Нема сомнение дека Парламентот имаше катастеофална ефикасност во годините зад нас, пред се заради бојкотот на ВМРО ДПМНЕ. П асега остана како во онаа поговорка „да ги стриже овците со борина“, кога не била искористена дневната светлина. А работа секако остана доста, што мора да се реши по можност и со овој состав
Дали амбасадрката Аглер го дополни дневниот ред на наредната седница на Парламентот? Владата на крајот на мината недела соопшти дека Предлог-законот за рестриктивни мерки е повлечен од собраниска процедура поради административни причини и дека се очекува да се најде на дневен ред на следната владина седница. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе со став дека „ова е обид да за заштитат функционерите од Владата на СДСМ и ДУИ кои треба да бидат казнети“.
„Што им објаснија ДУИ на стратешките партнери за законот за црните листи? Дали можеби се смета дека ова не е европски закон?“, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на прес-конференција
Предлог-измените на законот за рестриктивни мерки беа едни од последните одобрени од претходната влада предводена од Димитар Ковачевски на седница на 16 јануари, а потоа беа испратени во Собранието.
Измените предвидуваат македонските државјани и фирми кои ќе завршат на црните листи на САД и Обединетото Кралство поради корупција и злоупотреба на службената положба, да почувствуваат санкции и од домашните власти. Нив на брифинг со новинарите ги презентираше министерот за надворешни работи Бујар Османи на 11 јануари.
Тие предвидуваа оние што ќе се најдат на американски или британски црни листи, да може да бидат санкционирани и од Владата на Северна Македонија. Со измените се планира и да се наметне обврска на обвинителството да отвори предмет доколку Владата воведе рестрикции за некој што ќе биде санкциониран од САД и Велика Британија. Исто така, во случај предметот во обвинителството да дојде до фаза на покренување обвинение, се предвидува и времено отстранување од функција, доколку станува збор за функционер или, пак, забрана за учество во јавни набавки ако е во прашање фирма.
Посетата на американската амбасадорка Агелер на техничкиот премиер без сомнение била и во финкција на интерес што е со споменатиот закон. Уште повеќе што на министерот за правда Лога (АА) очевидно истиот не му беше многу „близок“ па може да се протолкува и како договорен маневар да се спречи оневозможување на одредени лица да се најдат во изборните листи на партиите?! Или барем така се чинеше, уште повеќе што до изборите се можни нови кандидати за ставање на тие црни листи! Факт е секако дека на тие листи засега има доволно поединци пред се од редовите на ВМРО ДПМНЕ, практично на нивните најкрупни фихури, кои ако ништо друго секако се и ќе бидат најголеми финансиери на што Митева требала да смета кога излегла на говорницата? Па списокот е нели јавен? Не ги согледува имињаста? Покрај нив секако има и претставници на други групи (интересовни како што е Анѓушев, но тој не бил член на СДСМ туку е претставник на Комората во неа и кон него очевидно стрелата беше истрелана! Има и претставници на ДУИ како што е струшкиот градоначалник Мерко, за кого Судскиот совет на пример, таков каков што е експресно најде дека „чист“ од аспект на нивниот интерес…
Собранието барем засега покажува намера да не престанува со работа. Покрај споменатиот закон на дневен ред ќе се најдат и други прашања.. Парламентот ќќ одржи уште неколку седници до распишувањето на изборите и неговото распуштање. Уште е неизвесно дали ќе бидат усвоени измените на Изборниот законик. Овој пратенички состав ќе го инаугурира и новиот претседател на државата доколку нема жалби за изборниот резултат.
Собранието продолжува со работа и ќе одржува седници до моментот кога новиот собраниски спикер Јован Митрески од СДСМ ќе стави потпис за распишување на двојните избори, претседателски и парламентарни, кои по подолго време ќе се одржат во редовен термин. Пленарна седница, пак, е закажана за 7 февруари исто така со низа закони на дневен ред кој дотогаш може да биде и дополнети со други точки.
„Во зависност од динамиката која ќе доаѓа од Владата и од пратениците, планот е да имаме уште три до четири седници. Принципиелно како досега, со оглед дека во Уставот пишува – Собранието е во постојано заседавање, ние ќе работиме до 4 април кога ќе почне изборната кампања. Нема да работиме во изборниот процес според досегашната пракса, за да не се злоупотребува говорницата до конституирањето на новиот парламент“, вели за Радио Слободна Европа потпретседателот на Собранието Горан Мисовски од НСДП.
На дневен ред би требало да се најде и изборот на државен јавен обвинител. Неодамна само тој го помина филтерот на Советот на јавните обвинители, односно доби позитивно мислење, а трката запре за обвинителките Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ. Сега на потег е Владата, односно таа треба да реши дали Коцевски ќе го предложи за реублички, по што изборот би се преселил во Собранието.
Кандидатот Коцевски е познат меѓу своите колеги, но неговото име е непознато за пошироката јавност. Се знае само дека обвинителот е со долгогодишна кариера и е веќе пред пензија (!). Тој во адвакатурата бил 16 години, а во 2008 година бил избран за виш јавен обвинител во Гостивар. Пред повеќе од две години е унапреден и станува еден од десетмината обвинители во републичкото
,,Коректен и стабилен. Има добри познавања од правото”. Вака дел од колегите го опишуваат Љупчо Коцевски, единствениот кандидат кој остана во трката за наследник на Љубомир Јовески, односно за нов републички јавен обвинител.
(р.г.)