Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СКОПЈЕ СЕ ИСКАЧИ НА 1 МЕСТО КАКО НАЈРЕНТАБИЛЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СО СРЕДНА ГОЛЕМИНА ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ

March 5, 2024 Filed Under: Македонија

Најголем дел од странските инвеститори се во технолошко индустриските зони во Скопје. ТИРЗ со новиот пристап за привлекување на инвестиции кој го спроведува во последниве три години резултираше во постигнати инвестиции од над 1 милијарда евра, што е еднакво на вкупниот обем на инвестиции од 2006 до 2019 година

АКО КОЗА ЛАЖЕ, РОГ НЕ ЛАЖЕ Објацвена табела за тоа како се котира Скопје во однос на привлекување на грдовите со средна големина

Скопје се најде на врвот на ТОП 10 европски градови со средна големина според ефективноста, односно рентабилност за инвестирање на рангирањето кое го прави економското списание ФДИ интелеџенс, дел од реномираниот меѓународен весник за економија, Фајненшл Тајмс. Ова е скок од четврто место на кое беше главниот македонски град на минатогодишното рангирање. Годинава и регионот на Скопје исто така се најде меѓу првите десет мали европски региони кои го носат епитетот “градови и региони на иднината“ во однос на бизнис клима и инвестирање. Од главните градови во соседството, Софија е рангирана на 2 место во категоријата на рентабилност, а Белград е рангиран на 8 односно 9 место во категориите рентабилност и деловна клима.

На рангирањето што ова списание го прави секоја година се рангираат градови и региони од Европа според привлечноста, поволна бизнис клима како и можности за странски инвеститори. Рангирањето се прави според учиникот и перформансите во следниве пет поткатегории: економски потенцијал, човечки капитал и начин на живот, поврзаност, поволна бизнис средина и економичност. Годинава тимот експерти на фДИ и Фајненшал Тајмс го направи изборот меѓу 330 градови и 41 региони.

Најголем дел од странските инвеститори се во технолошко индустриските зони во Скопје. ТИРЗ со новиот пристап за привлекување на инвестиции кој го спроведува во последниве три години резултираше во постигнати инвестиции од над 1 милијарда евра, што е еднакво на вкупниот обем на инвестиции од 2006 до 2019 година. Во 2023 се потпиша и договорот за најголемата странска гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата,  тајванскиот гигант „Јагео“ со договор вреден 205 милиони евра.

Ефектот од странските инвестиции носи и директните придобивки за граѓаните. Просечната плата во Зоните веќе во октомври 2023 година надмина 40.000 денари што е двојно повеќе споредено со 19.000 во 2016 година, a бројот на работници се искачи на 18 000 што е три  пати повеќе споредено со 6 000 во 2016 година.

Повеќе детали на линкот: https://www.fdiintelligence.com/content/News/european-cities-and-regions-of-the-future-2024-the-winners-83483

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet