Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СКАПИОТ ТЕАТАР УШТЕ ГОЛТА ПАРИ ЗА СРЕДУВАЊЕ

August 4, 2021 Filed Under: Македонија

Од корен се санира дел од зградата на Македонскиот народен театар, чија изградба чинеше повеќе од 33,5 милиони евра, во рамките на проектот „Скопје 2014“. Протекувањето во фоајето стана опасно и за публиката и за луѓето во театарот

ГОЛЕМИ ПАРИ Инвестиции имаше и за изградба и за санација

ТОШЕ ОГЊАНОВ

Изразот од ликовите на ова рекламно платно од некогашна претстава најреално ја отсликува драматичната ситуација во која подолг период се наоѓа зградата на Македонскиот народен театар.
„Со текот на времето, од помало протекување, сега чувствуваме неверојатно лоши последици и буквално дел од фоајето се поплавува“, вели Гунтер Кубе, технички раководител на МНТ.

Повеќе од две милијарди денари (2.071.514.556 денари), или повеќе од 33,5 милиони евра преку Министерството за култура се потрошени за изградбата на објектот во рамките на проектот „Скопје 2014“..Театарската зграда беше отворена во 2013 година, а денес дел од просториите изгледаат како извадени од хорор претстава. Одронети тавани, ѕидови набабрени од влага, вода покрај самите електрични инсталации. Дел од театарската сценографија, пак, пренаменета за заштита на скапиот ентериер.

ХОРОР Некои делови од МНТ се добри за снимање на хорор

„Повеќе пати се правени делумни санации, како од изведувачот, така и од неговите подизведувачи. Дел од нив беа во рамките и на гаранцијата што следи со објектот. Но, ниту еден од тие зафати не го реши проблемот во целост“, додава Кубе.

Како што велат од МНТ, проблемот доаѓа од терасата на северната страна, каде хидроизолацијата не била поставена соодветно. Деновиве почна нејзина целосна санација и тоа со сума од 1.200.000 денари, добиени од Министерството за култура.

„Санацијата е од поголем карактер. Се прави тотална реконструкција и санација на терасата. Понатаму санација и на ентериерот, зашто и тој е прилично оштетен и со тоа очекуваме дека овој проблем, еднаш засекогаш, конечно ќе се реши“, истакнува техничкиот директор.

Според директорката на МНТ, Симона Угриновска, сегашната санација е само еден дел од поправките што треба да се направат во зградата. Во телефонскиот разговор ни рече дека на прво место го ставиле протекувањето, за да се гарантира безбедноста на публиката и на луѓето воОштетувања се видливи и од надворешната страна на театарот, на фасадата и оградата.

Средствата за сегашната санација се одобрени од Министерството за култура. Од таму ни рекоа дека до нив не е пристигната информација за други делови од зградата кои се оштетени. Од ресорното министерство додадоа и дека МНТ има обврска да се грижи за тековно и инвестициско одржување на објектот.

Во театарот моментално не се изведуваат претстави, а новата сезона се очекува да почне наесен со редовен репертоар.

објектот.

 

(Глас на Америка)

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet