Конгресот на локалните и регионални власти на ова тело ги рзгледуваше извештаите за локални избори и во земјава. Ниоза збелешки за изборите изведени во земјава!

Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа минатата недела ги разгледа извештаите за локалните избори во Естонија, Северна Македонија, Сан Марино и Косово.
Конгресот оцени дека локалните избори во Косово на 12 октомври 2025 година биле „мирни и конкурентни, со добро организирани процедури“, но додаде дека постои „потреба од зајакнување на независните институции. Делегацијата нагласи неколку области за подобрување поврзани со деполитизацијата на уставно независните институции, застапеноста на жените, младите и немнозинските заедници“, се вели во соопштението.
Во врска со локалните избори во Северна Македонија на 19 октомври 2025 година, Конгресот изјави дека тие биле „мирни и претежно уредни“, но посочи на проблемите со избирачкиот список и слабата примена на правилата за кампањата, како и на притисокот и заплашувањето на кандидатките.
„Конгресот ги повика северно македонските власти да не усвојуваат чести измени на Изборниот закон, итно да го ревидираат избирачкиот список и да го ажурираат системот за регистрација, да ги зајакнат прописите и надзорот врз активностите на кампањата и финансирањето на кампањата и да усвојат мерки за справување со дискриминацијата и вознемирувањето врз основа на пол“, се вели во соопштението.
Во својата препорака за локалните избори во Естонија, одржани на 19 октомври 2025 година, Конгресот оцени дека тие биле „конкурентни и добро организирани, со високо ниво на посветеност на локалната демократија“.
„Во препораката за локалните избори во Естонија, врз основа на извештајот на Јана Фишер и Џејмс Молони, Конгресот забележа дека изборите биле конкурентни, добро организирани и покажале високо ниво на посветеност на локалната демократија, како и дека изборниот систем им понудил широки можности на гласачите, почнувајќи од 16-годишна возраст“, се вели во соопштението.
Сепак, Конгресот оценил дека има недостатоци во финансирањето на кампањите и ризик од дезинформации поврзани со гласањето преку интернет.
„Во исто време, Конгресот истакна дека времето на уставните измени, усвоени во март 2025 година, влијаело на стабилноста на правната рамка, дека рамката за финансирање на кампањите била погрешна и дека гласањето преку интернет останало ранливо на дезинформации.“
Во извештајот за изборите од 23 ноември 2025 година во Сан Марино се оценува дека тие се одржале во „мирна атмосфера и со високо ниво на доверба“, но со ограничена конкуренција и слаба застапеност на жени, млади луѓе и лица со попреченост меѓу кандидатите.
Можеме да претпоставуваме колку длг ќе биде извештајот за изборите кои минатата недела се одржаа во Србија!




