Премиерот Заев за излез од кризата, под притисок на надворешниот фактор и блокираноста во ВМРО ДПМНЕ со стеањето од оската Груевски – Мијалков, понуди план Б. Тој побара сензационално помирување пред влегување во ЕУ и НАТО. Засега, се чини, го разбуди само интересот на Груевски, кој лиќно дојде во Собранието. Тој се инетересираше за амнестијата. И тоа својата а не на „ситната боранија“
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Во Собранието во понеделникот рано попладне заврши расправата за уставните амандмани за тој ден и седницата ќе продолжи во следните денови. Има повеќе пријавени говорници и секако тоа бара доволно време. Собраните пензионери – протестанти, со кеси за на пазар во рацете, околу 30-тина, како „претставници“ на наводните 1,2 милиони незадоволни од Преспанскиот договор, си заминаа дома, откако хаосот кој го направија со својата дробност во едне голем град мавистина постојано изнудува дилема – како 30 луѓе ѓе малтретираат 600 илјаден град?
СЛУШНАТО ЛИ Е? Не е познато дали до старците во паркот дојде предлогот на премиерот Зоран Заев соо кој тој се обиде да го задржи вниманието на вмроовците во Парламентот. Некои изјави пред камерите на овие главно старци кои пречат ако останат дома, одеа во прилог на тоа дека „конечно ќе се помириме“, што значеше дека една од целите на овој предлог е постигнат. Имаше и исклучоци, особено кај оние подинци кои веќе го помирисале затворот.
На премиерот му беше јасно дека неговите политички противници и контрашите во однос на нашето заминување во ЕУ и НАТО се обидуваат да ги спасат неколкуте партиски главешини пред обвиненијата на СЈО и тој им фрли таква тема пред нив, за да го задржи нивното внимание. Бидејќи опозицијата, откако безуспешно се обиде на пленарната седница да го отфрли договорот од дневниот ред на седницата, најави напуштање на Парламентот. Во една драматична сцена, како од филмовите на Френк Капра („Џон Доу оди во Сенатот“) тој на примордијално ниво настапи пред нацијата со понуда за – национално помирување! Очекувано, тоа предизвика Груевски во судницата да побара да му се овозможи од обвинет да стане – пратеник, макар за момент и да дојде во Собранието, каде веројатно би се обидел да диригира со натамошниот тек на расправата.
Јасно, во јавноста тоа главно беше прифатено како обид да се купат гласови со идејата за амнестија. Зошто таков избор? Веќе споменавме дека од пратеничката група на опозицијата е главно заинтересирана само за амнестија и тоа можеби и за конкретни лица..
ПРЕЗУМПИЦСКИ ГОВОР НА НИКОЛОВСКА Вистина е дека премиерот како збор не спомена амнестија за настаните на 27 април. И праеничката од СДСМ Николовска ден претходно, ако се сеќаваме, одржа говор во кој децидно рече дека нејзината партија цврсто стои зад идеалите на правната држава. Тоа како да беше презумпциски говор. Ако и н е точен, тоа не го кажал Заев, го кажала Николовска!
Заев изрече нешто што се говори, на пример на верскиот празник Прочка – тој повика на национално помирување меѓу пратениците, со цел на постигнување на стратешките интереси на државата, тврди за „Независен весник“ неименуван висок владин функционер.
– Премиерот, во своето обраќање пред парламентот, повика на национално помирување меѓу пратениците, а не на амнестија. Целта е да се заштитат интересите на државата и да се овозможи остварување на стратешките приоритети на државата, како што се членството во НАТО и во ЕУ, вели неименуваниот за овој извор.
Заев знаеше дека многумина негови гласачи и подржувачи, особено од невладиниот сектор веднаш ќе го стават „под нож“ и затоа истакна дека е подготвен да плати политичка цена, што беше протолкувано одново како негова понуда за амнестија за раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа замириса и како супремација на извршната над судската власт! Впрочем, таа слика не им е туѓа на Мицкоски или Груевски, кои работите ги решавале преку мобилните телефони.
