Простувањето како процес во судските аули е многу поширок од поставената прагматична цел за помагање на влезот во НАТО и ЕУ. Затоа таа поставка со своите димензии го дува над мерката балонот на простувањето. Инаку Иванов би бил во право со своите споредби. Да бидеме искрени другата стана, на која и е простено, тешко дека ќе им врати со должно внимание на иницијалните простувачи а уште помалку изгледа дека ќе даде инерција на договарањето со Грците
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Уште кога се пласираше идејата за простувањето се постави прашањето на нејзината форма. Беше јасно дека таа за опозицијата, односно еден нејзин кооперативен дел, мора да има правна разрешница. Во мигот сепак не е јасно дали таквото помирување, се разбира, на сметка на правната држава, ќе има целосен ефект – дали ќе донесе долгорочност во соработката на позицијата и опозицијата за да се протуркаат низа европски закони кои треба да не приближат на масата на евентуалните преговори и секако да одгонетнат колку е големо камчето во чевелот на Заев кој го поставуваат двете мали албански партии со нивните четири гласови. Кои, се разбира, се битни, да не речеме, исто така пресудни како и оние на вмроовците.
Ако веќе е апсолвирана тезата дека до салонот на НАТО и претсобјето на ЕУ треба да се стигне со жртви, јасно е дека таа.најнапред е постиогната со „жртвуувањето“ на „повеќемилениумското име“. Зошто и се јввија тие раговрени страсти ако веќе јуришаме кон една одредена цел која ја сметаме за неспоредливо побитна за иднината на земјата од рудиментираното толкување на „светото име“? Таа тема секако не е уште апсолвирана во делот на јавноста, ама ние стигнавме, сакале или не, до вториот рок, за кој знаевме дека исто така некако ќе требаше да се освои како поминување низ неоријателски ров, ако се сака да се стигне до точката за која говоревме. И тој отпор беше совладан, со кнап 80 гласови, иако тогаш кај најголем дел на јавноста за цената шо ј дале новопридојдените о обезбедување на потребната бројка или не се знаеше, или се одмолчуваше, ама се претпоставуваше дека постоела и дека е веројатно ветена за исплата односно веќе е платена, што беше помалку веројатно.
Оние кои подигнаа рака во Собранието за почнување на процесот на усвојување на измените на Уставот, преку амандмани, го тргаа фереџото на тајната многу брзо и ги разбија илузиите дека го сватиле, туку-така преку ноќ, значењето од влезот на зејмјава подлабоко во евроинтеграциите. Тие на тоа гледаат многу прагматично – ним, на осморката, да им се даде олеснување или ослободување од правната јамка а за возват тие ќе ја подигнат раката. Во таа смисла Заев може да смета дека епизодата на изгласување на уставните измени, на крајот ќе биде запечатена како експрес писмо на адреса на Ципрас.
Простувањето како процес во судските аули е сепак многу поширок од поставената прагматична цел за помагање на влезот во НАТО и ЕУ. Затоа таа поставка со своите димензии го дува над мерката балонот на простувањето. Инаку, претсдателот Иванов би бил во право со своите споредби изнесени на проштелното обраќање во Парламентот. Она, „по што се разликува моето од вашето простување…“. Но, веднаш да бидеме на чисто и искрени другата стана, на која и е простено, тешко дека ќе им врати со должно внимание на иницијлните простувачи а уште помалку изгледа дека ќе даде инерција на договарањето со Грците
Да појасниме. Тоа што простувањето доби многу пошироки димензии од претпоставените икај најдобронамерните кон тој процес, требаше да значи дека целата опозициона клупа во Парламентот ќе влезе во фаза на пишманење во однос на „ставот кон промена на името“ а тоа е секако примарната цел на помирувањето на страстите во претставничкиот дом и пошшироко, во земјата. Од лицата на амнестираните како и од нивните изјави не може да се види дека ништо друго освен цинично потсмевање на сметка на „ослободителите“.
Заев евенетуално може да смета само на уште еден најавен глас, оној на пратеникот од Кавадарци на своја сметка. И се чини толку од хазардот со простувањето.
