Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СКАНДАЛОЗНИТЕ МЕМОАРИ НА ЏОРЏ ТЕНЕТ, ЕКСШЕФОТ НА ЦИА (1)

April 16, 2018 Filed Under: Фељтон

Џорџ Тенет беше еден од оние кои лесно ги туркаат американските војници да гинат со лажни информации. Деновиве сме сведоци дека тој не бил осамен – во лобито на Белата куќа клешат многу вакви персони

ПИШУВА: БИСЕРА ФАБРИО

ЖРТВЕНО ЈАГНЕ Шпионот кој премногу грешел – Тенет го поштеди својот претседател од вината

Блискиот Исток одново е во центарот на светската јавност. Големите воени сили се групираат на Медитеранот – САД, Израел, Фанција и Брианија на една страна, Русија, Сирија, Иран, Кина и веројатно другите азиски држави на друга страна Се покажува дека полињата со нафта се како кошници со пчели за за кои се настрвило се што се движи. Во овој број донесување и германска анализа овој можен судир кој може да се лизне во светска војна! Но, настрана од тоа објавување и потсетување за една сличлна војна, онаа во Ирак, гледана од страна на Џорџ Тенет, шефот на ЦИА од 1995 год. до 2004 год.. Тој три години отксако замина од тоа жешко столче ги објави мемоарите „Во центарот на луњата“ во кој тешкиот товар на одговорноста за нападите врз Ирак, го префрли врз Кондолиза Рајс и Дик Чејни, а речиси го екскулпира Џорџ Буш, благодарение на кој опстојал на разузнавачкиот врв, наспроти своите катастрофални пропусти

Повеќе од  три години Џорџ Тенет молчел и во самотијата на својата работна соба ги подготвувал големите мемоари. Вториот најдолговечен шеф на ЦИА, американскиот Грк од Квинс, е единствениот разузнавач кој ја водел Агенцијата во време на два американски претседатела од две меѓусебно спротивставени политички партии: 1995 год. кога Тенет дошол во ЦИА, демократот Бил Клинтон беше претседател на Америка, а Агенцијата ја напушти во 2004 година во време на мандатот на републиканецот Буш. За речиси 10 години, колку што ја водел Агенцијата, Тенет политички преживеал два најголеми срамни разузнавачки пропусти – не го предвидел, ниту, пак, го сопрел нападот на Соединетите Американски Држави на 11 септември 2001год., ниту, пак дал точни информации за тоа дали Ирак располага со оружје за масовно уништување. Врз основа на погрешните процени на Тенет, Американците тргнаа во ирачкото крвопролевање, а оружјето за масовно уништување, главниот виновник за одењето во освојување на Ирак, исчезнало како меур од сапуница.

ТОТАЛНО ПРОМАШУВАЊЕ Тенет не ги ги виде подготовките за нападот на 11 септември

ТОП ЛИСТА НА ВИНОВНИЦИ Џорџ Буш е единствениот функционер којшто Тенет барем до некаде го поштедил во своите мемоари и кој, се чини, не сноси вина за катастрофално лошата одлука на американската администрација за нападот  на  Ирак. Буш испаднал помал негативец од сите затоа што на крајот на мандатот го пофалил Тенет за успехот на ЦИА против Талибанците во Авганистан и му врачи медал за слобода – најголема награда којашто цивил може да ја добие во Соединетите Американски Држави. Сите останати – со исклучок на бившиот американски државен секретар Колин Пауел, се виновни. Најлошо поминала најдобрата пријателка на Џорџ Буш, Кондолиза Рајс и неговиот потпретседател, Дик Чејни. За нив Тенет не трошел многу убави зборови во својот политички бестселер „Во центарот на луњата“, кој е објавен кон крајот на април.

Кога во април 2004 година Џорџ Тенет ја поднел оставката на должноста директор на ЦИА, сите аналитичари се согласија дека тој е само жртвено јагне во американското забошотување на големата ирачка срамота. Со години Тенет бил професионален разузнавач и никој не поверувал во обвинувањата дека токму тој на Буш му доставил сомнителни или потполно неточни податоци за вооружувањето на Садам. Тенет, сепак, ја презел одговорноста за преувеличувањето на опасноста од багдатскиот режим, но всушност, тоа морал да го стори за да го заштити Џорџ Буш и клучните луѓе во неговиот кабинет. Никогаш до крајот не стана јасно зошто шефот на ЦИА безусловно се согласил на ова, а клучен одговор Тенет не дава ниту во своите мемоари.

ИМАШЕ И МЕДАЛ Претседателот Буш го одликуваше ексшефот на ЦИА во декември 2004

Многумина републиканци не го сакаа зашто на челната позиција во ЦИА, во пролетта 1997 година, го именувал Бил Клинтон. Тој човек, предупредуваат критичарите на Тенет, во вашингтонската бирократија напредувал токму поради својата силна способност на надредените да им го говори само она што сакаа да го слушнат. Повеќе бил извршител отколку лидер, повеќе оперативец отколку харизматичен чувар на вашингтонските тајни досиеја. Меѓутоа, Тенет не можеше да одбере подобар тајминг за одмазда. Со години стануваше позбеснат, особено кога сфати дека одговорноста за ирачката грешка елегантно се префрлува врз него. Му здосади во „Вашингтон пост“ и во „Њујорк тајмс“ да ги чита текстовите во кои високи анонимни извори на новинарите им прераскажуваат, наводно, вистински епизоди од Белата куќа во кои Тенет е главен јунак, кој непрекинато го уверува Буш дека Ирак има оружје за масовно уништување и затоа, бездруго, треба да се нападне. Слична одломка во која Тенет е опишан како марионета која со недуховити забелешки се обидува да го одоброволи претседателот Буш, го пронајде своето место и во последната книга за ирачката криза на Боб Вудвард. Тенет тврди дека ништо од тоа не е точно и дека неговите вашингтонски непријатели сето тоа го направиле само за да можат потполно да го дискредитираат. Во тоа на големо и успеаја. Денес, во Америка Тенет веќе не е личност на која треба да ~ се верува. Вината не е само во него.

 

(продолжува во следниот број)

Filed Under: Фељтон

КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ
MАЛА ФОРМА, ГОЛЕМА ПРЕТСТАВА: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ ЗА МОЌТА НА МОНОДРАМАТА И СИЛАТА НА ЕДЕН АКТЕР
ЗОШТО СИТЕ ПУКААТ ПО ПП-ДБ?

Најново

  • КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
  • ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
  • БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet