КАТEРИНА КОЛОЗОВА
Скринингот за Копенхашки критериуми почна со брутална констатација од ЕУ – „ниедна од кандидатките не го исполнува условот “слободен пазар..” Само со секторска интеграција, виа полиси и промена во стварноста, ќе ги исполните, а не со папири на маса. За арно испадна таа француската методологија
Кога им кажав на касиерките од Carrefour дека не е мала криза и ќе ги избркаат. Исто пред тоа им кажав и на McDonald’s дека ќе ги изгонат од земјата. Се гледаше, не дека имав информации. Ако сакате во ЕУ нема турски “филијали” на меѓународни компании да фаворизирате и да им давате статус на монопол (Бургер кинг). Карфур ги избркавте, Голоаз веќе не се произведува ниту увезува од Словенија (порано Скопје си го пакуваше).
Ова е што француско ми фали тука мене лично, не само за монополите. Енивеј, малце посериозно: економијата е исто меѓународна политика и дипломатија – е сега Карфур ги тормозите па бркате, Сосиете Женерал ги гнетевте и укинавте, па не сте им симпатични, што да кажам? На страна француски бизнис, да се вратиме на монополите: стварно се ствараат овде.. дури и во академија (журнали и бази и рејтинг компании -Шангај- ги фаворизира Закон за високо… да, вклучија повеќе, ама имиња на приватни, комерцијални компании: Скопус, Кларивет етц, а ставија „и други” па сега секое предаторско списание проаѓа).
Да скратам, скринингот за Копенхашки критериуми почна со брутална констатација од ЕУ – „ниедна од кандидатките не го исполнува условот “слободен пазар.” Само со секторска интеграција, виа полиси и промена во стварноста, ќе ги исполните, а не со папири на маса. За арно испадна таа француската методологија.
(од Фејбук статусот на авторката)