Мислам дека е важно да тргнеме некаде, да се проветри овој простор, да се мрдне и некакв појасна надеж да се појави. Таа се појави со промените што се случија во последната година со промената на власта, но мислам дека правиот провев, правото одзатнување на овој задушен простор овде, ќе биде ако некако се стави сувереноста и одржливоста на Македонија под некаква, така да кажам, поширока рамка и заштита
Југословенско драмско позориште (ЈДП) со две изведби на претставата „Ајнштајновите соништа“ во режија на Слободан Унковски гостуваше во Македонскиот народен театар. На матичната сцена во Белград премиерата беше во октомври минатата година. Претставата е работена по истоимениот бестселер на американскиот писател и физичар Ален Лајтман (1948), член на Американската академија на науки и уметности, кој истражува во областа на астрофизиката, теоријата на релативноста, процесот на радијација и движењето на ѕвездениот систем. Збирката раскази „Ајнштајновите соништа“ му е преведена на повеќе од 40 јазици, а нашиот режисер се заинтересирал сценски да ја постави уште од нејзиното појавување на почетокот на 1990-тите.
Актерот Драган Миќановиќ го игра ликот на научникот Алберт, а во екипата на ЈДП се уште 12 актери. Драматизацијата на текстот ја направи Русомир Богдановски, а музиката ја компонираше Златко Ориѓански. Со нив Унковски соработуваше и за претставите „Солун – град на духови“ и „Лерин – полиња жито, ридишта крв“ во продукција на Театар на Навигаторот Цветко изведени на сцената на „Кино Култура“.
Во интервју за МИА режисерот Слободан Унковски зборува за предизвикот да постави текст со научна тема и, конкретно, за инспирацијата од ова дело но, исто така, и за политичката состојба во Македонија.
Каде жанровски припаѓа оваа претстава и што ги виде публиката во Скопје во „Ајнштајновите соништа“?
– Тоа е една многу специфична претстава која се занимава со проблемот на времето и на просторот, она што е најдоминантно во работата на Ајнштајн. И во таа смисла, таа е многу различна од сè што игра во моментот во Белград, каде што е правена. Тој аспект на време, односно на наука и уметност е многу актуелен во светот, така што се поклопи со нешто што со години сакам да го направам. Практично, од 1993 година работам на овој проект, со тоа што направив една верзија пред две-три години меѓу Театарот Навигатор и Прилепскиот театар. Оваа е изменета драматично, допишан е текстот и е развиена во друг правец и е за времето на едно патување на Ајнштајн од Европа во Америка во 1933 година. Со него патуваат неговите спомени и разните аспекти на времето. Така што, таа по многу свои елементи претставата е трагикомична структура, меѓутоа е една замислена и рационална претстава којашто ја тера публиката на размислување и ѝ ов озможува да се препознае себеси во разните аспекти на времето. Возбудлива е исто како што би било возбудливо нешто што е длабоко емоционално, меѓутоа на друг начин. Таа работи со мо зок от и со с ознавање то, преку тоа ги б уди емоциите, преку тоа развива некои енергии итн. Во таа смисла, таа за мене, а мислам и за пу блик а та, е едно поинакво и ново иск уство и многу сум задов олен што успеав да ја направам т очно в о Југословенско драмско.
Зошто ја избравте оваа книга како предлошка за пре тставата и к олку е таа изменета или прилаг одена на овдешниот амбиент со драматизацијата за што добивте и дозвола од авторот Лајтман?
– Не е адаптирана на некои локални услови, да речеме балкански или белградски итн, туку Лајтман препозна дека ние ќе направиме ново уметничко дело базирано на неговата материја. Во таа смисла, ги повлече сите ограничувања што обично авторското право ги дава – да не смеат да се менуваат имиња на ликовите итн., даде една комплетна слобода, што беше многу значајно да може да развиеме автентично дело, коешто е различно. Ни значеше неговата поддршка и беше голема инспирација да се направи ова
По повод премиерата изјавивте дека сте среќен што ЈДП го прифатил овој ваш проект и храбро влегол во предизвикот да изезе од регуларниот репертоар. Зошто е оваа претстава ризичен чекор во непознатото?
– Од 1993 година, кога првпат ја прочитав новелата и ми се допадна, а тогаш живеев во Америк а и таму работев, на многу места ја презентирав идејата, меѓутоа немав драма. И тоа секогаш за продуцентот е опасност, тогаш нема некоја, така да кажам, рамка на проектот. А јас сакав, практично, да го развијам проектот во текот на пробите. Во таа смисла, прво Прилепскиот театар, а второ Југословенско драмско, беа добра подлога. Јас дојдов со напишана структура од Русомир Богдановски, но имав слобода за време на пробите да го доразвијам тоа до крај и да го доведам до форма што ги задоволува моите интенции, намери, енергија, расположенија. Полесно е да работите нешто што е лесно прифатливо за публиката, што е реалистична драма. Ова е нешто поразлично и ја става публиката пред други задачи. Пријатно сум изненаден што во Белград е сè уште преживеана таа публика, што не е заглавена во реалните шоуа на телевизија, во новокомпонирана култура итн. Ќе видиме во Скопје како ќе биде. Малку имам изгубено контакт со публиката во Скопје, но се надевам дека и тука, исто така, има таква публика која ќе го препознае тоа и ќе го прими.
Необичена е и поради спојот на уметноста и науката. Колку, според вас, може да си помогнат меѓу себе немерливото и прецизно то, субјективно то и објективното?
– Знаете, и Теоријата на релативноста на Ајнштајн пред некое време беше докажана формално, како што треба, со разни научни докази. Беше јасно дека е точна, меѓутоа физичките докази се изведоа до крај. Мислам дека тој спој е секогаш возбудлив и дека е интересен. Не за тоа што е сега тренд во светот, туку навистина има многу допирни точки. Прво се појавија драми што се бават со науката, на пример една драма за познатиот физичар Нилс Бор, па се појави драма за оние што ја измислија антибеби пилулата, и многу други такви драми со научна тема. Јас кога седнав да го работам ова, не го работев заради тоа, туку за тоа што ме интересира материјата што е изведена во оваа новела или збирка раскази во која има 30-ина мали аспекти на времето и на сонувањето. Нив Ален Лајтман ги пишува знаејќи ја Теорија та на Ајнштајн. Значи Ајнштајн не ги сонувал, ниту се знае што сонувал Ајнштајн, туку американскиот писател и физичар врз основа на тоа прави кратки сцени врзани со разни аспекти на времето. И во тоа е возбудливото и интересното, но и тешко да се направи. Тоа беше голем предизвик за мене и за екипата.
Режирате со Театар на Навигаторот Цветко во „Кино Култура“, но повеќе ве има на странските сцени. Можели за домашната публика да се организира ревија со претстави што сте ги работеле надвор од границите? На пример, повторно еден „Унко фест“ како што во МНТ имаше во 2004, тогаш со неколку претстави од ЈДП.
– Тогаш така се потрефи зашто сите тие четири или пет претстави во тој момент се играа. Сега некои претстави од некои субјективни причини се симнаа и немам во моментов пет претстави. Ацо Поповски сега би можел да дојде, тој сега има пет-шест претстави. Ако се појави некогаш друга таква можност, би може ло да се организира. Меѓутоа, и тогаш беше многу тешко финансиски да се склопи цела таа структ ура, а тука е и позицијата на к ултурата генерално.
Не избегнувате да кажувате мислење и за политиката. Токму сега се одвива интензивен процес во решавањето на спорот за името – кој е вашиот став за оваа нова фаза во преговорите?
– Како и сите, не знам што е најново од она вчера што го објави министерот Димитров дека е дефинирана некоја рамка итн. Во секој случај, јас се залагам да се мрднеме од место, да се отвори овој затворен простор тука, и да одиме понатаму. Сеедно што не верувам дека баш од утре ќе почне да тече мед и млеко ако нè примат во Европската унија или во НАТО, ако почнат преговори. Мислам дека е важно да тргнеме некаде, да се проветри овој простор, да се мрдне и некакв појасна надеж да се појави. Таа се појави со промените што се случија во последната година со промената на власта, но мислам дека правиот провев, правото одзатнување на овој задушен простор овде, ќе биде ако некако се стави сувереноста и одржливоста на Македонија под некаква, така да кажам, поширока рамка и заштита.
Бевте десет години отворен критичар на политиките на претходната влада. Оваа седмица актуелната ќе наполни една година.
Која е вашата оценка за политиките што таа ги води?
