Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СКОПЈЕ ПРАЈД, ВО СЛАВА НА СЛОБОДАТА!

July 2, 2019 Filed Under: Македонија

Скопје прајд го доживеав како културолошки и филозофски исчекор на општеството во една модерна, европска и светска димензија. Тоа е така охрабрувачки

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

СКОПЈЕ ПРАЈД Собирањето и парадата дејствуваше толку охрабрувачки

Не се сеќавам дека во Скопје имало повесела, пошарена, поослободителна, посончева, манифестација, од Првата прајд парада. На различноста. Отидов да дадам поддршка на една маргинализирана и онеправдана група, но се случи некое чудно взаемнодејствие така што колку јас турав капки во казанот на нивното ослободување, толку, или уште повеќе, тие сипуваа во бардакот на мојата слобода.

Скопје прајд го доживеав како културолошки и филозофски исчекор на општеството во една модерна, европска и светска димензија. Тоа е така охрабрувачки. Особено на фонот на општата катастрофичност, огорченост и безнадеж, што се шират како пожар во сува трева.

Се разбира, во преден план беа проблемите, правата и интересите на ЛГБТ популацијата, но позитивната енергија што зрачеше во текот на целата манифестација имаше и пошироки значења.

ВЕСЕЛ ДУХ Масата беше исполнета со весел дух на учесниците

Прајдот беше подржан од пријателите на домашните хомосексуалци од соседните земји и од различните во сексуалната ориентација во земјава и воопшто од луѓето што се сметаат за слободни или мислат дека не се под колективната стигма. Во димензии кои за една, сепак, заостаната и културно згмечена земја, беа импресивни.

Враќајки се откај паркот, меѓу зградите кај Друштвото на новинарите, ја забележав таканаречената контрапарада, попската манифестација на конзервите на македонската заостанатост, вкопаност, желкост, неподносливост кон промените, кон новото и модерното. Напумпано со омраза кон различното. Слушам дека ги водел некој поп што се викал Ивица. Сто посто ќе завршат во рајот. Тоа е место кај што Господ го остава секој човек да се ебе со самите себе.

 

Filed Under: Македонија

НА ВМРО ДПМНЕ НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ПРЖИНСКИОТ МОДЕЛ ЗА ИЗБОРИ СО ТЕХНИЧКА ВЛАДА
ЕВРОПСКИ СТНДАРДИ И МАНЕВРИТЕ НА МИЦКОСКИ
СТИВЕН МИЛЕР И НЕГОВАТА ДОКТРИНА НА АГРЕСИЈА
ЏУЛИЈА РОБЕРТС: НЕ САКАМ ДА ГО МИНУВАМ ВРЕМЕТО ВО СТРАВ И ВОЗНЕМИРЕНИОСТ
СTРАЗБУР ГИ СПОРИ СМЕНИТЕ И „ИНТЕРПЕЛАЦИИТЕ“ ВО СУДСТВОТО (1)

Најново

  • НА ВМРО ДПМНЕ НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ПРЖИНСКИОТ МОДЕЛ ЗА ИЗБОРИ СО ТЕХНИЧКА ВЛАДА
  • ЕВРОПСКИ СТНДАРДИ И МАНЕВРИТЕ НА МИЦКОСКИ
  • СТИВЕН МИЛЕР И НЕГОВАТА ДОКТРИНА НА АГРЕСИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet