Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СЛУЧАЈОТ РАМАДАНИ ГИ ВОЗБУРКА ДУХОВИТЕ ВО ЗЕМЈАВА

August 19, 2024 Filed Under: Македонија

Oдлуката на судијата Пајазити не е во склад со досегашната пракса, вели министерот за правда по бегството на Рамадани. За ова има најразлични реакции и во земјава ама и во соседните земји

ИГОР ФИЛКОВ Министерот за правда иницираше закажување на посебна седница на Судскиот совет за случајот Рамадани

Министерот за правда Игор Филков во петокот стигна на наслковните страници со изјавата дека е изненаден што на последната седница на Судскиот совет не било отворено прашањето за случајот со бегството на лицето во куќен притвор Блерим Рамадани. Требало да бидат разгледани сите докази, аргументи и факти пред се за одлуката на судијата Пајазит Пајазити. Одлуката на судијата Пајазит Пајазити е неразбирлива и не е во склад со досегашната пракса, вели министерот за правда Игор Филков во врска со околностите за бегството на поранешниот припадник на ослободителната војска на Косово (ОВК), Блерим Рамадани.  Министерот, во изјавата за ТВ Канала 5, истовремено го повика Судскиот совет да одржи вонредна седница на која би се разгледало ова прашање. Тој смет дека постоело влијание врз донесување на одлуката на судијата и треба Советот да утврди одговорност на Пајазити. „ Затоа го повикувам Судскиот совет да одржи вонредна седница на која би се разгледало и ова прашање за во иднина да не ни се повторат исти или слични ситуации“,  вели министерот за правда Филков.

Според него, оваа судска одлука е уште ден доказ дека се потребни неодложни реформски процеси во правосудството и градење на систем во кој ќе има еднаква правда за сите. Во тој систем, додава министерот мора да доминираат вистински професионалци, а не партиски послушници.

Сепак, Судскиот совет во петокот н итна седница донесе одлука да формира посебна Комисија која ќе требеа да ја констатира фактичката состојба во однос на одлуките кои непосредно пред бегството на Рамадани ги донел Основниот кривичен суд Скопје.  Советот, како што кажа претседателката Весна Дамева, формално не бил известен за случајот и дека реагираат по допрен глас.

Бегството на Блерим Рамадани предизвика бура во политичките кругови во земјава, а остра реакција стигна и од официјален Белград.  Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, настанот го оцени како скандалозен чин и побара објаснување од македонските власти за тоа како се случило Рамадани да побегне кога е уапсен по меѓународна важечка потерница.

Премиерот Мицкоски пак во петокот, коментирајќи го случајот, во одговор на новинарски прашања рече дека тоа што ова прераснало во политичка тема, треба да се разгледува и многу сериозно да се анализира. Тој рече дека ова е „уште една потврда дека правосудниот суд не за бадијала ужива 2 проценти доверба кај граѓаните и се додека вакви судии се дел од правосудниот систем ние не можеме да имаме правна држава“.

„Ова не требаше да биде тема. И апелирам до сите вас да не дозволиме нашите соседи да ја користат нашата држава како прокси во покажување меѓусебни мускули. Јасна е судската пракса – дали нас ни се допаѓа или не, тоа е друга тема. Но, Врховниот суд во 2019 година има донесено одлука со која што тогашното лице кое што е заробено како резултат на меѓународна потерница од Србија во екстрадиционен притвор е ослободено. Зошто овој судија прави ваква судска гимнастика, инженеринг, тоа е веќе друга анализа“, рече Мицкоски.

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, пак, во однос на прашањето каде потфрлиле институциите во случајот со бегството на Блерим Рамадани ги упати медиумите да се обратат до Министерството за внатрешни работи, но од она што, како што кажа, му е веќе познат е дека судот донел одлука дека аргументите кои ги посочува Србија немаат основа и затоа не постои причина да тој се екстрадира во Србија.

Бегството на Рамадани беше поттик за преписка помеѓу опозициската СДСМ и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од СДСМ побараа оставка од министерот, додека Тошковски им врати дека нивните обвинувања се празни зборови оти МВР и судот се две различни институции.

Телевизија 21 синоќа објави дека е можно Рамадани веќе да се наоѓа во родниот град во Косово. На социјалната мрежа Фејсбук е објавена фотографија од Блерим Рамадани со извесен Несрет Шашивари, кој во објавата се претставува како негов внук. Во постот се вели: „Чичко Блерим Рамадани, добредојде дома, во нашиот роден град“.

 

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet