Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СЛУЧАЈОТ ЛОЗАНОВСКА ЈА ВОЗНЕМИРУВА ЈАВНОСТА

August 12, 2025 Filed Under: Македонија

Власта преку градоначалникот сака да ја смени директорката на емсниото училиштем бидејќи се сомнева дека ќе ги изгуби лојкалните избори. Дали се злоупотребува Просветната инспекција?

НОЌНИ СЦЕНИ ПРЕД ШКОЛОТОМ ВО ДЕМИР ХИСАР Власта ја злоупотребува полицијата и просветната инспекција за против прописите ја смени директорката на средно училиште

Полициската драма се случучуваше во Демир Хисар во домот на директорката на средното училиште СОУ  Крсте Петков Мисирков. По барање на градоначалникот Никола Најдовски по трет пат незаконски се обидел да ја разреши директорката на училиштето Маја Лозановска која продолжила со ноќен претрес во кабинетот на директорката во училиштето.

Полициските инспектори биле во потрага по печатот на училиштето за да може да го користи новата директорка која спротивно од законот била назначена од градоначалникот а не како што налага законот од МОН. Од 2022 на градоначалникот Најдовски ова му е трет обид да ја разреши Лозановска,претходните два пати обидите му биле спречени од страна на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, со укажување за незаконитото одлучување во постапката за разрешување.

Директор на средно училиште поставува и разрешува МОН а не градоначалник! Пртобемот со Лозановска гнастанал, според медиумите, кога тој ја рислувал да оприми тројца нови наставници по избор на партијата. Во целата рашомонијада ги вклучил и обвинителството кое дало налог на полицијата да направи претрес и да и ги одземе печатите. Била викната и брза помош (!) во домот на Лозановска која е на боледување и лекарката констатирала дека има притисок 160 со 100 и не е во состојба да оди во полицијата на информативен разговор а инспекторот се заканил или да дојде сама или ќе биде приведена и однесена во полиција.

Директорката Лозановска за „Слободен печат“ изјавила дека во моментот во училиштето сите користат колективен одмор, а во меѓувреме таа извадила и боледување поради здравствени проблеми со грбот.

– Пред 3 дена бев во амбуланта. Ме барале од општината да ми врачат писмо. Јас не знаев за што е писмото и в.д. директорката што ја назначиле ми пиша дека добила писмо за назначување а јас сум разрешена.Назначена е за в.д. директор без никаква законска постапка за разрешување. Ова е трети пат градоначалникот да прави вака. Во 2022 ме разреши незаконски па двапати го добив предметот на второстепена и мораше да ме врати за директор. Потоа,, бидејќи, незаконски ме разрешил, му беа одземени ингеренциите и мене за директор ме назначи министерот за образование. Од 2023 година продолжувам да сум директор со континуирани силни притисоци, се ми пречешлаа, сите инспекции ми ги пратија, ништо не најдоа. Работам чесно и не можеа дамка да ми најдат, изјавила за „Слободен печат“ Лозановска.

Таа додала дека пред изборите требало да има вработувања и имала распишано оглаас за вработување но и тој бил опструиран.

-Така, од в.д. директорката дознав дека сум разрешена. Земав лекарства, дома сум и не можат да ме добијат да ми го врачат писмото. И бидејќи сум на боледување не отидов на примопредавањето. Во училиштето немаме секретар, бидејќи, тој во февруари замина во пензија и градоначалникот не ми даде согласност да се вработи друг. Печатите се кај мене. Кога заминувам си ги оставам во метален шкаф во архива и не може било кој да ги земе. Ги барале печатите и покрај тоа што не сум примила решение за разрешување, а додека не примам решение јас сум според законот уште директор. Сакаат надвор од постапката да ги земат печатите и целата постапка да се заврши во Централниот регистар и таа да биде директорка од понеделник. Целиот циркуз вчера беше за да ги дадам печатите, зашто јас го имам клучот. Брзаа вчера зашто денес ќе ги распишат изборите. Не знам што ќе правеа со печатите синоќа во 20 часот и како ќе извадеа од Централен регистар? Дојдоа вчера, викнав адвокат имам и болна мајка. Без пардон, велат да дојдеш во станица и каде се печатите? Мислеа да ме притиснат да кажам каде се печатите. Викнаа екипа да ме носи во станица со притисок 160 со 100. После тоа заминале во училиштето полицајците, ги барале ноќеска печатите, в.д. директорката им отворила, благајникот пошол и двајца служители. Претходно ја обиле мојата канцеларија. Професор сум одамна, имам 57 години и сум правилна, професионална и работам, не можат да ми најдат маана па мора вака да се прави – изјави за „Слободен печат“ Лозановска.