Од една страна, како што вели господинот Заев, една година не е многу, меѓутоа не е ни малку. Практично, дури сега, во оваа една година, ние разбираме што се случило. Зашто сеедно што сме биле критичари на тоа, сега ја гледате ширината на тој зафат и штетата што, според мене, е направена на земјата со разни погрешни политики, со погрешни трошења итн.
Се разбира, како и сите што очекуваме повеќе од оваа Влада, и јас очекувам. Она што може не е добро, јас сум онаа група што очекува порадикални потези, појасни акции, подраматични раскрстувања со минатото, судења и сè што е потребно за да тргнеме некаде напред. Од друга страна, ја разбирам потребата за легалност, за внатрешна консолидација, национална и секаква друга. Бидејќи не сум таму на лице место, не можам докрај да кажам дали било возможно или не било возможно. Јас зборувам за мојата потреба некои работи да се земат поенергично и побрзо. Меѓутоа, изгледа дека некои работи не може така да се направат, или може, но ќе се повторат методите што сме ги виделе порано. Знаете, кога сте однадвор, работите изгледаат многу полесно. Кога сте внатре, на лице место, секогаш е комплицирано. Верувам дека не е едноставно и лесно кој било да се справи со ситуацијава и, некако, гледам со надеж дека еден ден владава ќе се врати на домашниве проблеми драматично, за разлика од ова што сега надвор се бави. Сеедно дали е тоа само индивидуална акција на Заев и на Димитров или е стварно со поддршка на Владата или само со поддршка од експертски тимови. Меѓутоа е потребно целата влада и, исто така, што е многу битно – целата државна администрација, да се стави во драматична функција на државата и во драматично подобрување на можностите и услугите кон граѓаните, што сè уште не е.
Вие бевте порано дел од извршна власт како министер за култура, може ли да бидеме задоволни конкретно од политиките што се преземаат во културата?
– Мислам дека сè уште не се сфаќа докрај значењето на културата и колку е таа значајна за идентитетот на Македонија и за постоењето. Колку што е името, толку е и целата култура, бидејќи културата го артикулира тоа чувство. Нема кој друг – митинг на улица не помага, туку тоа што е култура, сеедно дали сликарство, икони, театар, филм… Во таа смисла, државата не секогаш умеела да ги препознае, да ги поддржи или да ги разбере тие работи. Или, да речеме како претходната влада – ставаа голем акцент но, би рекол, скоро од лукративни причини. Еве, седиме во МНТ, кој чини 43 или 45 милиони евра, што мислам дека е страшно, бидејќи ваков ист театар на овој со којшто доаѓам – Југословенско драмско, тој е модерен и одличен театар, во центарот на Белград, чинеше околу 20-ина милиони.
Од една страна, имате како нагласена култура, имате објекти итн., а од друга страна имате пресија во културата и воопшто во творештвото. А сега, во другава страна, таа е како нешто што е дел од сето, а нема некакво драматично важно место. Не затоа што сум јас во културата, јас толку сум сработил и никогаш не сум бил врзан само со македонското финансирање, дури и напротив. Но мислам дека навистина мора да се одвои поголема грижа за културата и поголеми средства. Бидејќи, Стратегијата што неодамна се усвои во Собранието, таа дава рамки за понатамошен развој, но тој развој мора да се поткрепи со драматично финансирање. Кога ќе го погледнете процентот на финансирање на културата во Македонија, тој е голем во однос на другиве земји во регионот. Меѓутоа, кога ќе погледнете каде одат парите – уште се даваат пари за „Скопје 2014“, за долговите за Филхармонијата, ваму и таму, вие сфаќате дека реалните пари се драматично помали и ние, практично, годинава добиваме пари што се сечат на пола или на четвртина од тоа што се бара и нема услови за да се направи нешто што е стварно сериозно, солидно и возбудливо.
Јас немам ниеден проект годинава, како што немав ни најчесто во минатата власт. Оваа претстава што ќе се игра вечер, на пример, чини од 100.000 евра нагоре, а јас таму имам четири-пет мои соработници, сценографија итн. Можеби една е таква годишно кај нив. Во таа смисла, фали појака поддршка.
Дали подготвувате нов проект?
– Работам нешто што не се гледа во моментов. Подготвувавм втор дел од ТВ-серијата „Бушава азбука“. Повторно Горан Стефановски го пишува сценариото и таа ќе биде повеќе за македонскиот јазик.
(Преземено од МИА. Опремата е на Глобус)