Ова е сосема поинаква приказна за Кастро, но толку типична за кубанските семејства од неговиот режим
Педесетгодишното владеење на Фидел Кастро подели многу кубански семејства на оние протерани од земјата ,заради несогласување со режимот и оние кои беа на страната на комунистичката револуција,. Ниту семејството на кубанскиот водач не беше исклучок, пишува британски „Гардијан“.
Братот на Кастро, Раул, беше неговиот најблизок соработник и негов наследник на функцијата претседател на Куба, додека неговата сестра Хуана избега во Јужна Флорида. Таа постојано го нарекуваше Фидел „чудовиште“ и не разговараше со него повеќе од четири децении.
Најстариот син – Фиделито, кој долго време беше единствено официјално признато дете на Фидел, беше нуклеарен научник. Неговата најстара ќерка Алина Фернандез, вонбрачно дете, го напаѓала својот татко преку радио во Мајами.
Проширениот клан Кастро се појави благодарение на раните вонбрачни врски на Фидел и страдаше од истиот вид на дисфункција и несогласување од другите семејства: браќа и сестри кои не зборуваат, возрасни сè уште навредени од момчешки расправии и од мрачнат априказна за вонбрачни деца.
За време на долгото боледување на Кастро, започнаа да се откриваат добро скриени тајни за неговото семејство, додека неговите најмали синови и нивната мајка Далија Сото дел Вела беа собрани околу него.
Далиа, поранешна наставничка со руса коса и зелени очи, која Кастро ја запозна за време на кампањата за писменост во 1960 година, е неговата постојана врска. Таа ретко се појавуваше во јавноста и никогаш со водачот додека тој беше на власт.
Двојката, која е во врска повеќе од четири децении, има пет сина кои сега се на средна возраст. Кастро, кој го зеде Алехандро за воин за време на револуцијата, ги именуваше своите синови Алексис, Алехандро, Анџелито, Александар и Атонио како дел од инспирацијата која ја имал со Александар Велики.
Ниту еден од нив не е во политиката. Јавноста е најпозната со Антонио, или Тони. Како ортопедски хирург, тој беше и официјален лекар на кубанската репрезентација во бејзбол, а потоа стана потпретседател на кубанската бејзбол федерација и меѓународната бејзбол федерација со седиште во Швајцарија.
Со децении, нивниот идентитет, како и ликот на нивните мајки, беа државна тајна за која знаеја само мал круг од нивните најблиски соработници. Семејниот живот на Кастро бил толку таен што неговиот брачен статус со Далија бил непознат во земја каде вонбрачните сојузи се исто толку присутни како и официјалните. Некои новинарски извештаи наведуваат дека двајцата се венчале во 1980 година, на мала и тајна церемонија.
Новинарите од островот слушнале шепотења за „ла муер дел команданте“ – сопругата на командантот – но не ја виделе до почетокот на 2000 година.
Далиа се појави во јавноста следната година, во клубот Тропикана, за време на кубанскиот меѓународен фестивал на цигара. Сепак, таа не беше видена со Кастро се до 2010 година, кога тој се појави во јавноста во неколку наврати, по четиригодишно отсуство, вклучително и на неговото прво обраќање пред Собранието откако се разболе.
Поделбите во семејството датираат уште од времето на битката за старателство над Фиделито, што беше актуечно пред Кастро да ја собори хунтата на Батиста во 1959 година. Поделбите само се зголемија и станаа уште пожестоки по револуцијата.
Првата сопруга на Фидел, Мирта Дијаз-Баларт, се разведе од него во средината на 50-тите години на минатиот век и ја однесе во САД Фиделита, родена во 1949 година и прва од деветте деца на Кастро.
Кастро сакаше да го оддалечи петгодишното дете од семејството на Мирта и нејзиниот брат Рафаел, кој беше службеник во владата на Батиста. Двајцата внуци на Кастро, Маро и Линколн Дијаз-Баларт, подоцна станаа конгресмени во Флорида и го персонификуваа протерувањето на опозицијата од страна на неговиот режим.
„Одбивам да помислувам дека мојот син може да спие една ноќ под истиот покрив што ги штити моите најголеми непријатели и го сакаат оние сиромашни Евреи“, и напишал Кастро на својата полусестра Лидија во 1956 година.
Додека во Мексико се подготвуваше за герилска војна, Кастро ја убеди Мирта да ја испрати Фиделита во двонеделна посета, а потоа одби да го врати. Подоцна, додека сестрите на Кастро го шетаа во паркот Чапулетепек во Мексико Сити, тројца вооружени мажи скокнаа од автомобилот и го киднапираа Фиделито, со цел да и го вратат на Мирта.
Дури и за време на растењето на Кастро како дете во источна Куба, имало семејни компликации. Главата на семејството, Анхел Кастро, кој мигрирал од шпанскаа Галиција во Куба, сè уште бил во брак со својата прва сопруга кога го основал семејството со мајката на Фидел, Лина Роуз, инаку собарка на семејството.
Нејасно е што се случило со Марио Аргот, првата сопруга на Анхел, со која имал две деца – Лидија и Педро Емилија.
Ангел и Лина имале седум деца и се венчале во црквата, откако се родило третото дете – Фидел.
Кога станува збор за неговите потомци, Фидел официјално го признал Феделито, русокосо момче со слики од периодот пред револуцијата, кој денес неверојатно личи на својот татко. Фиделито стана шеф на кубанската комисија за атомска енергија,. Наводно требало да биде отстранет од таа позиција, од засега непознати причини, од страна на неговиот татко на почетокот на 90-тите години. Алина Фернандез, родена на 3 март 1953 година, од Кастровата љубовна афера со Наталија Ревуелта, темнокоса убавиоца, сопруга на кардиолог која се вљубила во него во текот на револуционерните борби. Алисија ја напуштила Куба во 1993 година, со помош на перика и лажен шпански пасош, а подоцна го опишала своето детство и чувството на осаменост во книгата „Ќерката на Кастро, изгнаничка од Куба“.
„Сакав да најдам решенија за сите тие недостатоци – облека, месо“, напиша Алина, која беше ангажирана од Си-Ен-Ен да пишува коментари откако нејзиниот татко се разболе во средината на 2006 година. „Исто така, сакав да го замолам да ни го врати Божиќ“ -додаде таа, размислувајќи за укинување на празникот за да можат работниците да учествуваат во тогаш важната берба на берба на шеќерна трска.
Книгата на Алина создаде јаз дури и кај роднините на Кастро во егзил – Хуана покрена тужба во Шпанија во 1998 година, тврдејќи дека книгата ги клевети нејзините и родителите на Фидел. Таа го доби судскиот спор и отштета од 45.000 американски долари..
Кастро е татко на најмалку уште две вонбрачни деца – Хорхе Анхел Кастро, кој остана во Куба и стана татко на најмалку четири деца, вклучувајќи тројки и Франциско Пупо, кој заедно со нејзиниот сопруг мигрирал во Соединетите Држави во 1999 година.
Во меѓувреме, ќерката на Раул, Мариела, која се омажи за италијански бизнисмен, стана еден вид револуционер кој го водеше Националниот центар за сексуално образование и се залагаше за правата на ЛГБТ заедницата, но нејзиниот активизам подоцна стана дел од политичкиот мејнстрим кога Куба стана многу потолерантна на хомосексуалноста.
И покрај разликите, Кастро, кој сè уште живее на островот, редовно се гледа на ручеците во недела направени од Раул, кој ја презеде улогата на главен организатор на овие настани.
Како и многу други семејства, и Кастро ги остава своите кавги настрана за време на кризи. Хуана Кастро одби да слави со другите прогонети кога нејзиниот брат Фидел имаше критична операција во 2006 година. Таа истакна дека тагува и дека, и покрај сè, тој е нејзин брат.