АНА ЧУПЕСКА
Поларизацијата меѓу партиите е озбилен проблем за реформскиот пат на земјава; поларизацијата во парламентот исто така е кочничар на реформските закони; поларизацијата е и кочничар на именувањата на независните тела (клучни за реформите, нели); поларизацијата меѓу партиите е исто така проблем на асоцирањето на земјава во ЕУ
Сиромашкиот извештај за напредокот на земјава откога го виде светлото на денот, и тој самиот, парадоксално, но факат реално, стана предмет и тригер на поларизација; која истиот тој извештај ударно ја нотира. Уште на самиот почеток, со фронтално укажување по однос на политичките критериуми , поларизацајата е таргетирана како суштествен проблем за реформскиот пат. Јеее! Веста ја примивме со шок и неверување ?! Или не баш…
Поконретно: поларизацијата меѓу партиите е озбилен проблем за реформскиот пат на земјава; поларизацијата во парламентот исто така е кочничар на реформските закони; поларизацијата е и кочничар на именувањата на независните тела (клучни за реформите, нели); поларизацијата меѓу партиите е исто така проблем на
асоцирањето на земјава во ЕУ, а врзано за недонесувањето на неопходните уставни измени.
И како јагода на шлаг, и самиот извештај станува тригер на дополнителна поларизација , каде се нудат дијаметрално различни негови толкувања од нашата узневерена и пресреќна „јавност”.
Мили мои, Извештајот, е сосема очекуван и воедно, апсолутно ништо драматично не е констатирано, а што веќе не го знаеме. Прво,во однос на вордингот, да бидеме на чисто дека „посебен напредок” не е констатиран, ама факт е и тоа дека нема ни „назадување”. Ова се тие битни финеси во поглед на градацијата на квалификациите со кои се цени напредокот на земјава.
Второ, не би смееле Извештајот да го толкуваме надвор од контекстот на скринингот според кој е констатирано 90% ниво на подготвеност. Значи, бидејќи сме во фаза на условни преговори, мора и да водиме сметка за контекстот и целокупната „документација за оценувањето на земјава”, која во моментов е во фаза на изготвување на патокази. А не само да тропаме рецензентски небулози, „ваков бил-таков бил”извештајот.
Во една прилика, некој оправдано ќе забележи дека во самиот извештај има „неточни” укажувања. На пример, се наведува оти препораките на ОБСЕ/ОДИХР за измена на ИЗ не се случиле, и според тоа „нема напредоk”, но, факт е дека само пред неколку дена работната група составена од политички чинители го заврши предогот за имена на ИЗ вклучувајќи ги токму овие препораки на ОБСЕ/ОДИХР. И сега што ќе кажеме, дека Извештајот е погрешен, или лажен?! Се разбира дека
НЕ. Извештајот не е ни едно ни друго, туку не е апдејтиран во поглед на овој реален исчекор во врска со измените на ИЗ (кои треба допрва да дојдат во Парламетот). Има уште неколку вакви слични примери во него, каде има неконстатирани или неапдејтирани иформации, но, тоа него не го прави нерелевантен. Напротив. Поентата тука ми е , дека мора да сме свесни дека ПРОЦЕСОТ Е ВО ТЕК, и се работи на сите овие состојби регуларно и секојдневно. Уште повеќе, ние мора да разбереме што е приоритетна тема , а што тековна оценка/известувење на напредок. Во таа смисла, особено важно е да укажеме дека: НАЗАДУВАЊЕ (backslide) НЕМА. Ова е клучната квалификација за евнтуално можна тенденција кон автократизација – за која имаме и историско
досие од времето на груевизмот. Од друга страна, оценката за „немање
напредок”, особено во нашето судство и во однос на борбата со корупцијата, е вистина за срамота; ама и ние самите го знаме тоа.
Но тука лежи зајакот.
Ако владата се меша во судството, веднаш ќе добиеме етикета за “назадување” (и за автократизација). Паралелно, за справуваето со корупцијата, правосудниот систем е клучен, и оттука, изгледа дека стаува збор за магичен круг на парадокаслно врзани садови, кој не би требало да го симплифицираме до мерка точно неопходна за да дополнително да го поларизираме општеството.
Значи не се радувајте и не навивајте на наводно негативниот извештај, пошто таков нема! Полецка малце, нема потреба од залетување….а со тоа и од дополнителна поларизација; Зарем не?
Останува прашањето, што да се прави, во услови кога не сакаме извршната власт да се меша во судската , а на судската и се потребни темелни реформи. Но, за такви темелни реформи сепак потребен е консесус, а за консензус неопходно е да нема поларизација?!
Ха, ха..
Прво, овие што се радуваат на извешатјот, и што тврдат дека е НЕГАТИВЕН мора да престанат да лажат. Да беше негативен, немаше да биде ПОЗИТИВЕН, нели? т.е. немаше да предложи понатамошен интегративен пат на земјава со детални насоки каде треба да се фокусираме сите во услови на поларизација?!.
Мили луѓе, во нашите околности, на крајно парадоксални состојби, затоа, најважно е да се остане трезен и да знаеме што е реален и остварлив приоритет, а што не.
Мора да распознаеме која е фронтална порака на извештајот, а која има и отворен дополнителен простор за подобрување и напредок. И од оваа
перспектива, тврдам дека прв приоритет е деполаризацијата (исто како што е наведено во Извештајот) која ќе овозможи уставни измени за откочување на процесот на преговорите, и ќе овозможи консенсуален а болен реформски процес (со фокус во судство и антикорупциа). Од овие назнаки, исто, ќе зависат и паричните награди од Планот за Раст.
По ова, сами оценете , каде се кочниците на асоцирањето и на реформите, и кој тоа таму треба да се опасуљи.