Во овој случај за жал има и тој се должи на едно цврливо правиосудств о каде адвокатите се посебна оприказна, при што нема реакција дури и на притисоци врз судии-поротници. Нема реакции ниту од Адвојатска комора, ни од другите чинители. Процесот одеше две години и мораше заради силните трикови на одложување да започне одново
Сега се чини одамна беше кога тогаш постоечкото СЈО започна да ги објавува подготвените обвинителни акти за случаите „Титаник“, „Тортура“, „Тврдина“ „Транспортер“ … Во тое славни денови по оваа институција за откривање на злосторничките дела на власта на Груевски, специјалното јавно обвинителство (СЈО) на прес-конференција го објави петтиот случај, наречен – „ТНТ“. Овој предмет, како што кажаа од СЈО, меѓу другото, е за одредени политичари, кои злоупотребувајќи ја службената позиција, од одмазднички причини, во 2011 година го рушеле комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски, тогаш претседател на Партијата за европска иднина (ПЕИ). Овој случај е се уште актуелен и деновиве –откако СЈО ја нема а дел од покрупните случаи ги презеде Обвинителството за организиран криминал.
Како што тогаш, на стартот рече обвинителката Фатиме Фетаи, криминалните активности се координирани во спрега од централната кон локалната власт, а согласно со желбите на нарачателот, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Но, како што рече Фетаи, иако биле направени низа неправилности и разни незаконски документи за да тече целата постапка, а со поддршка на највисокото раководство на државата навидум сето било покриено, сепак, „не постои совршен злостор“.
Имено, според дотогашната истражна постапка на СЈО, во Скопје во 2011 тогашниот премиер и министерот за транспорт и врски ваквата нарачка ја спроведувале со цел да му се одмаздат на Цаноски за неговата политичка одлука да ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и да коалицира со опозициската СДСМ.
„Во целиот случај има повеќе злоупотреби на службената положба, меѓу кои и на градоначалникот на Гази Баба, на кој од врвот на ВМРО-ДПМНЕ му било побарано незаконски да го сруши објектот ’Космос’“, рече Фетаи.
За ова во Гази Баба била ангажирана и градежна инспекторка, која во населбата Керамидница направила незаконско мерење на максимална височина на нулта-градбата. Потоа составила записник, а направено е и нерегуларно решение со кое се наредува отстранување на објектот, дека наводно се градел незаконски.
Според СЈО, вештачењето на Архитектонскиот факултет покажало дека ваквите одлуки се нерегуларни. На 5 август 2011 првоосомничената добила и стручно мислење дека овие записници и решение што ги донела се незаконски, сепак, таа го игнорирала тоа и продолжила со процесот за уривањето на објектот.
Но, вели Фетаи, динамиката не одела по планот на премиерот и министерот, па тие го поттикнале рушењето на објектот на Цаноски со експлозив. Во целата постапка, тврди, имало и незаконитости при вршење јавни набавки во сума од скоро 3 милиони денари, кои биле на штета на буџетот на општината Гази Баба.
„Фирмата ’3М – изградба’ немала лиценца за уривање со експлозивни направи. Па, 3-то и 4-тоосомничениот во предметот овозможиле незаконски да се спроведе јавната набавка. Односно, иако понудата на ’3М’ не ги содржела потребните услови согласно со набавката, сепак, бил подготвен извештај со невистинита содржина дека понудата е целосна, со непропишан образец. Па, на 12 август 2011 година градоначалникот на Гази Баба склучил договор од 2990.360 денари со ’3М’ за рушење на објектот“, рече тогаш Фетаи, дополнувајќи дека освен со тоа што ѝ се прави имотна штета на општината, притоа му е направена и штета на инвеститорот од 14,8 милиони евра. Тој, пак, како вкупна отштета бара 58,8 милиони евра.
Осомничени во „ТНТ“ се четири лица за кои од судот беа побарани соодветни мерки за обезбедување нивно присуство во постапката. Три лица во случајот (бившиот премиер, бившиот министер за транспорт и врски и градоначалникот на Гази Баба) беа опфатени со колективното помилување од претседателот Ѓорге Иванов.
Инаку, претходно Фетаи упати и порака од СЈО – за сите оние што ја подриваат нивната работа и на различни начини се закануваат кон нив, нивните семејства, пријатели… дека тие „се лица на кои правдата не им е интерес и на кукавички начин се обидуваат да се спасат и да избегнат одговорност“.
„Правдата ќе го стигне секој. Сите граѓани се еднакви пред законот. Ви ветуваме дека несебично ќе се бориме за правда. Правдата е врвен интерес на Македонија“, рече тогаш оптимистички Фетаи.
По 2011 година, случајот на Космос беше повторно актуализиран со објавувањето на една од т.н. бомби од страна на тогашната опозицијата.
Но, многу вода протече по реката Вардар за да се докаже она – нема совршен злостор, со пресуда, да се разбереме.
За потсетување во декември 2019 година се испречи нова пречка за завршување на судскиот процес „ТНТ“ – третообвинетиот Тони Трајковски, ексградоначалник на Гази Баба, наводно ноќеска бил претепан од непознати лица. И не можелм да дојде во судот! Во меѓувреме првообвинетиот груевски побегна во Унгарија. Судијата Огнен Ставрев рече деке стапил во контакт со надлежниот лекар во Ургентниот центар, кој им објаснил оти Трајковски е во добра општа состојба.
По овој алиби – трик , предметот „ТНТ“, започнува на 17 јануари 2020 отпочеток, место во тој миг да има пресуда. Ваквата ситуација настана по блокадите што на самиот крај на овој двегодишен судски процес, успешно ги изведоа обвинетите и нивните адвокати, сè по закон. Имено,
две поротнички во овој судечки совет во Кривичниот суд полнеа 60 години и со тоа им престанувапше мандатот, па адвокатите успеаја да го оспорат финишот.Имаше и барањето на Мерџан Даути, адвокат на обвинетата Елисавета Најдовска, кој инсистираше да му биде преведен на албански јазик целиот предмет, од Кривичниот суд велеа дека има една и единствена цел, а тоа е да се избегне вршење на опструкција во работата на судските предмети, кои се во завршна фаза и оневозможување да се одолговлечат судските постапки, во смисла на повторување или застарување на истите.
Во меѓувреме обвинетиот и наводно натепан Тони Трајковски, донесе ново боледување. Овојпат неговиот здравствен проблем не е од физичка природа откако опретходно бил натепан, туку од психичка природа. Извештајот е од Психијатрија, од докторката Викторија Вујовиќ.
Во декември 2020 година судењето по овој предмет започна одново. Адвокатот Даути очевидно се претвори во актер кога веќе нема друго правно средство за одбрана на клиентката.(„струучњакот“ која го потпиша записникот со кој се дозволи рушење на Космос) – судењето одново започна една година подоцна, во декември 2020 година а споменатиот бранител стана среде судење и замина од судни9цата! Доби казна од 4.00 евра ама успеа во намерата – одложување, одложување, одложување…
И да не ве нервирам. Неодамна имаше едно рочиште за ТНТ ама за него немаме ништо подробно. Бил сослушан само еден вештак. Првообвинетиот Миле јанакиевски е речиси секој ден во Кривичен суд, откако и тој почна да ја користи короната како изговор за неприсуство на некои од тие судења а еднаш се лизна и од банана!