Јасно е со што се бави скопското подземје ама тоа не е врзано за кус период на дејствување. Факт е дека и лицата кои биле дел од џихадот по враќањето се вратиле кон она за што се обучени. Одбраната на министерот Тошковски никако не држи освен за партиски пресметки во кругот на МВР. Се заборава дека со истражните дејствија кај нас раководи јавното обвинителство и дека сме опкружени сом соседи во кои организираниот криминал исто така „оро води“
На 14 ноември наутро скопјани кои живеат на левата страна на Вардар, во Керамидница и околината слушнале сериозна експлозија. Во полицијата било пријавено дека во дворно место во близина на трговскиот центар Ист Гејт и надвозникот на железничката пруга кон Куманово се случила екпслозија. Во експлозијата е повреден познатиот криминалец Штекли и е пренесен во градската болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Тоа лице претходно два пати беше мета на напад, еднаш погоден со шест куршуми, но како што беше забележано очевидната цел на експлозијата активирана со далечински управувач покажажала дека Штекли е како „мачка која има девет животи“
Нема сомнение дека интензитетот на пресметките и тоа среде бел ден станаа секојдневие годинава а улиците се место каде не е спокојно да се вози или минугва. Нема сомнение дека токму актуелниот министер за внатрешни Тошковски најпрвин како заменски министер во предизборниот период кој не беше краток а потоа, по изборите и како официјален министер за внатрешни работи – практично цела година – бил во позиција нешто да стори за да се намали инциденцата на крвавите настани, кои, патем покажаа дека лица кои вршат криминални дејствија дење излегуваат од „најчуваниот затвор“ а потоа с евраќаат назад во ќелиите, каде се добро заштитени. И тоа под сегашна закрила на новиот шеф на затворите Пандов. За потсетување тоа е онаа личност која многу сака да се слика во униформата на Ванчо Михајлов.
„Неспособноста на Панче Тошковски сериозно ја наруши состојбата со безбедносна на граѓаните“ – изјави по овој повод пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој нагласи дека само во октомври, за неполн месец, имало 5 инциденти со пукање и огнено оружје, а над 25 вооружени инциденти се случиле во изминатите 4 месеци. Имало пукање од автоматско оружје во Чаир а пред тоа пукање на скопската обиколница, две недели претходно имало исто така пукање во Чаир, каде што директно бил вмешан и помилуваниот наркобос, Барон. Се пукало и во Арачиново, Батинци, Сингелиќ, на Пластичарската улица, во Тетово, се случило и убиство кај Мавровка.
Граѓаните стравуваат за својата безбедност а Тошковски и ДПМНЕ немаат капацитет да ги заштитат. Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи од Панче Тошковски – заклучуваат од СДСМ.
Спасовски реагираше и на веста дека место да се справува со криминалците Тошковски менува истакнати поединци од редовите на Министерството, секако со цел на нивно место да стави свои кадри.
„Го гледаме класичниот пристап на партизација на ВМРО-ДПМНЕ, се врши дискриминација и тоа не по политичка основа затоа што полициските службеници не може да бидат членови на политички партии, туку дискриминација само заради тоа на кои позиции биле и во чие време биле на позиција. Единствено логично објаснување на ваква состојба е само да се задскрие настанот којшто беше со бомбата во Керамидница, истиот ден да се објави друга вест. Апсолутно е недозволено да овие луѓе бидат понижени, иако досега не биле ниту казнувани ниту дисциплински гонети, сите се со сертификати, некои од нив имаат и НАТО сертификати и сосема совесно, чесно и одговорно ја вршеле својата работа. Недопустливо е на ваков начин да се врши таков притисок и сеење на страв кај сите вработени во МВР преку ваквите случаи“ – реагираше Спасовски.
Секако постојат многу докази за непрофесионалноста и опортунизмот на актуечниот министер што сега уште повеќе ни доаѓаат пред очи. Кои се споредбите? – продолжи Спасовски.
Тој потсети на еден свеж случај кога тогашниот телохранител на Мицкоски, Бисовки, нападна политиски инспектор со цел да спречи акција за спречување трговија со дрога во Скопје. За истиот тој полициски службеник, иако беше поднесена кривична пријава, иако има снимка дека напаѓа полициски службеник, истиот министер, него го ослободува од било каква одговорност а на тој начин му овозможува да биде унапреден и да биде дел од најелитната единца – Тигар.
Впрочем, по објавувањето на снимката од инцидентот што ја шокираше јавноста од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Ивица Б. ќе биде отстранет од обезбедувањето на лидерот Мицкоски. Во денешното соопштение на партијата која го има министерот за внатрешни работи велат дека „за разлика од СДС, кои кријат инциденти, ВМРО-ДПМНЕ нема селективност, законите важат за сите“. Колку траеше ова соопштение? Многу кусо, Бисовски не самошто не беше кзнет, туку е поставен за водач на Тигрите. Што тоа им кажува на другите припадници на полицијата? Така ли се чува правната држава? Ова се нели логични прашања, наспроти секојдневните интервјуа што провмроовските гласила ги прават со Тошковски, обидувајќи се да му гио спасуваат рејтингот
Но, да се вратиме на последната експлозија предизвикана со бомба активирана со далечински управувач. Кој е криминалецот Штекли?
Пред шест години името на Раде Трајковски викан Штекли ги обиколи македонските медиуми кои го поврзаа со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Но, подоцна осомничен и обвинет беше само Филип Секуловски- Кобра.
Сепак, кога се случи немилиот настан, и името на 37 -годишниот Штекли неофицијално се поврзуваше со убиството, односно медиумите тогаш објавуваа дека Секуловски пред да го убие Јанушев најпрвин се сретнал со Штекли. Сепак, тој никогаш не беше обвинет за било каква улога во крвавиот чин. Штекли, на денот на убиството, на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија од Белград. Алиби?! Во 2021 година Шеткли беше уапсен во Белград поради тогашното поврзување со убиство извршено во Македонија. За него имаше распишано и меѓународна потерница
За потсетување, убиството на младиот фудбалер Марин Јанушев беше извршено на 3 ноември 2017 година, кога осудениот Кобра излегол на викенд од затворот каде што издржувал казна за трговија со дрога. Според пресудата, со која беше осуден на 9 години и четири месеци затвор, Секуловски попладнето стигнал пред зградата каде што живеел Јанушев, откако претходно го повикал „да се пресметаат“. Иако и Јанушев кај себе го имал пиштолот на татко му, обвинетиот прв извадил пиштол марка „црвена застава“ и го застрелал со пет проектили.
Летото на крајот од август, Штекли бил повторно мета. Но тогаш најверојатно го спасил блендираниот автомобил во кој се возел. Сепак, пукањето од страна на засега непознати лица, чие возило потоа е најдено запалено кај езерото Треска, се толкува како порака што одредена криминална група сака да ја испрати. Штекли не се поврзува со последните мафијашки убиства, но многу индиции водат кон новокомпонираната група „Барон“.
Името на Штекли, се вели во нализа на „Фокус“ во последните години не се споменуваше многу често по медиумите, освен кога беше уапсен и екстрадиран. Неговото име не се споменуваше ниту во последните мафијашки пресметки, кои почнаа со убиството на Јетон Кривањева – Жила и Енес Исеинов-Љаци од криминалната група „Дуќанџик“.
Со двојното убиство во „Шиша бар“ под скопско Кале почна ново прегрупирање во скопското подземје.
Брзо по двојното убиство, во Приштина беше убиен Бљерим Даци, македонски државјанин од Чаир, а неговото безживотно тело беше најдено во автомобил. На околу еден километар од убиството беше најден запален автомобил со германска регистрација. Косовските медиуми тогаш објавија дека Даци бил осомничен токму за убиството во „Шиша бар“.
Според официјалните документи, семејното презиме на Бљерим е Даци, а го сменил во Шабани, откако издржал 18 месеци затвор во Пакистан, како припадник на Ал Каеда.
Еден месец по убиството во Приштина, во апартман во Ханиоти, на Халкидики убиен беше и неформалниот водач на бандата „Дуќанџик“, Орхан Ибраими-Оки (39). Со убиството на Оки, криминалната група „Дуќанџик“ останала обезглавена. Токму оваа група била главна во подземјето во постојана ривалска битка со другата група „Беланоца“.
Според некои пишувања во нашите медиуми групата Барон, која се споменува како дел од споменатото пеструктуирање на подземјето кај нас е некаков „поткаст“ која помага на една од завојуваните банди, конкретно се врзува за убиениот Даци, човек кому судот му дал можност да се брани од домашен притвор а тоа тој го искористил да побегне каде ако не во – Приштиина. Имено преминот Блаце се чини е исто што во каубојските времиња била реката Рио Гранде, кога американските криминалци бегале во Мексико да си ги трошат таму парите, да бараат засолниште. Но, групата која загубила двајца членови во „Шиша бар“ го пронашла Даци и тоа откако претходно по грешка убила сосема друг човек од главниот град на Косово.
Јасно е со што се бави скопското подземје ама тоа не е врзано за кус период на дејствување. Факт е дека и лицата кои биле дел од џихадот по враќањето се вратиле кон она за што се обучени. Одбраната на министерот Тошковски никако не држи освен за партиски пресметки во кругот на МВР. Се заборава дека со истражните дејствија кај нас раководи јавното обвинителство и дека сме опкружени со соседи во кои организираниот криминал исто така „оро води“.
(Љ.К.)