенатот и Белата куќа“, изјави тој.
Како и да е, Трамп беше клучен фактор за двете страни, смета аналитичарката Капри Кафаро.
„Постои ентузијазам на двете страни. Мислам дека видовме тесни трки насекаде во државата. Речиси подеднакви можности“, верува таа.
Трамп и демократите сега се соочуваат со ново прашање – дали ќе можат да работат заедно, земајќи предвид дека и двете страни почнаа да се подготвуваат за претседателската трка за две години.
Конгресните избори беа своевиден референдум за претседателот Трамп и за Републиканската партија.
Американците гласаат за сите 435 законодавци во Претставничкиот дом, 35 од 100 сенатори и 36 од 50 гувернери на сојузни држави.
Истражувачите на јавното мислење најавуваат дека демократите би можеле да имаат предност во битката за Претставничкиот дом. За да имаат мнозинство, на конгресните избори треба да освојат 23 места повеќе.
Републиканците сметаат дека претседателот Трамп ќе ги обедини приврзаниците да обезбедат тесно мнозинство од 51 спрема 49 во Сенатот. Од 35 места за кои се гласа во Сенатот во вторникот, демократите во досегашниот состав држат 26, а републиканците 9 места.
Конгресните избори се своевиден референдум за претседателот Трамп и за Републиканската партија. „Јас сум на гласачкото ливче. Имајте ги во предвид достигнувањата во економија, и други области. Ако победат демократите ќе сменат се`, и ќе ја вратат земјата назад. Видете колку се наелектризирани“, изјави претседателот на последниот митинг за поддршка за своите сопартијци.
Поларизираното гласачко тело на делумните конгресни избори во САД ја изразува поддршката за досегашната работа, учинокот и политиката на претседателот Доналд Трамп. Исходот од гласањето може да го смени односот на политичките сили во Вашингтон и да влијае врз следните две години од мандатот на Трамп во Белата куќа. Предизборните анализи наговестија дека демократите би можеле да го освојат Претставничкиот дом, а републиканците имаат поголеми шанси во Сенатот. Трките за гувернерските места во некои од клучните сојузни држави како Флорида, Охајо и Џорџија се мошне неизвесни.
Едно од местата во Претставничкиот дом го освои Грег Пенс, постариот брат на потпретседателот Мајк Пенс, којшто победи во шестиот конгресен дистрикт во сојузната држава Индијана. Тоа е истото место каде Мајк Пенс победил пред да стане гувернер на Индијана, пред 18 години.
Според најновите проекции на американските медиуми повторно се реизбрани демократските сенатори Том Карпер од Делавер, Бен Кардин од Мериленд и Шелдон Вајтхаус од Роунд Ајленд, Крис Марфи од Конектикат, Шерод Браун од Охајо и Елизабет Ворен од Масачусетц. Гувернерите на Масачусетс и Пенсилванија, републиканецот Чарли Бејкер и демократот Том Вулф исто така освоија нови мандати.
Според проекциите на Си-Ен-Ен, демократската кандидатка во еден од изборните дистрикти во Вирџинија Џенифер Векстон ја победи републиканската конгресменка Барбара Комсток.
Затворени се гласачките места во уште три сојузни држави – Северна Каролина, Охајо и Западна Вирџинија. Според проекциите на Си-Ен-Ен, Берни Сандерс повторно е избран за сенатор од Вермонт, додека во Вирџинија победи Тим Кејн.
Како куриозитет, има 125 отсто зголемување на излезноста на гласачите под 30 годишна возраст на раното гласање на делумните конгресни избори, споредено со 2014-та. Најдраматична промена модерната гласачко историја е ставот на младите дали досегашната политиката создава драстична разлики во нивниот живот. Анкетите наведуваат 15 процентно зголемување споредено со 2016-та. 40 отсто од испитаниците меѓу 18 и 29 години навеле дека дефинитивно ќе гласаат на изборите на 6-ти ноември.
Од 29 конгресни избори на средината на мандатот на претседателот од 1900-та, партијата на претседателот губела места во Претставничкиот дом секој пат, освен во три наврати во 1934-та, 1998-ма и 2002-ра.
Историјата на изборите на половина од мандатот на претседателот покажува дека вообичаено губи поддршка и прашање е колкав е поразот, наведуваат аналитичари. Таков е случајот кога претседателот е непопуларен, а Трамп нема добри бројки во анкетите за популарност меѓу гласачите.
Вниманието на американската јавност денеска е фокусирано на делумните конгресни избори, од кои ќе зависи политиката на САД во следните две години. Овие избори се последна битка за контрола во Конгресот, пред претседателските избори во 2020 година.
Бројни кампањи, митинзи, рекламни спотови можеа да се видат како од таборот на републиканците, така и од страна на демократите. Политичари ја користеа секоја можна прилика за во јавноста да го кажат своето мислење.
Во продолжение издвојуваме дел од изјавите и ставовите на истакнати политички фигури во САД, дадени по повод делумните избори.
Поранешниот заменик-претседател Џо Бајден, за кого се верува дека ќе му биде противкандидат на Доналд Трамп во следната претседателска трка, вели дека би бил „шокиран“ ако демократите не ја преземат контролата врз Претставничкиот дом.
„Ова е најзначајната година со делумни избори во мојот живот до сега“, истакна Бајден во еден од говорите во рамките на изборната политичка кампања.
Тој додаде дека: „Ова се избори што ќе го одредат карактерот на земјата“.
Ерик Трамп, пак, еден од синовите на претседателот, рече дека името на неговиот татко „не е на гласачкото ливче, но Америка победува. Ќе однесеме целосна победа“.
Трамп, синот, вели дека неговиот татко „ја направи Америка најсилна земја во светот“.
„Ако таа армија од гласачи за Трамп излезе денеска и гласа, ние ќе победиме. Оваа земја победува, што значи дека ние победуваме… Тоа што го прави нашата земја е одлично“.
Потпретседателот Мајк Пенс, во колумна во „Ју-ес-еј Тудеј“, напиша: „Додека републиканците прикажуваат резултати, демократите се одлучија на агенда од еден збор, ‘контрирај’“.
Тој додаде дека „политиките на демократите станаа многу полиберални и многу поопасни од кога било претходно“.
„Тие сакаат масовен раст на даноците, ослабени граници и целосна владина контрола врз здравствената грижа што ќе нанесе штета врз нашите семејства и врз повозрасните лица“.
Поранешната државна секретарка, Хилари Клинтон, којашто изгуби во претседателската трка во 2016 година, својот став го објави на „Твитер“.
„Во изминативе две години гледавме како оваа администрација ги напаѓа и ги обезвреднува нашите демократски институции и вредности. Денес, велиме, доста е“.
Клинтон во статусот додава: „Денеска не гласаме само против радикализмот, нетолеранцијата и корупцијата. Гласаме и за фантастични кандидати од целата земја, меѓу кои се и историски голем број жени, кои сакаат да ги зголемат платите, да се борат за правда и да им помогнат на што повеќе луѓе да дојдат до здравствена заштита“.
Во отворените страни на „Њујорк Тајмс“, поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, којшто беше отпуштен од страна на Трамп, упати остри коментари за „лагите, за навредливиот однос кон жените, за расизмот и за повредите на правото од страна на нашиот претседател“.
Коми ги повика Американците да гласаат според сопствените убедувања и вредности. Тој воедно додава дека е оптимист оти САД ќе се опорават од „сегашното раководство и од потчинетоста со која се соочуваат“.
Спикерот на Претставничкиот дом, Пол Рајан изрази „внимателен оптимизам“ дека републиканците ќе го задржат мнозинството, асоцирајќи на силната американска економија и на републиканскиот белег на Конгресот.
Сепак, во интервју за „Фокс њуз“ тој истакна дека е можно републиканците да изгубат мнозинство. „Историјата не е на наша страна“, мислејќи на традицијата со која делумните избори се покажале негативни за партијата од која доаѓа претседателот, во времето кога тие се одржуваат.