Кога судија, значаен заради обелоденување на пораката за „истресување од гаќи“ – што му ја испрати неговата колешка Вилма Рускоска – одвај дочекал да се раздени и да дигне паника во судската област, треба ли да заклучиме дека нему после 33 години практика некој за прв пат му се заканува или му замерува заради некаква одлука или пресуда? Зошто тогаш толку се говори за ветингот во правосудството и оценките за корумпираноста се подолго време залепени за „третата власт“
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Избегани правосилно осудени лица или важни сведоци во странство, неодење на правосилно осудени лица во затвор, вадење на сите ВИП личности од притворот, белким да не фатат вошки, давање дури и пасоши на некои опасни фаци од нив, носење на крајно проблематични пресуди, постоењето на Уставен суд кој не се држи до својот атар… Има уште многу вакви ситуации кои доведоа одново да се говори за ветингот во правосудството. Една од таквите ситуации на бурни реакции во јавноста доведе до тоа шефицата на делот од ЈО, што се бави со борба против организираниот криминал- Вилма Рускоска да му го испрати веќе фамозниот смс на колегата од другата страна на судницата, кого го сметала секако за доверлив и близок делител на правдата – „ако ја пуштивте Катица, сите ќе ве истресат од гаќи…“, заканувајќи се со финансиски контроли, што имплицира дека постои своевидна корупција.
ШТО ВЕЛИ ПРИБЕ Во рамките на дискусијата за ветингот, која стана омилена тема на тв водителите, привлече внимание мислењето на асистентот по уставно право на Правниот факултет при УКИМ Денис Прешова, кој во емисијата „360 степени“ подвлече дека странскиот опсервер на нашите реформи Прибе лошо го оценил македонското правосудство, но тврдел дека тоа не се должи на фактот дека мнозинството судии се корумпирани или се под влијание на власта; оние кои го заробиле судството држеле еден помал простор, дел од скопските судови и тоа пред се нивните претседатели, клучните позиции во нив. Асистентот Прешова мисли дека главен проблем со нашето судство е пристрасноста или зависноста на судиите, што е видливо од „бомбите“: влијание врз судството се остварува преку „патронажни канали“. Во „бомбите“ се потврдува дека постојат клиентелистички врски меѓу одредени судии и одредени центри на моќ.
Колегите новинари, по судирот меѓу обвинителие, кои ја бранеа нивната колешка Вилма Русковска и судиите кои застанаа во одбрана на Јани Муча и нговите двајца колеги, веднаш посегнаа по имотните листови на трите судии кои одлучија да ја пуштат Катица Јанева од привор и да ја чека расправата за предметот „Рекет“. Можеби таму ќе најдат некакво богатство кое може да имплицира богатење? Други пак побараа да откријат каде лежат релациите меѓу Рускоска и Јани Нича, дали меѓу нив има некаква „зла крв“ стекната во нивната кариера. И во двата случаи нема трага која може да има очекувани импликации.
ИЗБОР НА СУДИИ ПРЕД ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Сепак, се чини дека за да се добие големата слика за спорната одлука – ПУШТАЊЕТО НА Јанева да се брани од домашен притвор, колегите треба да се вратат чекор поназад, во септември 2016 година, пред парламентарните избори, кога се бирани судиите за пет места во Апелација во Скопје.
На конкурсот се јавиле 68 кандидати за слободни места во тој суд. Се работи за тоа дека тогаш, непосредно пред ситуацијата да доведе до промена на извршната и законодавната власт во земјата, коалицијата која беше на заминување, веројатно внимавала, секако, какво ќе биде распоредување на силите во областа во која таа неприкосновено царуваше!
На конкурсот што го споменавме големиот бројна кндидати беа пријавени за 5 слободни места во Апелациониот суд во Скопје. Од потребните области, двајца судии се за граѓанската област, еден судија за кривичната област и по еден судија за трговската област и за областа работни односи.
За кривичар е избран Јани Нича, судија во Основниот суд Скопје 1, кој тогаш имал работно искуство од 30 години и во тој момент работел во Одделението за организиран криминал. Во граѓанската област беа избрани судиите Ѓорги Радојков, кој од 1996 година работи како судија во Основниот суд Скопје 2 и има најголем број бодови. Санде Зиков е избран за судија во областа работни односи, додека Наташа Савова-Димитрова за трговската област.
Најнапред беше чудно дека судии се бираат непосредно пред парламентарни избори, кога извршната власт опстојува спорд пржинскиот модел а Параментот е практично во аут. Потоа беше чудно што се огласија помалку слободни места отколку што објективно ги имаше и што би одговарало на обемот на работа. Караџовски тогаш призна јавно дека процедурата за избор е сложена и дека повторно недостасуваат судии во повеќе судови.
Јани Нича, кој денес би требало да има 33 години искуство стана дел од кривичниот оддел на Апелација во услови на намален број кадри и со голема можност да биде дел од повеќето одлуки на второ ниво, па и оние по жалба за притвор. Некој што ја гради стратегијата на моќта и притисоците секако повеќе сака да биде стеснет тој број на одлучувачи врз кои би вршеле обиди за влијание отколку тој притисок да биде разводнет!
Овој избор за кој пишуваме беше пред 4 години а како што пишува колегата Љубиша Арсиќ на порталот Нова „три години не се избрани нови судии и обвинители, ВМРО ДПМНЕ лесно владее со правосудството“.
Арсиќ само ја повторува ноторната вистина дека „кога одредена власт сака да владее со судството, односно да има контрола врз предмети и судски процеси, по правило избира свои судии, обвинители и претседатели на судови или шефови на обвинителства. Преку нив ја контролира судската и обвинителската администрација, односно постојано индиректно може да има увид во некои предмети.
За владеењето на ВМРО ДПМНЕ беше карактеристично што постојано избираа нови судии и обвинители, а проверените правосудни кадри ги унапредуваа на повисоки позиции. Од денешна дистанца, ако се погледне профилот на овој кадар, партијата на Никола Груевски во тоа време, точно знаела кого на која позиција избира, колку може да му верува и да им служи на партиските интереси, и како и во иднина, при евентуална смена на власта, тој поединец ќе биде на страната на ВМРО ДПМНЕ. Впрочем како што е денес во пракса“ – пишува Арсиќ. Судиите успејаа во намерата сите истакнати ВМРО-вци да излезат од притвор. Настрана што беа интензивно одбивани барањата за притвор кои ги даваа обвинителите од СЈО а потоа кога некои влегуваа истите да се ослободуваат по различни поводи. Обвинителката Вилма Русковска на ова гледала токму од тој аспект. Особено, што после две и пол години од реалната промена на власт, после сознанието дека странците ги притиснале новите власти да не чепкаат во правосудството, едноставно оние кои се дел од овој сегмент „дишат со полни гради“.
И тактиката на главната опозициона партија се спроведува. Најнапред се успеа во тоа освен министерот Миле Јанакиевски, нема ниту еден во притвор за големите криминално- коруптивни скандали, ниту од големите фаци како Сашо Мијалков, Орце Камчев, ниту поранешни министри, пратеници, владини високи функционери… Од друга страна, како во случајот со дадилката која го тепала довереното бебе, веднаш и се одредува притвор во траење од 30 дена, иако не е јасно дали таа ќе влијае на сведоците, може ли да побегне или на било кој начин да ја спрели пресудата која се чини веќе и е зготвена. Да се знае дека во оваа земја има правда!
Но, да се вратиме на актуелностите. Сега, по успехот со операцијата Притвор, кој ја мина и последната штих-проба, онаа со Јанева, се пристапува по планот „Б“ – да се одолговлекуваат предметите во недоглед, да се дочека промената во власта кога судиите би биле уште поподатливи. Гледаме дека и оваа точка на распоредот полека се реализира – голем број предмети или уште не се започнати со судење, а оние што сепак стратуваа наидуваат на потешкотии па цело време се одложуваат. Слободното толкување би било дека полека, но сигурно, вмровската агенда преку судиите се исполнува.
Да не заборавиме дека во оние 11 години кога владееше последната вмроовска гарнитура се примени на работа или преместени меѓу 400 или 500 судии и околу 200 обвинители. Тоа се многу луѓе, вистински кадровски ревир со кој прехоната власт се чувствува многу комотна! И да е секој десетти под политичко влијание излегува дека ВМРО ДПМНЕ може да пополлни еден голем шатор на судии и обвинители кои ги држи во своите канџи.
Во тек е и планот „В“ – надлежните институции задолжени за избор на кадри во правосудството а тоа да нема промена или освежување во редот на судиите. Надлежните велат дека чекаат нови генерации од Академијата за судии и јавни обвинители, додека со истото се соочува и Советот на обвинители, но дополнително таму немаат ниту пари за нови вработувања.
Но отпорот кон законските основи за промени во правосуството се веќе подолго време во длабокиот замрзнувач на партијата. Чекор кон промените е и новиот Закон за Јавно обвинителство, кој стана пречка за договор помеѓу власта и опозицијата, па и за укори од надвор. На овие вторите укажуваа од страна на црвен-црните, небаре тие се исклучени од опасната ситуација. Напротив тие ја сносат клучлната вина за блокадите и по ова прашање и во земјата по други прашања.