Адвокатот на Лозановска, Жарко Стевановски вели дека основот по кој се разрешува директорката е апсолутно незаконски, и од страна на државните просветни инспектори е извршена злоупотреба во постапката за инспекциски надзор. сето тоа ќе биде предмет на кривична пријава против градоналникот овластените просветни иснпкетори и од вчера познатиот полициски началник на Демир Хисар.

Обвинителството од Битола побарало и добило од судот налог за претрес за да се обезбедат предмети (печатот на училиштето) за кривично дело, но во налогот не бара ни приведување ни итен распит на во случајот со директорката на училиштето Маја Лозановска како што синоќа постапуваше полицијата предводена од началникот на полицијата. И покрај укажувањето од бранителот на Лозановска дека во налогот на ОЈО не пишува распит веднаш туку има рок од 15 денови ниту пак нејзино приведување началникот по претресот на домот на директорката и на нејзиниот автомобил во присуство на докторката од брза помош категорично се закануваше дека ке ја лиши од слобода и ако треба на носила ке биде однесена во полиција на распит веднаш. Тоа што адвокатот му укажуваше дека Лозановска е на боледување до вторник а докторката од брза помош кажа дека по прегледот утврдила крвен притисок од 160 со 100, не го убедуваше началникот во намерата да ја приведе веднаш ако требе со брза помош или како што се закануваше на носилки. „Основното јавно обвинителство Битола побара од Основниот суд во Битола да се издаде наредбата со цел обезбедување предмети од кривично дело. Судот ја ценеше основаноста и го прифати барањето за претрес, по што ОВР Демир Хисар во текот на вчерашниот ден извршило претрес на трите локации, а за претресите и евентуално пронајдени и одземени предмети сè уште нема доставено официјално писмено известување до обвинителството. Законската процедура за обезбедување наредба за претрес на дом и други простории е во целост испочитувана. Спроведувањето на наредбата е во надлежност на полициските службеници. Основното јавно обвинителство Битола нема издадено наредба за приведување или итен распит на лице во конкретниот случај“,се вели во соопштението од Обвинителството.

Оваа ситуација покажува со какви се не методи власта се служи во обезбедувањето на сопствените цели и намери! Можеме да замислиме што се нема да се случува во текот на предизборието и на самите избори!

(користени се два извештаи на Слободен печат)

Filed Under: Македонија

ССМ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД 500 ЕВРА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
ДОДЕКА Д0ЈРАНСКО ЕЗЕРО ПО МНОГУ ГОДИНИ ПРОПАЃА MИЦКОСКИ ВЕЛИ – „ДАЈТЕ ДРУГО ПРАШАЊЕ!“
ШTO НАПРАВИ ЈОТОВА , ТАА НЕМА ДА ГО СПАСИ БРОДОТ ШТО ТОНЕ
БОБ ВИЛСОН: АЈНШТАЈН НА ПЛАЖАТА
СКОПЈЕ, ТАГАТА ЌЕ СЕ ВИКА СО ТВОЕТО ИМЕ (2)

Најново

  • ССМ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД 500 ЕВРА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
  • ДОДЕКА Д0ЈРАНСКО ЕЗЕРО ПО МНОГУ ГОДИНИ ПРОПАЃА MИЦКОСКИ ВЕЛИ – „ДАЈТЕ ДРУГО ПРАШАЊЕ!“
  • ШTO НАПРАВИ ЈОТОВА , ТАА НЕМА ДА ГО СПАСИ БРОДОТ ШТО ТОНЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet