Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СЛАВНАТА ЕМИНА ОД ПОЕЗИЈАТА НА ШАНТИЌ БИЛА ВИСТИНСКА МОСТАРСКА УБАВИЦА

August 20, 2019 Filed Under: Ревија

Зад песната на Шантиќ се крие потресна недопрена љубов и една реална убавица која на свет подоцна донела 14 деца

СИ ЗАМИНАА Без да се допрат – си заминаа и поетот и мостарската убавица Емина

Малку се оние кои не знаат ништо за стиховите на Алекса Шантиќ и не им се восхитуваат а уште помалку се оние кои не ја знаат песната посветена на на една мостарска убавица – Емина.

Алекса Шантиќ е роден на 27 мај 169 гоина во Мостар и тука во срцето на Херцеговина го минал поголемиот дел од животот. Таткото Рито рано преминал, па за Алекса се гриќел постариот стрико Михо, познат како Аџа. Алекса имал и двојца браќа – Перо и Јаков и сестра Радмила, која се омаќила за Алексиниот пријател, поетот Светозар Ќоровиќ. Трговското семејство немало многу разбирање за литературните амбиции на младиот Шантиќ па тој завршил Трговско школо во Трст и Љубљана а потоа се вратил дома. Но продолжил да пишува а една од тие песни е и „Емина“, која говори за вечната љубов на поетот. Делото е под големо влијание на локалните севдалинки.

Постоела ли таа фатална Емина?

Близу до домот на сестрата на Алекса и неговиот зет живеел имамот Шефиќ. Кас сестра си често доаѓал Алекса. И еден ден во соседството ја сретнал убавата Емина Шефиќ, кој само што се задевојчила а веќе приказните за неа се ширеле низ градот. Ергените велеле дека таа е „џенетска хурија“, убавица излезена од рајот.

Братот е налутил на Алекса, ама Емина довека го следела. Песната настанала една волшебна ноќ 1903 година, а семејството му се лутело на Алекса бидејќи „во весниците телалел“ за ќерката на имамот. Тоа се сметало за голема непристојност и знак дека муслиманските муштерии нема да му влегуваат во продавницата. Но, имамот останал муштерија во продавницата, како што и Мостар не му замерил на поетот за неговото видување на „ангелот на земјата“. Дури текстот станал музичка композиција која се изведувала насекаде.

СОВРЕМЕНОСТ Младите девојки денес сакаат да се сликаат крај споменикот на Емина

Емина ја омажиле на 16 години за убавиот Авдара Колудар и таа му родила 14 деца! Како што подоцна кажувала со Алекса никогаш не разменила ниту збор ама се сеќавала за него. Бил секогаш во чисти чевли и пантолани испеглани така што на нив можеле минувачите да се исечат. Тој често пеел во авлијата со носталгичен глас а ги почитувал муслиманските правила – во соседството имало женски деца и тој ја заѕидал едната страна од куќата, немал прозорци. Емина Колодер починала во 1967 година а пејачот на севдалинките Химзо Половина заминал кај Севдо Катиќ од Долното маало да бара тој да допише уште еден стих.за Емина?

ГОЛЕМЕЦОТ Споменикот на Шантиќ е поставен на место од каде убаво се гледа градот во кој го минал животот

„Умро стари песник, умрла Емина,

Остала је пуста башча од јасмина,

Поломљен је ибрик, увело је цвеќе,

Пјесма о Емуини никад умрет неќе

Правнуката на убавата Емина, ништо помалку убавата Аима Феровиќ Фзлиќ, магистер на Лондонската музичка академија, каде настапувала исо Елтон Џон, пред две години ја снимила песнта „Емина“ посветена на прабабата.

ПРОДОЛЖЅВАЧ Хамзо Половна направил н песната за Емина да и се додаде еден стих

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet