Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СКАНДАЛИТЕ ВО СУДСТВОТО САМО СЕ МНОЖАТ

January 30, 2024 Filed Under: Македонија

Процесите на кои им се заканува застарување подземната или поточно паралелната држава по секоја цена сака да покрие со правот и пепелта на заборавот. Ова секако само кажува колку ли само е оправдано незадоволството на странскиот фактор од третата власт

КРИВИЧЕН СУД Долга ли е раката на Груевски?

Судијката Даниела Димовска, поради приватни причини, неодамна побара да биде изземена од судечкиот совет во предметот „Титаник“. Станува збор за двата предмети што и беа распределени, а кои ги водеше судијата Осман Шабани, кој неодамна беше избран за судија во Апелацискиот суд во Скопје.

Предметот „Талир“ се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и беше отворен 2019 година и беше во доказна постапка, како и повторената постапка за случајот „Титаник“ кој започна во 2018 година

Претходно таа побара изземање и од предметот „Талир“.

Пред денешната расправа, која беше одложена за 1 март, судијката посочи дека со еден од обвинетите била колешка додека работела во Собранието на Република Северна Македонија, а со друг, како што рече, се познавале од слави! Секако, со многу од обвинетите а судени предмети од неа можеби се сретнувакла на Зеленото пазарче…

Судењето за „Талир“ почна на 2 март 2020 година. Првообвинет е експремиерот и бивш лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, но нему му се суди во отсуство, бидејќи, избега и доби азил во Будимпешта. Покрај него, обвинети се и Кирил Божиновски и Миле Јанакиески. Тројцата се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и за перење пари.

Во „Титаник“, предмет за дела против изборите и гласањето, е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој призна вина и доби три и пол години затвор.

„Титаник“ е првиот случај за кој своевремено, на почетокот на 2016 година, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори истрага.

Поради смената на судечкиот совет, двата предмети сега ќе треба да започнат од почеток! Во „Титаник“, предмет за дела против изборите и гласањето, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески призна вина и доби три и пол години затвор

Барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда по предметот познат во јавноста како „Титаник“, а поднесени од осудените Миле Јанакиески и Коста Митроски се неосновани, информираа денеска од Врховниот суд.

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet