Битката за кладилниците се водеше подолго време меѓу двајца крупни играчи на ВМРО ДПМНЕ (Самсоненко) и ДУИ (Груби) околу поделба на просторот. Партијата на Ахмети водеше кампања за „чување на децата од коцката“ со барање за ограничување на коцкарниците/ кладилниците а ВМРО ДПМНЕ одеше кон зачудување на „златниот рудник“ што овие објакти ги носеа во земјава, со задржувањето на статус квото на пазарот
Повикувајќи се на информации добиени од „свиркачи“, организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, на неодамнешната прес-конференција изјави дека МВР имало поставено полициска контрола на кружниот тек пред Граничниот премин „Блаце“ на денот кога Груби заминал од земјава, а оти контролата била таму најмалку три дена пред настанот, што, според партијата, јасно укажува дека постоеле сомнежи за бегство. Оттаму СДСМ смета дека зад бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби потенцијално стои политички договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, зашто, како што велат оттаму, постојат премногу индикации за направен договор меѓу партиите, како и премногу пропусти од страна на МВР во случајот.
„Но, според нашите информации, полициската контрола, мобилната единица на МВР, не знаела кого треба да очекува или кого треба да стопира. Тие добиле информација дури откако Груби ја напуштил државата. Ова јасно потврдува две можни сценарија – или биле целосно неспособни да го спречат или, пак, второ и поверојатно, намерно не го спречиле. Дали Тошковски ќе каже искрено која е причината што Груби дента кога требало да се обелодени истрагата слободно ја напушта земјата, а акцијата на МВР за негово спречување е нарушена?“,
праша Костовски. Тој побара одговори од МВР и министерот Панче Тошковски како е можно Груби да побегнал на денот на акцијата, кој ќе одговара ако тој не се врати во земјава, но и дали полицијата ќе преземе мерки против оние што му помогнале во бегството и оние што потфрлиле во обидот да го спречат во намерата.
„Премногу пропусти се случиле и премногу индикации има дека зад овој случај има нешто друго, односно политички договор. Дали ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за овој случај се договорени и дали ова можеби не е цената за поддршката што ДУИ им ја даваше на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието? Дали е ова дел од сите очигледно договорени сценарија меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за постојано јавно напаѓање и фиктивна дестабилизација, состојба која политички им одговара на двете партии?“, додава Костовски. Од партија повикаа истражните органи да работат професионално и транспарентно, за секој што ќе докаже дека се огрешил да одговара пред законот.
Поранешниот премиер, а сега пратеник во Собранието, Димитар Ковачевски изјави истиот ден дека во целото негово работење и како премиер и како заменик-министер за финансии, се водел согласно законите, откако МВР поднесе кривична пријава против осум лица, вклучително и против него, за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
– Се надевам дека институциите целиот тој процес ќе го водат на непристрасен и на професионален начин така како што треба. Она што можам да го кажам е дека во текот на моето работење и како претседател на Владата и како заменик-министер за финансии сум се водел секогаш од законите, секогаш сум работел во согласно со нив. Ние немаме на ниту еден начин учествувано во работењето на кое било јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост, изјави денеска Ковачевски во Собранието.
МВР вчера ги објави деталите од кривичната пријава која ја поднесе против осумината за случајот „Лотарија“ меѓу кои е и поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот генералниот секретар на владата Методија Димовски.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 13 декември 2024 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и корупција-Сектор за криминалистички истраги-Единица за корупција до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против осум лица за „злоупотреба на службената положба и овластување“,„примање поткуп“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ во случајот со Државната лотарија на Република Северна Македонија.
Со кривичната пријава се опфатени П.Б. (31) за „злоупотреба на службената положба и овластување“ чл.353 ст.4, „примање поткуп“ чл.357 ст.4 и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ предвидено и казниво по чл. 275-в ст.3 од КЗ, против А.Г. (47) од Скопје за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ чл. 275-в ст.3 в.в. член 24, против Д.К. (50) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против М.Д. (58) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против В.П. (41) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4 и продолжено кривично дело „примање поткуп“ предвидено и казниво по чл.357 ст.1 в.в. чл.45, против А.А. (36) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против Н.Х. (52) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4 и кривично дело „примање поткуп“ предвидено и казниво по чл.357 ст.1 и против М.З. (38) од Тетово за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4.
Во случајов се чини дека власта не се бори против криминалот имајќи предвид дека Груби е избеган од една страна, од друга страна тоа е доволно добар сомнеж дека можеби ДПМНЕ работи за Груби, односно му направило некаква услуга тој да избега надвор од границите, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска во Дневникот на Сител телевизија.
Од таа работа произлегува идниција, прво дека ДПМНЕ не е способно и не е кадарно да спроведе акции од ваков тип како што помпезно ги најавува. Второ дека постои голема веројатност дека ова бегство на Груби, е впрочем помогнато од ДПМНЕ. Како трето тоа укажува дека станува збор за елементарна неспособност за водење на држава особено, во она што нарекуваме тврд суверенитет, а тоа е се поврзано со безбедноста, порача потпретседателката Чупеска.
Нека биде целосно јасно за сите дека СДСМ е апсолутно против секаков вид на криминал, без разлика дали тој криминал е од бивши, сегашни или идни функционери или од граѓани, групации, бизниси, што прават криминал. Тука немаме никаква отстапка, во врска со било какви докажани активности низ институциите, истакна потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска во вестите на Сител телевизија.
Тајната на целата акција е практично производ на долгогодишната борба меѓу Самсоненко и Груби водена како меѓупартиска борба за еден бизнис во кој се вртат многу пари, не се секогаш видвли и регулирани. Затоа режијата на власта е се’ поразговетна – не беше цел ловот на Груби, туку апсењата на Ковачевски и ген.секретар на Владата. Вметнувањето на овие две имиња си ги направи Тошковски, пријавата не е прифатена а веројатно по додатен притисок се вели дека се „разгледува“ неговата (премиеровата) улопа. Што има да се разгледува – и обвинител-приправник може и мора веднаш да одлучи дали пријавата на Тошковски кон Ковачевски се прифаќа. Како што минуваат деновите се полизгава е тезата за „мудруот“ Груби кој се измолкнал на стапицата на границата со Косово – го нема само гепекот на Грујо! А во говорите на вистинскиот портпарол на МВР – Мицковски она експретседателот се брише и не се споменува и веројатно ќе исчезне.
Целиот случај, според дебатата на Тв Телма може да се чита вака: или цела поранешна Влада одговара (под 1) или само оние кои гласале (минус премиерот и мислам министерката за одбрана кои не биле присутни за тоа прашање) под 2, или може да постои евентуално политичка одговорност. Купената опрема не е користена а може секогаш да се продаде! Нема да има материјална штета. Затоа да не споменуваме бројки, би било идиотски.
Целата ситуација треба да се гледа како борба на два круга профитери – оние на Самсоненко (ДПМНЕ) кој уште пред 15 години вртеше 200 милиони евра годишно во „класични кладилници“ или оние на Груби (ДУИ) кои под призма на нивна забрана (близу биле до училиштата во што имаа подршка на муфтиите) одеа на варијантата да постоојат кладилници од дома. Електронски. Таа борба беше клучот на огромниот можен прилив на пари за оној кој ќе победи во одмерувањето на силите. Засега е јасно каде тие пари ќе одат.
(Љ.К.)