Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СМЕШНИ СЕ НАПАДИТЕ ВРЗ АМБАСАДОРОТ БЕЈЛИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ

November 13, 2018 Filed Under: Македонија

Амбасадорот Бејли е мета на постојани напади во информатичкиот свет во Македонија дека е вклучен во разни случаи на креирање влијание. Но, тој само си ја врши работата, а тоа е ги претставува САД во Македонија. Нема докази дека вклучен во ширење разни влијанија. Тоа е смешно – врлат во Атланскиот совет

ЗАМИНУВАЊЕ Амбасадорот Бејли беше на служба во земјава во драматични години

Првиот човек на дигиталниот сектор на Атлантскиот совет во Вашингтон направи пресек на медиумскиот простор во Македонија, и информирањето по референдумот и во време на парламентарната дебата за уставните измени.

Медиумскиот пазар во Македонија е особено фрагментиран. Со оглед на услугите и платформите каде се консумираат вести, релативно евтините он-лајн интернет – страници се норма, а не исклучок. Меѓу социјалните медиуми предничи Фејсбукс како извор на информирање, наведува Директорот на истражувачката дигитална лабораторија на Атлантскиот совет, Греам Бруки во разговор за Гласот на Америка.

Првиот човек на дигиталниот сектор на Атлантскиот совет во Вашингтон направи пресек на медиумскиот простор во Македонија, и информирањето по референдумот и во време на парламентарната дебата за уставните измени.

Истражувањето се однесува како граѓаните ги консумираат вестите, особено денес.

„Во Македонија, конкретно, поголемиот дел од информациите се` уште се консумираат преку телевизиски вести во утринските емисии и во вечерните вести. Така се информира поголемо мнозинство во Македонија на дневна основа“, изјави аналитичарот.

Он-лајн медиумскиот пазар се` уште не е консолидиран, зашто нема меинстрим медиуми за вести, а тоа е последица од времето на поранешната влада на премиерот Груевски што се одрази врз слободата на медиумите, вели Бруки.

„Најголема платформа за социјалните медиуми во Македонија е Фејсбук, додека Твитер и Инстаграм не се толку значајни во информирањето“, вели Греам.

САД и ЕУ од една страна, и Русија од друга, за време на драматичниот период околу усвојување на уставните измени во Парламентот, согласно Договорот од Преспа, се прилично јасни со јавните дипломатии, вели аналитичарот од Атлантскиот совет, но наративот е различен.

„На пример, амбасадорот Бејли е мета на постојани напади во информатичкиот свет во Македонија дека е вклучен во разни случаи на креирање влијание. Но, тој само си ја врши работата, а тоа е ги претставува САД во Македонија. Нема докази дека вклучен во ширење разни влијанија. Тоа е смешно“, коментира Греам.

За растечкото руското влијание на социјалните медиуми во време на конечно, парламентарното изјаснување за уставните промени во Македонија, тој вели: „Интересно прашање, зашто не забележавме одржлив степен на ангажираност, како што традиционално ги нарекуваме активности на тролови во македонски медиумски простор. Но, не значи дека ги нема во Македонија“.

ВО ДВИЖЕЊЕ Белји не беше статичен амбасадор – пристгнува на еден состанок на групата од Пржино

Овој осврт врз нападите врз Бејли се актуелни бидејќи деновиве имаме вест за заминување на актуелниот амбасадор Бејли со негова колешка, која до сега службуваше во Атина. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека има намера да ја номинира Кејт Мери Брнс за идна амбасадорка во Македонија.

Таа е дипломатка од кариера во Стејт департментот, а во моментов на функција заменик шеф на мисијата во амбасадата на САД во Грција.

Таа е дипломат од кариера во Стејт департментот. Во моментов ја извршува функцијата заменик шеф на мисијата во амбасадата на САД во Грција.

За неа се вели дека претходно била втор човек на мисијата и заменик – постојан претставник во мисијата на САД во седиштето на ОБСЕ во Виена. Во својата дипломатска кариера работела во американската амбасада во Мадрид, Шпанија, и била на дипломатски задачи во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел. Брнс зборува шпански, унгарски и турски јазик.

КЕЈТ МЕРИ БРНС Новаа амбасадорка на САД доаѓа од Атина – го знае суштинскиот проблем во регионот

Информацијата за нејзиното номинирање е објавена на официјалната страница на Белата куќа.

Актуелниот американски амбасадор во Македонија Џес Бејли исто така ја сподели информацијата на својот профил на социјалната мрежа Твитер (https://twitter.com/AmbBaily).

Бејли беше потврден како амбасадор на САД во Македонија од Сенатот во декември 2014 година.

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet