Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СМРТНОСТА ВО ЗЕМЈАВА НАМАЛЕНА ЗА 30 ОТСТО

July 7, 2020 Filed Under: Македонија

Се случува необичен фениомен – имаме мнопгу помалку починати во првото полугодие од она што било лани во тоа доба. Минатата година од јануари до јуни починале 9.249, а оваа година до јуни починале 6.510

ПОМАЛКУ ПОГРЕБИ Македонија има повеќе погреби од раѓања ама сега се случува необичен феномен

Неколку учени луѓе, кои постојано ги следат статистиките, делумно и заради својата професија ми обрнаа внимание годинава на фактот дека смртноста во земјава е пониска отколку пред појавата на короната! Па не би лажеш ако кон тоа тврдење имав скепса. Но, статистиката што офивцијално беше потврдена деновиве го потврдува овој тренд. Дали тоа природата има свои форми на „пребивање“, па големата смртност од некоја болест, каква што е оваа од пандемичниот вирус, се надоместува од намалената смртност од другите болести.

Јуни останува како црн месец според бројката на починати од Ковид 19. До денешниот последен ден од овој месец во јуни починале 165 луѓе од опасниот вирус.

Во март, април и мај починале 134 луѓе во март 10, април 68 и мај 56. Според докторите причини за оваа бројка е зголемениот број на болни не пријавувањето на време на контактите и доцното пријавување на инфекцијата.

Македонија во регионот станува лидер на починати во однос на родени не само со починати од Ковид 19.

Според Заводот за статистика минатата година во земјава имало повеќе починати отколку родени. 20.446 починале, 10 илјади од починатите биле од кардиоваскуларни заболувања. 19.845 е бројката на новородени во 2019 година.

Минатата година од јануари до јуни починале 9.249, а оваа година до јуни починале 6.510 што е скоро за 30 проценти помалку. По месеци минатата година и оваа година најмногу починале во јануари. 2 027 минатиот јануари и 1355 овој јануари.

Според бројките на статистика 12.831 од починатите биле од градовите. Според Заводот за статистика најцрна година била 2015 година кога починаа 20 461 граѓанин.

 

 

Filed Under: Македонија

БУЈАР МУЧА: ПОЧНА СО ШИЛЕГОВ, ЗАВРШИ СО ЉУТКОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (144): ЕКОНОМИЈАТА ВО ЗЕМЈАТА ОДИ НАДОЛУ, НАРОДОТ СЕ УШТЕ НЕ ГО ЧУВСТВУВА ТОА
БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА
ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ

Најново

  • БУЈАР МУЧА: ПОЧНА СО ШИЛЕГОВ, ЗАВРШИ СО ЉУТКОВ
  • ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (144): ЕКОНОМИЈАТА ВО ЗЕМЈАТА ОДИ НАДОЛУ, НАРОДОТ СЕ УШТЕ НЕ ГО ЧУВСТВУВА ТОА
  • БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet