Директорот на Канал 5 телевизија, Иван Мирчевски се вклучи во емисијата „Само вистина“, за да му каже на гостинот, поранешниот пратеник Исмет Рамадани да ја напушти емисијата. Пренесуваме дел од реакции што ги собра новинарите на Цивил медиа
На Мирчевски во тој настан не му се допадна тоа што го кажа гостинот, и реши да го отстрани од емисијата, ускратувајќи му го правото на слобода на говорот. Истовремено, во јавувањето Мирчевски изрази лични ставови во однос на етничките односи во Северна Македонија.
САРАЧИНИ: ЦЕНЗУРА И КРШЕЊЕ НА СЛОБОДАТА НА ГОВОР
Одлука за прекинување на ТВ емисија или ТВ дебата може да донесе новинарот, или уредникот/ главниот уредник, а не директорот или менаџментот на телевизијата, особено не со директно јавување во живо, во кое бара од поканетиот гостин да ја напушти емисијата! – напиша медиумскиот експерт Петрит Сарачини, по повод немилиот инцидент во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, во која се вмеша директорот Иван Мирчевски и буквално го избрка гостинот од студиото – угледниот интелектуалец и експерт, Исмет Рамадани. „Освен што може да се толкува како цензура и кршење на слободата на говор, тоа што го видовме денес на Канал 5 може да се смета и како директно кршење на автономијата на редакцијата од страна на менаџментот“, напиша Сарачини. „Така се гледа на овие работи во демократски земји“, пишува Сарачини и ги предизвика професионалните и етичките новинарски тела.
„Како ќе реагираат на овој инцидент професионалните и етичките новинарски тела, ќе видиме деновиве. Тие реакции ќе бидат огледало во кое ќе се рефлектира капацитетот на новинарскиот еснаф да ја одбрани независноста и дигнитетот на професијата!“ – заклучи Сарачини
ЗОРАН ИВАНОВ КАНАЛ 5 и „САМО ВИСТИНА“ ТОА НЕ ГО ЗАСЛУЖИЈА Не бев директен сведок пред ТВ екранот, но според одгласите и видео парчињата што вечерва веднаш по популарната дебатна и полемична емисија ги преплавија социјалните мрежи, „терористичкиот“ упад на телевизискиот директор, кажано во оваа една реченица, беше негово менаџерско фијаско, непримерен атак врз автономноста на конкретната емисија и, притоа, неговиот обид да го заштити водителот, го сведе на „мечкина услуга“. Бидејќи, младиот и, сепак, искусен новинар, во мал милион идентични водителски и домаќински ситуации досега, пред своите соговорници и пред телевизискиот аудиториум, докажал дека умее да се справува со „немирните“ гости иако овој пат и тој подлегна пред авторитетот на својот актуелен претпоставен и, сето, наспроти нивната недвосмислена обврска по секоја цена да го испочитуваат својот гостин колку, според нивниот суд, тој и да направил некаков непримерен вербален „деликт“, попрецизно, не само гостинот туку да ја испочитуваат и да ѝ дозволат и на јавноста, на гледачите, таа и тие, да го донесат судот за причината која ги вознемирила домаќините зашто, ако ништо друго, Канал 5 и популарната „Само вистина“, вечерва тоа не го заслужија.
ИВАН МИРЧЕВСКИ Е СРАМ ЗА НОВИНАРСКАТА ФЕЛА „Како поранешен член на Советот за радиодифузија денешна Агенција за аудио и визуелни медиумски услуги згрозен сум, но не и изненаден од настапот на директорот на Канал 5“ – Иван Мирчевски, реагира во Замир Мехмети. „Со дотичниот сум имал можност да дебатирам кога во Советот имавме дебата за родова еднаквост во националните телевизии и одблиску се уверив дека се работи за ноторен лажго и опасен манипулатор, кога без срам не убедуваше дека во телевизијата каде тој е директор нема никаква дискриминација, па дури дека жените се најгоре на пиадесталот, додека во исто време во Канал 5 се емитуваше шоуто на Миленко кое од почеток до крај беше преполно со говор на омраза, со расна, родова и етничка дискриминација, а директорот се правеше наудрен или „јас нисам одавде” Во тоа време Миленко во неговата емисија ја навредуваше новинарката Мери Јордановска со најдолни зборови, ширеше невиден говор на омраза кон неа и кон други нејзини колешки и колеги новинари. Во еден момент му реков – нели ви е срам директоре да држите вакво лажно предавање за родова еднкавост, додека Миленко навредува и шиканира новинарки во телевизијата каде Вие сте директор? Он на тоа со наведната глава кратко одговори дека тоа шоу е од приватна продукција и они не смеат да се мешаат во уредувачката политика.И замислете да ни се продаде сите нам гледачите како отворен, неоптоварен и професионален човек и новинар, со булшити од типот јас имам многу браќа Албанци, како тоа да е нешто многу ненормално, а ете он широкиот сепак нема проблем со тоа.
Иван Мирчевски е срам за новинарската фела и фактот дека он е директор на национална телевизија говори доволно до кое дереџе за жал денес се медиумите“, наведува Мехмети во неговата реакција.
ДОЈРАНЛИЕВА Како не му е срам на Мирчевски? Ова ли е слобода на говорот, или слобода на директорот да се јавува од дома и да брка гости? Исмет Рамадани на „Само вистина” на Канал 5 издржа против 2-ца нас’скани новинари (едниот гостин за дебата, другиот водител), да не им ги потврди махинално нивните по 10 пати повторени реторички прашања дека СДСМ е крив за невлегувањето во ЕУ, дека Ковачевски и Груби лажат, па сврте на критика кон етничките недоследности во програмата на медиумот за кои тие не реагираат, со што оставаат простор за подгревање на националистички тензии. Па по ова, се јави директорот Мирчевски во живо да го искара гостинот, да го истера од студиото и да ја прекине емисијата. Не, ова не е Авганистан, на телевизија Канал 5 се случи, кај нас., реагира на Фејсбук новинарката Јованка Дојранлиева, на вчерашниот инцидент предизвикан од директорот на Канал 5, Иван Мирчевски во емисијата „Само вистина“..
„Не излегувам од студио, а ти прекини ја емисијата” – одважно и самоуверено врати Рамадани, вели Дојранлиева . Што ќе каже АВМУ? Ова ли е слобода на говорот? Или, Слобода на директорот да се јавува од дома и да брка гости, а не слобода на говорот на поканетиот гостин за дебата во медиумот?!“, прашува новинарката Дојранлиева.
ЛЕНИ ФРЧКОСКА: ЛИЦЕТО НА ТАА ТЕЛЕВИЗИЈА Е ИЗВАЛКАНО За почеток, директор/сопственик/менаџмент на телевизија не смее да се меша во уредувачката политика на емисијата, вели новинарката и уредничка во Либертас.мк, Лени Фрчкоска, во изјава за ЦИВИЛ, по повод скандалот во ТВ Канал 5, чиј директор грубо ја прекина емисијата „Само вистина“ и го избрка од студиото угледниот интелектуалец и прв човек на Евроатлантскиот совет, Исмет Рамадани. За почеток, директор/сопственик/менаџмент на телевизија не смее да се меша во уредувачката политика на емисијата. Според Фрчкоска, одлука за прекинување на емисија или дебата може да донесе новинарот, или уредникот/ главниот уредник, а не директорот или менаџментот на телевизијата.
„Тоа претставува кршење на автономијата на новинарот, а наводно грижливото и патронизирачко ‘извинете му се на новинарот’ е, всушност, понижување на новинарот“, констатира Фрчкоска во изјавата за ЦИВИЛ.
Таа посочи дека „новинарот или уредникот (повторно – не директорот или сопственикот) имаат право и обврска да отстранат гостин, доколку тој инсистира да продолжи да користи говор на омраза, откако е предупреден.“
„Со долгото емитување на ток шоуа со повторувачки и еклатантен говор на омраза на основа на расен, национален, родов итн. идентитет за кои се правдаа со „тоа се надворешни проекти на чие уредништво немаме влијание“ (притоа, не гледаа проблем да им обезбедуваат време и ресурси, и тогаш беше директор Мирчевски, па не се јавуваше скандализиран од содржината) за кои никогаш не се извинија – лицето на таа телевизија е извалкано“, истакна Фрчкоска. Па макар биде дополнително патетични и отвориле уште 5 соби за молитва“, заклучува иронично Фрчкоска.
ДРИТОН ЗЕНКУ: Забелешките на Рамадани беа разумни, во „Само Вистина“ точно е дека често се истура гнев против Албанците
Она што се случи во средата навечер во директниот пренос на емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5, уште еднаш ги докажува дивергенциите што постојат во нашето општество, вели во изјава за ЦИВИЛ, новинарот Дритон Зенку, коментирајќи го синоќешниот телевизиски скандал на Канал 5 телевизија, во кој директорот на овој медиум побара еден од поканетите гости да го напушти студиото. Според него, водителот на емисијата Александар Видиновски објасни дека се оградува од антиалбанските квалификации, а факт е дека водителот на емисијата може само толку од својата улога. Но, случајот со Мирчевски докажува каква улога имаат директорите на медиумите, во случајов, националните телевизии во Северна Македонија. Тие имаат тенденција да се однесуваат како луѓе со апсолутна моќ
ЗЕМОН: НАЦИОНАЛЕН МЕДИУМ НЕ СМЕЕ ДА ПРОМОВИРА ВОЛУНТАРИЗАМ НА ДИРЕКТОР НА МЕДИУМ: Ова е недозволиво за едно демократско општество и газење на правото на говор и слободна мисла. Исмет Рамадани не користеше никаков говор на омраза за да се избрка од студио и да се прекине емисијата. Тоа што го критикуваше Канал 5 и тоа што зборуваше не му одговараше на Мирчевски е друга работа. Впрочем и ЕКРИ (Европската комисијата против расизмот и нетолеранцијата) посочи нешто слично за Канал 5, во извештајот пред еден месец, напиша Рубин Земон од Центарот за истражувања на својот Фејсбук профил.
Така е кога насекаде имаме недообразовани уредници и новинари…!
АААВМУ треба веднаш да реагира, и ако газдата на Канал 5 не го промени директорот, да му се одземе лиценцата. Национален медиум не смее да промовира ваков волунтеризам на директор на медиум!
Не се согласувам со тоа што го говориш, но до смрт ќе го бранам твоето право слободно да се изјасниш“ (Волтер). Оваа цивилизациска вредност е искажана во 18. век, како една од главните постулати за градење на републиканизмот и демократското општество.
(Користени се материјали објавени на Цивил медиа)