Префесори, економисти, бизнисмени, правници, банкари – со различни образовни звања и од различни сектори беа „регрутирани“ досегашните премиери на државата. Од осамостојувањето до сега на Илинденска бр 2 во премирескиот кабиент поминаа 10 имиња – некои со двоен мандат а на некои премиерскиот мандат се броеше во денови
Според траењето на премиерските мандати предничи ВМРО – ДПМНЕ, со повеќе од 14 години, но од нив 9 години и 145 денови на чело на Владата беше само едно име – Никола Груевски. СДСМ има помалку години „власт“ но со поголем број на премиерски имиња, особено по изборите во 2002 та.
Прв премиер на првата експертска Влада на Македонија во периодот од 1991-1992 беше Никола Кљусев, застанува на чело како независен. По вокација економист – универзитетски професор. Во текот на неговиот мандат беше воведена македонската валута и се формираше Армијата.
На 4 ти септември 1992, отако СДСМ извојува победа на парламентрани избори, на чело на Владата застанува Бранко Црвенковски. Ова ќе биде и прв премиерски мандат – но не и последен за Црвенковски. Во првиот мандат ја водеше Владата до крајот на ноември 1998 та година – вкупно 6 години и скоро 3 месеци. Во овој период започнаа и се спроведоа најтешките процеси низ кои помина државата по осамостојувањето – транзицијата и приватизацијата. Бранко Црвенковски станува премиер и по воената 2001 година – повторно се враќа на Илинденска на 1 ноември 2002 и таму останува 1 година и скоро седум месеци.
Во 1998 година голема победа за Вмро-Дпмне, на чело на владата застанува Љубчо Георгиевски и ќе ја предводи до 1 ноември 2002 та година. Георгиевски мандатот го поминува во исклучително тензичен и тежок период – воениот конфликт во 2001 та, претходно бегалската криза на Косово кој резулираше со бегалски егзодус на границата со Македонија. Во мандатот на Георгиевски, со меѓународна логистика и домашен консензус беше потпишан Охридскиот рамоковен договор која беше гарантор за стабилноста и мирот во државата. Герогиевски во 2006 та доби бугарскко државјанство што предизвика реакции и контроверзии во јавноста.
Единствена жена – премиер во два наврати беше Радмила Шеќеринска. Првиот мандат кој го започна во мај 2014 та траеше 21 ден – кога таа застана на чело на Преодна Влада. Вториот мандат го започна на 18 ти ноември и траеше 24 дена – исто така предводеше Преодна Влада.
Банкарот Хари Костов застанува на чело на Влада на 2 јуни 2004 та година – како независен кандидат, но во време на владеење на СДСМ . Ја предводи Владата неполни 6 месеци, на 15 ти ноември истата година поднесе оставка.
По изборите во 2002 та СДСМ од своите редови делегира уште еден премиер – Владо Бучковски, универзитетски професор. Бучковски ја предводи Владата од 12 декември 2004 та до 26 ти август 2006 та година или 1 година и 8 месеци. Во 2008 беше осуден на 3,5 години затворска казна, таа не стана правосилна. Предметот “Тенковски делови“ кој почна во 2007 та, треаше со години, а во 2019 та застаре откако неколку пати се враќаше на повторно судење.
По изборната победа во 2006 та – Вмро Дпмне ја презема власта во државата, на чело на Владата застанува Никола Грувески. Преку редовни и предвремени изборни циклуси Груевески ќе се одржи на власт 9 години и 5 месеци. Во дел од овој период економијата испорачува едни од подобрите резултати во однос на растот, инвестициите, но во исто време се случува и проектот Скопје 2014 та кој ќе остави траен белег за државата но и ќе биде пропратен со контроверзии и прашања на кои до денеска се чека одговор. Никола Грувески сега е во Унгарија каде доби политички азил по бегството од Македонија – отако доби казна затвор за еден од случаите на тогашното СЈО а има обвиненија и за други предмети.
Социологот Емил Димитриев застанува на чело на Техничка Влада на 18 ти јануари 2016 година – по оставката на Груевски а како дел договорот постигнат во Пржино. Димитриев како технички премиер ќе ја води Владата 1 година и 134 дена.
На 1 ви јуни 2017 та година Зоран Заев го започна првиот премиерски мандат отако претхондо го започна процесот на објавување на незакоснки прислушувани разговори кои ќе ја урнат Владата на Грувески. Првиот мандат на Заев траеше 2 години и 7 месеци – се до предвремени парламентарни избори. На 3 ти јануари 2020 та на чело на Техничката Влада застанува Оливер Спасовски кој ќе предводи 241 ден се додека повторно по изборите не се врати Зоран Заев – со вториот мандат кој му траеше 1 година и 4 месеци. Зоран Заев поднесе оставка по локалните избори што се одржаа лани.
До средината на јануари годинава се очекува новата Влада предводена од Димитар Ковачевски да ја преземе функцијата. Според најавите од претседателот на Собранието Талат Џафери гласањето треба да се случи најдоцна до 17 ти јануари.
Неколку дена пред повлекувањето на Зоран Заев од премиерската функција, новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, ги привршува интензивните консултации со поранешни и актуелни функционери во партијата
Ова ќе биде тежок период за една влада, избрана последниот викенд со 62 гласови„за“ (еден пратеник на ДУИ не сакаше да гласа а една пратеничка беше болна од ковид), бидејќи е составена од повеќе коалициони партнери. Гледаме дека таа не е стабилна одвнатре (тука се лабилните ЛДП и ДС) и има широк дијапазон на интереси во себе. Потоа, Ковачевски како шеф на СДСМ се обидува да ги опфати сите фракции во партијата, што не е секогаш лесно. Потоа тука се нови имиња, непознати за јавноста (на пример миниостерката за култура е позната само како пратеничка во скафандер) а да не говориме за оние од нивнара сфера! Новините се добри, секако, но сите кадри на ДУИ останаа таму „зацементирани“ што ја прави ситуацијата малку конфузна
„Прошањето е дали Влада со ваков состав може да го истера мандатот до крај“, вели аналитичарот Џелал Незири.
„Фактот дека Заев заминува, а на негово место доаѓа Ковачевски, ја прави ситуацијата слична на таа од 2004 година, кога Црвенковски се повлече за на чело на владата да дојде Хари Костов. Дали Ковачевски ќе заврши како Костов, со само неколку месеци како премиер, останува да се види. Владата е сочинета од многу партии, се потпира на тенко мнозинство и скоро секоја од партиите може да ја условува поддршката на секој чекор“, оценува Незири за Радио Дојче Веле.
Алтернатива се определи за доста жешки столчиња, со кадри кои имаат само мало или нимало искуство. Министер за здравство стана стоматологот Беким Сали, генерален секретар на партијата, кој беше и кандидат за градоначалник на Чаир на последните локални избори. Адмирим Алити, поранешен директор на Јавното претпријатие Национална радиодифузија, е предложен да раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, а докторот по политички науки Џемаил Чупи стана министер без ресор, задолжен за дијаспората. Партискиот порпарол, Орхан Муртезани, кој во еден период беше директор на Железници-Транспорт е предложен да биде нов директор на МЕПСО…
Од редовите на Алтернатива за заменик-министер за образование и наука замина Лулзим Алиу, за заменик-министер за земјоделство Абдулшиќир Абедини, а за заменик министер за култура Даим Лучи. Кадри на оваа партија се предложени и за директорски места: Амир Елези во Клиничката болница во Тетово, Дритан Беџети во Фондот за ПИОМ, Мубекир Палоши во АД „Железници- Транспорт“, Блерим Абази во Управата за водење матични книги и Беким Емини во Агенцијата за странски инвестиции.
Од атарот на социјалдемократите во новата Влада останаа само некои од досегашните министерски имиња -вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за правда Бојан Маричиќ во нова позиција (евроинтеграции) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за транспорт Благој Болчварски и министерот за земјоделств о (се враѓа таму) – Љупчо Николовски.
Од истата партија доаѓа и Славјанка Петровска (беше во кабинетот на Спасовски и покажува колку е силна позицијата на нејзиниот шеф). Јованка Тренчевска е министерка за труд (мнејзиниот профил не беше објавен на сајтот на Владата!) а Бисера Костадиновска Стојчевска за култура (и за нејзиниот профил ќе почекаме).
(користени се сегменти од анализи на Vistinomer.mk. и на Dwelle.de на македонски)