Пратениците од ВМРО ДПМНЕ решија значи да останат, некои веќе говореа, главно мирно, јасно – неаргументирано, велејќи дека нема да гласаат за уставните измени. Беа говорници со низок тон, смирени и во таа смисла непрепознатливи, можеби и под притисок на историчноста на моментот. Така, останува чувството дека се подготвени можеби и за некаков коперникански пресврт, ако за тоа добијат кимка. Груевски не се пријави да говори, ама изјавил дека во еден миг посакал да се запише како говорник. Ова секако најнапред значи неговите да останат во клупите! Како замена Груевски пушти порака на својот интернет профил, малку подолг, ам не и интересен. Главно во стилот дека не е виновен и дека не му треба опрост, туку безусловн пуштање на слобода. Тој терк го следеа говорницитр и коментаторите на оваа партија. Како и да е не успеа да ја искористи свртеноста кон неговото присуство во Собранието.
РАШОМОНСКИ ТОЛКУВАЊА Свесни за дилемите во јавноста, од СДСМ го фрлија во оган својот пратеник Костадиновски. По форматот на избраниот и по местото на средба (пред партискиот штаб), за новинарите беше јасно дека некој ќе прочита само класично соопштение. Така и бидна – само неколку камери и новинари и текст кој само внесе забуна. Ако тоа не е амнестија, што ќе биде тој предлог? Истиот не сакаше да одговори на прашањето на потписникот околу тоа колку опортунисти има СДСМ во своите редови. Подоцна еден од осомничените по тој основ – проф. Ферид Мухиќ, изјави дека се премислилк и дека ќе гласа „за“ во однос на владиние предлози.
„Мицкоски и раководството да престанат да се интересираат за амнестии и да дадат одговор дали се за национално обединување или не? Дали се за НАТО и ЕУ или не?“ – тоа е рашомонското објаснување на ситуацијата на Бихаќка. „Македонија ќе победи во која било варијанта, но прашање е дали раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на страната на изолацијата или ќе избере просперитет за земјата.
асно е дека во недостаток на проекти и паметни работи, портпаролот на СДСМ има добиено насока да ме спомнува во секоја прес конференција и за се и сешто“ – рече Костадиновски, додека градот се потеше и мачеше да не ги вознемири оние 30 пензионери, барем додека снашките дома не го зготват ручекот на раат.
– Од инает и тврдоглавост ставате рампа кога ЕУ и НАТО ни се на прагот. Не сакам да верувам дека не сте свесни за важноста на Преспанскиот договор, и дека не знаете дека подобар договор од овој не може да има – кажа Стефоска дента кога сите поглеи неа завртени кон Пламентот. Таа им порача дека одговорност носат и кон нивните симпатизери и членови, на кои им ветувале дека се за членство во ЕУ и НАТО и на кои ќе треба да им објаснат зошто поради инатење со целиот свет им ја украле иднината.
– Важата партија со ширење страв и опструирање на Договорот работи во интерес на оние во Грција кои не можат да ја замислат ни буквата М во Македонија, а не македонски идентитет – рече Стефоска.
Договорот според Стефоска е чесен затоа што секој го добива своето и го заштитува тоа што го боли. Таа напомена дека пратениците од ВМРО ДПМНЕ во денешната расправа не понудиле алтернатива ако пропадне Договорот од Преспа.
Опозициската ВМРО ДПМНЕ пак смета дека помирување може да има само доколку престане како што велат „политикиот прогон“ на обвинетите за настаните од 27 април. Игор Јанушев, на прес конференција во име на партијата одговори на повикот на премиерот Зоран Заев кој повика на помирување на двете страни во Парламентот и нивно обединување за ЕУ и НАТО.
-Од самите почетоци ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека случајот 27-ми април е политички фабрикуван случај без докази, без аргументи и дека е наменет за политички притисоци. 50-тина луѓе со месеци се предмет на политички прогон со цел Заев да може да тргува со нивната слобода, а за возврат да бара поддршка за договорот со Грција за преименување на Република Македонија, рече Јанушев.
Според Јанушев „ова јасно покажува дека власта не само за 27-ми април, туку и за други случаи против луѓе од ВМРО-ДПМНЕ води политичка хајка само за да тргува за нивната слобода. Крајно неморално и крајно неетички“.
Тој побара Заев да им се извини на семејствата кои како што рече, се „под политички прогон, режиран токму од самиот Заев и власта“.
-Ова мора да престане и само така може да има помирување. Ослободете ги луѓето од политичкиот прогон и од притворот и овозможете правда за овие луѓе со гаранција на нивната презумција на невиност, рече Јанушев.
Ако може да се резимира – понеделникот покажа дека и двете страни побараат здив пред конечното гласање. Заев е задоволен што најде лепак за водење расправа а опозицијата ќе сака максимално да го експлоатира сопствениот бројчан адут.