Згора, прмиерот во исто време против себе го има непријателството на двете мали албански шпартии – еден од делот на БЕСА на Касами а вториот, на Алијансата на Албанците, кои заедно имаат четири гласови. Без нив на броилото во Парламентот ќе стои – 77 гласови „за“. Опстојување на полтичкиот инает кај споменатите, засега како да одолева и на надворешниот притисок, што веројатно постоел, додека домашните убедувања одамна наидуваат на ѕидот на комплетната политичка себичност: ајде сега и ние да го искористиме моментот и да ја уценуваме Владата кон која сме и така и така опозиција, како да размислуваат овие опоненти на Преспанскиот договор!
Барем во јавноста на овој нивен ултиматум, кој значи оспорување на кон најмалку еден од прифатените амандмани (во гласањето со просто мнозиинство) има и логика. Како што еднаш истакна Беса Арифи, нивното инсистирање на едно нерационално третирање на односите меѓу етникумите во ЕУ сигурно нема да биде толерирано, што значи дека за таа нивната етнофилозофија сега е последниот момент да се истуркаат со политичката реалност. После тоа, евидентно, вмешувањето на странците, ега со поголемо право и со диктирање на моделите за однесувања во транснационалните релации ќе ги изолираат комплетно идеите на Зијадин Села, неговиот сопартиец Сулија Рашити, како и од нивни колеги од БЕСА – Фадил Зендели и Теута Билали.
„За мене е неприфатливо државниот карактер да биде моноетнички, да биде етнички македонски, за што и актуелната Влада е ангажирана околу Преамбулата. Што се однесува на прашањето за државјанството, тоа се поврзува со карактерот на државата. Тука е и дијаспората. И тука е вмешана македонската страна. Се става акцент на македонскиот народ, а сите ние другите сме етнички заедници”, рече Фадил Зендели, пратеник на движењето Беса.
Од Алијансата за Албанците најавуваат амандмани на трите предлог-амандмани на Владата.
„Нашата цел е да се елиминира тоа редење на етничките заедници со што се издвојува македонскиот народ од другите. Значи, тенденцијата е да се направи редење без категоризација на граѓаните на Македонија”, изјави Сурија Рашиди, пратеник на Алијанса за Албанците.
Бeса на Касами и Алијансата на Албанците имаат четворица пратеници.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие остануваат на истиот став во однос на уставните измени и дека нема да учествуваат во расправа која значи промена на уставното име и прифаќање на условите од Договорот од Преспа. За ВМРО-ДПМНЕ во целата постапка за промените на Уставот недостасува инклузивност и се кршат законските процедури.
За да поминат уставните измени потребно е 2/3 мнозинство од пратениците. Од владеачката коалиција велат дека во однос на обезбедување на ова мнозинство нема да има проблем.
Пратениците последната шанса за поднесување на уставни амандмани ја имаат осум дена пред почетокот на пленарната седница закажана за 9 јануари 2019 годоина.
Тоа растојание до неповолното гласање станува наеднаш кусо време за спас на земјата, бидејќи, во мигот ние имаме многу чуден и застрашувачки скор: ем се даде широка амнестија, ем се спасија лица кои се виновни колку што се тешки за обидот за пуч од 27 април, ем вредноста на власта на Заев стана девалвирана во голема мерка кај приврзениците на СДСМ, па сепак, на другата страна на терезијата, Договорот е пред можно пропаѓање! Нема знаци дека некој ќе ја допре сопирачката!! Дури и странците, кои секако имаат свои коридори на влијание, едноставно се препуштени, како пред седум години, во декември 2012 година, на заборавноста на божиќното гоштевање таму на Западот. Во некоја рака како и писмото на американскиот амбасадор Бејли деновиве само да ја рашири повеќе од потребното вратата на милоста на судиите и обвинителите за тајфата на експремиерот Груевски во земјава. Дали заради свои проблеми кај властите во Вашингтон или како поттикнување на некоја „ва банк“ игра кај претставниците на правната држава, тоа писмо дава сила на опортунистите на Преспанскиот договор. Да не говориме за златното славејче на правдољубивоста и првната држава кај голем дел од невладиниот сектор кој од дрвото на својата принципиелност не успева да го види големиот пожар во шумата.
Како и што почна, оваа година и завршува – со голема неизвесност и тревожност.