Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА: МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ НИКАКО ДА СЕ ОДЛЕПИ ОД ПАРТИСКИТЕ ВЛИЈАНИЈА

February 3, 2020 Filed Under: Македонија

После скандалозните три телеграми, од кои последиците сеуште не се надминати во целост, Наќе Чулев излезе на прес конференција на која наместо да се истакне како професионалец, прочита партиски текст, напишан од советниците во сенка – коментира заменичката на инистерот за внатрешни работи

МВР Реформите во делови од МВР создадоа „вишок“ на врабтени во одделни сегменти ама тоа не значи дека се „нововработени“

Осврнувајќи се на последните настапи на техничкиот минитер за внатрешни работи – Наќе Чулев, неговата заменичка Славјанка Петровска вели дека ако тој сака да прави споредби, и споредува периоди, требал да знае дека оваа година била спроведена втората клучна реформа во министерството за внатрешни работи, со одвојувањето на доскорешната УБК од МВР и формирање на новата Агенција за национална безбедност. Како резутлат на процесот на селекција на кадрите во новата АНБ, околу 270  вработени не биле селектирани во новата Агенција, и согласно законот тие остануваат како вработени во Министерството за внатрешни работи. Процесот на нивно распоредување беше започнат и повеќе од 50 отсто беа распоредени во соодветна законска постапка и тие вработени немаат поднесено приговори.

ОБЈАСНУВАЊЕ Останатите решенија, вели Перовска, се направени согласно потребите на службата и новиот Правилник за систематизација на работни места и истите се издадени во законска постапка. Министерот Чулев треба да знае, појаснува Петровска, дека решенијата може да се изготвуваат постојано, но не смеат да бидат врачени додека работникот е оправдано отсутен, што и се нема случено.

Во извештајот на комисијата кој самиот тој ја фомираше, е наведено дека организациските единици треба да се произнесат и доколку се констатира дека истите се незаконски да се постапи согласно закон. Членовите на комисијата која тој ја формираше не се сигурни дали неколкуте решенија се незаконски или не, туку за тоа вели дека се надлежни организациски единици во МВР.

ЧУДНИ ПРЕРАСПОРДУВАЊА Кога зборува за распоредување во пониски звања без дисциплинска постапка, нека објасни како го оправдува својот потпис на решение за распоредување на вработен во Министерството кој од началник на Сектор во УБК со стаж од 44 години го распоредува на работно место инспектор за имотни деликти. Или вработен со завршен Природно-математички факутетет од работно место началник на одделение за телекомуникациско истражување го распоредува на работно место главен инспектор за семејно насилство. Или пак вработени со завршено високо образование од областа на шумарство и земјоделие се распоредуваат во инспектори за семејно насилство и малолтеничка деликвенција.

Дали во случајот со распоредувањата во неговиот кабинет беа почитувани одредбите од Законот за внатрешни работи за распоредување на работник во повисоко звање?

ПРВ ПАТ БЕЗ ПРОБЛЕМИ СО ПЛАТИТЕ Кога зборувате за тужби за неисплатени прекувремени часови –  комнтира Петровска – заборавивте или не дека во Буџетот за оваа година се обезбедени финансиски средства за исплата на бонус плата, со цел да нема нови тужби. Ова е за прв пат да се обезбедат финансиски средства за оваа намена иако проблемот е стар со години. Во име на вработените во МВР ви упатувам порака да ги потпишете решенијата за исплата на овие средства и да не ги чувате во кабинет.

За две и пол години, заклучува заменичката на министерот, започнаа да се решаваат проблеми во министерството кои биле создавани и криени со години. Во интерес на вработените и нивните семејства тоа ќе продолжи и по 12ти април, а ние треба да обезбедиме граѓаните без притисок и уцени да ја изразат својата волја.

НЕОБЈАСНИВО Како од парите за Агенцјата за разузнавање Иванов и сопругата Маја потрошиле 12 илјади евра на патувања?

Инаку, кога сме кај недомаќинското работење, Чулев треба да објасни за 12.000 евра потрошени во Агенцијата за разузнавање за телефонски сметки на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја.

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet